Интервју со агентот Voix of Macedonia

Day 1,299, 04:37 Published in North Macedonia North Macedonia by VardarEgejPirinMacedonia

За неполни два месеца од формирањето на ДБК интересот е се поголем за членување во единицата која за кратко време се декларираше како стабилна а не профитерска која само ги искористува своите членови а на тоа профитираат само основачите,туку единица која им дава рамноправно членство на сите.

Што има ново и што мислиш за најавата ?
Voix of Macedonia : Тотално го опишува системот на единицата по кој работи таа можете да ги прашате и самите членови 🙂имаме 70 членови затоа што имаме уште едно MU a заедно со регрути имаме 83 членови.

Од каде ја доби идеата за името на единицата ДБК ?
Voix of Macedonia : Не беше моја идеа туку беше на DiplomatMK кој ми е ортак во оваа единица

Какво значење има аблемот на единицата ?
Voix of Macedonia : Амблемот ни е некако најслаба точка во целава единица и за неколку дена ќе ставиме друг кој ќе биде еден од подобрите во еМакедонија... ќе си видите сами ч 😉

Која беше првичната идеа за единицата и како ја гледаш во иднина ?
Voix of Macedonia : Единицата беше направена колку да имаме единица никој не очекуваше дека ќе стигнеме на ова ниво за толку кратко време, но сега откако влеговме во ритам сметам дека за кратко време ќе бидеме едни од подобрите... барем се надевам 🙂

Да не добиеше спортска , ќе формираше единица , и кои беа натпреварите кој ги погоди ?
Voix of Macedonia : Искрено незнам “шта би било кад би било“ како што би рекле србите а за натпреварите не се сеќавам само знам дека беа прво поголемо од второ полувреме 🙂

Кое е мотото на вашата единица ?
Voix of Macedonia : You can’t find DBK, DBK will find you

Од каде толкав интерес за единицата скоро сите сакаат да бидат дел од ДБК што мислиш на што се должи тоа ?
Voix of Macedonia : Мислам дека се должи на забавата пред се што моите членови ја прават на нашиот канал и сите што дошле тука често не посетуваат, исто така даваме и солиден рефунд 🙂

Ќе формирате уште единици,по примерот на другите ?
Voix of Macedonia : Веќе имаме 2 единици DBK i DBK II, a за во иднина зависи од нашите можности и колку можеме да се организираме…

Кои се условите за во ДБК и зошто треба еЦиливите да се приклучат во вашата единица и каков третман би добиле доколку би членувале ?
Voix of Macedonia : Значи присуство на чат, следење наредби и работење во фирмите на ДБК.

Имате девојки и дали се привилигирани ?
Voix of Macedonia : Сега имаме само една девојка со која останатите добро се однесуваат и се надевам на повеќе девојки во иднина, сигурен сум кога ќе видат колку е интересно кај нас сами ќе сакаат да се приклучат 🙂

Што е нај проблематично во раководењето со единицата ?
Voix of Macedonia : Дисциплината е најтешка посебно кога бројот на членови расте, но со помош на моите заменици или така кажано команданти без кои сам едноставно нема да можам да направам ништо! Поздрав до нив знаат кој се 🙂

Ќе ни откриеш некоја државна тајна ?
Voix of Macedonia : Тајните ги чуваме само во случај ако ти притреба нешто од државата (Деданое си знае најдобро хехе) и претежно тогаш објавуваме... се шалам🙂

Што мислиш за другите единици ?
Voix of Macedonia : Секоја чест за сите единици на еМакедонија кои и со самите победи на еМакедонија покажаа дека имаме силни воени единици. Се надевам дека во иднина ќе има и повеќе единици и со самото тоа ќе се слушаат повеќе наредби и нема да се троши безпотребен инфлуенс.

Кажи ни нешто за тебе и што значи твоето име ?
Voix of Macedonia : Јас имам 22 години, играва ја играм скоро 5 месеци ( стариот акаунт ми го украдоа), името на германски значи ( до некаде барем, малце го модификував) Гласот на Македонија.

Во иднина се гледаш како претседател на еБугарија,кажи ни во кратки црти за тоа ?
Voix of Macedonia : Се надевам дека повеќе сватија дека тоа беше еден вид на шала за да им вратам на Бугарите кои и ние кога бевме во криза не провоцираа само... кој свати свати!

Се соживуваш со играта ?
Voix of Macedonia : Ова е само игра и додека ја гледаме како таква ќе ни биде забавна, ако ги премине тие граници тогаш е веќе опасно.

Додека играш што музика слушаш ?
Voix of Macedonia : Јас слушам секаква музика, само неможам блуз и џез да поднесам, јбг секој си има свој вкус.

Ова прашање е по барање на девојките девојките 😉 што си во хороскоп ?
Voix of Macedonia : хехе Шкорпија сум во хороскоп ( опасно 😛)

Како ти започнува еден еДен и по колку часа си на играва ?
Voix of Macedonia : Работа, тренинг и поделба на ресурси по командантите за да им поделат на членовите рефунд, а за време зависи ама по едно 7-8 саати ми одат 🙂

читаш ШТО ИМА НОВО и што ќе кажеш за интервју магазинот ?
Voix of Macedonia : Да имам читано и гледам дека има интервијуа со многу познати личности од еСветот, исто така морам да ви честитам за самото планирање и конструкција на интервијуата секоја чест 🙂