>>THE BUTTERFLY EFFECT<<

Day 1,599, 14:48 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


"In chaos theory, the butterfly effect is the sensitive dependence on initial conditions, where a small change at one place in a nonlinear system can result in large differences to a later state. The name of the effect, coined by Edward Lorenz, is derived from the theoretical example of a hurricane's formation being contingent on whether or not a distant butterfly had flapped its wings several weeks before."

Така вика Википедија, а јас викам да споделам со Вас еден момент од минатите 30 дена кој ми остави најголем впечаток во играва.

Можеби во играва не сум реалист туку сум идеалист со моите ставови за 10/10 ресурси, за наплаќањата на државјанства на шверцерите кои работат на штета на Македонската економија, со ресетирањето на платите, со укинувањето на рефундот и со сличните такви ставови кои се различни од ставовите на мнозинството играчи во играва.

Многупати додека функционираше каналот на Генералштабот како командант на Тигри сум дискутирал дека играчите треба да ги мотивираме со статии да маваат за Македонија, а не со некакви виртуелни пари. Тезата ми била дека мнозинството тука се тинејџери кои ја играат играва на повикот на Сител дека Македонија е нападната од Бугарија и Грција, а не дошле на повик да направат виртуелно богатство (пари, злато...). Според тоа тие дечки не само што се патриоти туку еден дел од нив се и националисти и се надевам само мал дел од нив и шовинисти. Така да мотивирачки статии со патриотски и национален набој ќе ги наежат момците и ќе ги втурнат во првите борбени редови.

Во играва има надарени дечки што знаат да напишат убава статија и да постигнат одличен ефект со неа без разлика дали позитивен или негативен. Тоа се должи пред се на нивното образование, искуство и најважното - љубовта спрема Македонија. Но во играва има еден лик кој ниту знам колку години има, ниту знам какво образование има но едно знам: тој дечко статиите ги пишува од срце. Тоа е Voix of Macedonia

За секоја поважна битка се пишуваат статии со кои се мотивираат играчите заедно да удрат на непријателот и тие статии имаат некогаш помал а некогаш поголем ефект. Но статијата на Voix Денес ја враќаме ИМПЕРИЈАТА! [VOIX] минатата недела против Грците го направи НАЈМОЌНИОТ ЕФЕКТ во историјата на Македонија досега. Немаше државен рефунд, немаше државни тенкови, туку имаше МАКЕДОНЦИ кои од срце се бореа за Македонија со сите свои тешко спечалени залихи во изминатиот „сушен“ период. Иако ги изгубивме тие битки поради грчките кредитни картички сепак 100% сум убеден дека да не беше таа статија окупирањето на Грција ќе траеше многу подолго или уште полошо мислам да не беше таа статија окупирањето на Грција немаше ни да започне бидејки со таквата резерва на инфлуенс што ја имаа грците многу лесно ќе ни ги враќаа ударите.

Јас не го познавам играчот Voix, ниту знам колку години има ниту некогаш имам разговарано со него но сепак сакам да му честитам од се срце за извонредниот ефект што неговата статија го постигна за Македонија. Како што ти таа статија ја напиша од срце така и јас овие зборови ги пишувам од срце.

Сум се трудел многу пати преку моите политики да створам амбиент да се бориме за Македонија од срце, љубов и идеали а не за некое виртуелно материјално богатство. И нема да излажам кога ќе кажам дека си ласкам самиот на себе и потајно си верувам дека мојата статија >>ПЕТТЕ МИНУСИ НА МАКЕДОНИЈА го испровоцирала Voix да ја напише неговата фамозна статија и да ги натера МАКЕДОНЦИТЕ да остварат еден од моите идеали во играва.

Ќе продолжам да се надевам дека во иднина и останатите мои идеали еден по еден ќе почнат да се остваруваат но и ќе се вградуваат во Македонските политики и ке се реализираат како трајна вредност во играва, а на Voix сакам да му порачам лошото друштво 🙂 во кое западнал во играва да не го демотивира и обесхрабрува туку и понатаму да продолжи да пишува од срце за Македонија.


СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
Ваш
Smekerot




За оние родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

THE BUTTERFLY EFFECT
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-the-butterfly-effect-lt-lt--2002719/1/20