Ambient on/off

Join the new world

 

[OЦМ] Активирање на ПИН КОД и начин за негово ресетирање ако сте го заборавиле

Day 1,189, 12:32 Published in Republic of Macedonia (FYROM) Republic of Macedonia (FYROM) by Ministerstvo za Obrazovanie

Почитувани граѓани на еМакедонија,

Како што веќе знаете Образовниот Центар беше формиран од страна на Министерството за Образование со цел едукација и запознавање на новите играчи со некои основни делови и работи во играта. Во текот на овој период во весникот на Министерството за образование ќе излегуваат туторијали кои е пожелно секој да ги прочита со цел побрзо запознавање со концептот на играта.
Доколку вашите прашања не бидат одговорени во туторијалите или пак сеуште имаат некои нејаснотии во играта, тогаш слободнo пишете ни порака и ќе се обидеме да ви помогнеме. Се надеваме дека ќе ви овозможиме полесен и појасен еЖивот.



Денешното упатство е "Aктивирање на пин кодот и неговото користење".
Пин кодот е лозинка која е пожелно секој играч да ја активира бидејќи со неа можете да си го повратите златото или предметите при случајна кражба или хакнување на вашиот профил.

За активирање на пин кодот потребно е да одите на вашата профил страница > "edit profile" (односно на страницата за подесувања на профилот) > generate PIN CODE или кликнете тука
и ќе ви се појави следнава страница:


Овде ќе мора да ја внесете вашата лозинка со цел да го активирате пин кодот. Откако ќе ја внесете лозинката ќе ви се појави следнава страница со вашиот пин:

Пинот се состои од четири бројки кои играта ќе ги избере за вас. Пинот ви го дава самата игра што значи дека вие неможете да го поставувате по ваша желба. Пин кодот е многу важен во играта и многу е важно да го запамтите бидејќи ви е потребен за да пристапите до одредени делови од играта. Пин кодот се користи за пристап до монетарниот пазар, за купување фирми и речиси на сите места каде се работи со пари освен на маркетот. Откога ќе го активирате пинот за пристап до овие места ќе ви се појави следнава страница каде што треба да го внесете вашиот пин:



Доколку случајно го заборавите вашиот пин код тогаш треба да испратите тикет до админите за да го ресетираат вашиот пин код. Ова може да го направите со испраќање порака на Плато (админот на играта)


Откако ќе изберете да му испратите порака одберете ја опцијата Submit a Ticket:

По ова ќе ви се појави следната страница каде што треба да одберете Game Support па Lost Properties и кликнете Next:


По ова ви се појавува страницата каде што ја пишувате пораката за заборавениот пин и кликате Submit.


По испраќањето на пораката во рок од 2-3 дена вашиот пин ќе биде ресетиран.



Се надеваме дека со ова упатство ви се разјаснија некои работи околу пин кодот и неговото користење. Ве молиме да се претплатите на весникот на Министерството за Образование за да можете да ги прочитате туторијалите што следуваат. Исто така гласајте ги статиите на Министерството за образование за да можат што повеќе млади играчи да ги прочитаат.

Ваш,
NightWolfMK
Февруари 2011

Кликнете на саканата тема за да прочитате повеќе:







 

Comments

Jordan_Cokance
Jordan_Cokance Day 1,189, 12:34

прф

PhoenixMK
PhoenixMK Day 1,189, 12:34

фТОР!

Strumjanin
Strumjanin Day 1,189, 12:36

o/

United Macedonia
United Macedonia Day 1,189, 12:37

Браво, најдобро министерство мандатов!

Filip01 Macedonian
Filip01 Macedonian Day 1,189, 12:40

Браво, најдобро министерство мандатов!+9999999999999999999999

Maked0ner
Maked0ner Day 1,189, 12:51

o7

Maced0n
Maced0n Day 1,189, 13:01

o7

atanasmk16
atanasmk16 Day 1,189, 13:06

о/

Osogovo
Osogovo Day 1,189, 13:26

Трјс осми

smekerot
smekerot Day 1,189, 13:44

@Strumjanin

Ako United Macedonia e pretsedatelot koj i donese na Makedonija 11.000 gold, a Drashhhhhh e pretsedatelot koj i odnese na Makedonija 11.000 gold ti druze definitivno ke bides Pretsedatelot koj i donese na Makedonija 11.000 statii hahahahaha....

PhoenixMK
PhoenixMK Day 1,189, 13:49

@smekerot

и што ти е поентата?

Apo Nenormalnio
Apo Nenormalnio Day 1,189, 13:53

http://www.erepublik.com/en/newspaper/na-apo-vesniko-249692/1

Ај субскрајб, за државата се работи : )

smekerot
smekerot Day 1,189, 13:55

@PhoenixMK

Druze, ne te razbiram. Sakas li da ti go preraskazam mojot komentar?

PhoenixMK
PhoenixMK Day 1,189, 14:00

@smekerot

друже, ова не е место за такви "прераскажувањ"а, затоа најучтиво те молам да се воздржиш од такви коментари.

smekerot
smekerot Day 1,189, 14:07

@PhoenixMK

Druze, bidejki jas mnogu sakam da komentiram i zatoa najnajuctivo bi te zamolil da mi go kazes mestoto za takvi komentari?

PhoenixMK
PhoenixMK Day 1,189, 14:31

Напиши артикал, се што ти тежи на душа, тогаш и другите ќе ти коментират и ти со нив.

Ова е весник за едукација околу играта, не за играчите што правиле и какви биле/се

ОК е?

smekerot
smekerot Day 1,189, 14:49

@PhoenixMK

Druze imas pravo. Moram da posvetam nuzna paznja na politickio bon-ton u ovaa igra. Priznavam si deka u skoloto ne i e mestoto na politikata pa ni na politickio majtap 🙂
Imas od mene cesen zbor deka po tutorijali veke nema da se mesam pa ako saka i 111.000 da stanat 🙂
Mora da ti kazam deka me vrna u detstvoto i me potseti na cajkano Trale so bese pozornikar u nasto maalo. Znaese kako da ne natera da ne frlame petardi i da ne krademe kalinki od kaj komsiite. Ist Trale si. Kulturen, otsecen, vospitan, uctiv a ke si reces cajkan. Abe i od cajkan do cajkan ima razlika 😉

NightWolfMK
NightWolfMK Day 1,189, 15:39

@smekerot

Навистина незнам каде целиш со коментариве ама ова не е место каде што треба да ги искажуваш своите политички мислења, такви статии има доволно по веснициве и можеш слободно да коментираш и да раскажуваш приказни од своето детство...

@United

Фала, се трудиме... o/

smekerot
smekerot Day 1,189, 16:21

@NightWolfMK

druze, navistina mi se dopaga tvojot tutorijal i se nadevam deka ke im se najde na mnogu decki bidejki stvarno mnogu luge prasuvaa za ovie stvari vo vrska so pinot.

site moi komentari na tvojot tutorijal svati gi kako kompliment za ministerstvoto za obrazovanie i kompliment za tebe licno kako del od nego. Iskreno ti kazuvam deka go delam mislenjeto na momcite tuka deka Ministerstvoto za Obrazovanie e najjako ministerstvo vo mandatot na Strumjanin. Jas iskreno tipuvav na edno drugo ministerstvo koe spored mene e poznacajno vo igrava. Ama greska sum tipuval. Me izbanja pretsedatelot kec u kec.

Iskreno mislam deka sledniot pretsedatel (koj i da e) treba da ja zadrzi segasnata ekipa vo ova ministerstvo. Vie pokazavte najgolemi i najvidlivi rezultati od site drugi.

a moite prikazni od detstvoto mozam da ti gi raskazam preku ingame poraka ako sakas ; ) mozam da ti kazam za toa kako lovevme ribi so race vo rekata ili kako palevme gumi za Procka ... imam i drugi desavki, ali preku ingame poraka ok? da ne spamame tuka hahahahaha...

Fico87
Fico87 Day 1,189, 16:41

@Шмекер другар, па ти си имал мн бесно детство..

50сантима погоре^^ нешто сереше за статијава, а сега комплименти фрчат од твои раце???? Дај биди јасен?!

Ајде врни се у детството и раскажи ни за рибите? хахаа ; )

Kpakep4e
Kpakep4e Day 1,189, 16:46

o/

smekerot
smekerot Day 1,189, 16:48

@Fico87

druze kaj vide deka seram? Aj pastiraj i bidi jasen?!


mozam da ti dadam i na tebe seansa za ribite ... lovevme i polnoglavci ponekogas, ako sakas ke ti raskazam i za toa hahahha ama na ingame poraka za da ne spamame tuka hahahaha

Fico87
Fico87 Day 1,189, 17:04

во очекување на приказната со пуноглавците..
те поздравувам држејќи ЕФ-5 на месинџерон

DenisID
DenisID Day 1,189, 17:09

V

smekerot
smekerot Day 1,189, 17:44

@Fico87

prodavaj go lebot 0.80 bez danok i do 15:00 site 460 komada ke ti bidat prodadeni. A utre ke castes kafe za ovaa finticka so ti ja kazav i ke mi se izvines za toa so rece deka seram : ) a jas ke ti raskazam za punoglavcite. 0.75 ne e sexy cena ; ) trust me
edno smekersko tutorijalce od noga ; )

Fico87
Fico87 Day 1,189, 18:07

Абе друже Шмекер ти што мислиш јас џабе ли чувам залихи??
И веерувај цчера пробав со 0.8 (без данок) и не отиде..
Најбољи цена е 0.75 + данок = 0.79 со таа цена другарот Плато ги пуни кесите и го јаде лебот сув

smekerot
smekerot Day 1,189, 18:12

e vcera vecerta ne otide so taa cena ama denta otide. zatoa ti velam do 15:00h. i kazi mu na momakot od prosveta neka pise tutorijalce, ne mi objasnuvaj mene, jas sum haker ahhahaha

TosheMK
TosheMK Day 1,190, 23:49

Браво!

Alexandar Ciric
Alexandar Ciric Day 1,190, 04:08

v

AufAuf
AufAuf Day 1,211, 12:34

Link NAjblizok i najtochen plz

bombas1
bombas1 Day 1,282, 12:17

SE E OK AMA DAJ NEKOJ NEKA MI OBJASNI KAKO SE MENJAVA PIN CODOT POSTO JA GO ZABORAVIV VE MOLAM DAJTE OBJASNUVANJE

Lord4e
Lord4e Day 1,334, 19:43

c c c c abe na erepublik sum preku 6 meseci ali posto zaboraviv pin i ne mi bese mnogu jasna igrata ( a i angliskiot kako nekoj cigan sum) ja bataliv se vrativ pred nekoj 2-3 nedeli i dosega mozam da kazam deka ova mi e najdobriot tutorial sto sum go videl... sekoja cest majstore bravo 🙂

tooose
tooose Day 1,341, 06:23

pls mala pomos vo poslednot cekor Submit a Ticket so treba da se pise dajte primer ili samo Submit treba da se klikne

 
Post your comment

What is this?

You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.