>>ПЕТТЕ МИНУСИ НА МАКЕДОНИЈА<<

Day 1,589, 02:09 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Кон крајот на 1944-та, додека народот се привикнува на југословенските точки наместо бугарските купони, далеку од неговите очи се одвива трескавична битка меѓу македонски ориентираните водачи на НОВ, предводени од Методија Андонов-Ченто (тој во тоа време ја предводи државата) и експонентите на белградската политика на чие чело е Лазар Колишевски (тој е на чело на партијата). Од Македонија немилосрдно заминуваат т.н, индустриски култури -афионот, сончогледот, памукот и тутунот. Ченто и неговите истомисленици се’ почесто и погласно прашуваат кој ќе го плати трудот на македонскиот земјоделец кој се движи само во правец кон север. Се’ оди нагоре, ама ништо не се враќа назад.

Додека Ченто негодува, праќа пораки преку разни говори за кои се расправа дури и на Политбирото во Белград, Лазо е поинаков човек - гледа што се случува, но наместо да негодува, ги бележи имињата на тие што негодуваат.

Неколку дена пред Новата 1945 година, во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ, означено и како вонредно, на кое ‘великиот’ Јосип Броз не доаѓа. Тоа само по себе веќе е некаков знак кој не е добар. Го испраќа Словенецот Едвард Кардељ - Бевц. Маѓепсан од величината на гостинот, Колишевски понизно го слуша, а тој пак, без стеснување, на заминување му соопштува непријатни работи. Се ближи крајот на војната, му рекол Кардељ на Колишевски, а со тоа се ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на Македонија има пет големи минуси: најдоцна почнала со востанието, најудобно ја минала окупацијата, имала најмали разурнувања, имала најмалку жртви и конечно, не учествувала во ослободувањето на Југославија.



Лазо избезумен го прашува Кардељ што да се прави. Овој ладнокрвно му вели: ‘Првите три работи не можете да ги исправите, но четвртата и петтата може да се поправат. Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и стрела, а вие под итно да испратите голема единица на Сремскиот фронт.’

Колишевски го повикал Апостолски, и тогаш почнуваат интензивните подготовки на војската стационирана на скопското Кале. Формиран е 15-от Корпус, а војниците со обука и искуство од герилска војна, сега се обидуваат да се подготват за сремската рамнина каде германските војски се добро закотвени. Тоа, ним, очигледно не им се допаднало.

-‘Македонија ја дочекува 1945 година со пораките на Кардељ до Колишевски кои лебдат во воздухот. Исполнувањето на тие пораки веројатно се една од причините за бунтот. Кога војниците го исполниле плоштадот очигледно никој не знаел во што сето тоа може да се изроди. Тогаш всушност започнува јануарската драма во Македонија која потоа ќе прерасне во хистерија и ќе зацрни стотина македонски семејства’.

Интересен показател е содржината на транспарентите со кои војниците дошле пред Офицерскиот дом: ‘Покрај стандардните пароли за тоа време - ‘Да живее Тито’, ‘Да живее Апостолски’ и на јавноста веќе познатите пароли ‘Не сакаме на Срем, сакаме на Солун’ и ‘Не на Берлин, туку на Солун’, во пресудите е запишано дека имало и пароли ‘Нејќеме Срби да не управуваат’. Тоа, да бидам искрен и мене ме изненади и внесува нов правец во обидот да се реконструира настанот. На плоштадот полн со вооружена војска било развиорено и едно знаме со бои чија комбинација во македонската историја ретко се сретнува: црвена, црна и бела’.

По собирањето на војниците на плоштадот, веднаш е алармиран Апостолски. Тој изглегува пред нив, успева да ги смири и да ги убеди да се вратат назад. Горе, на Калето, војниците го оставаат оружјето, а потоа ОЗНА почнува да апси.

.... текстот е извадок од еден подолг текст кој ги анализира тогашните настани дали Македонците треба да одат на Сремскиот фронт и да се борат за Српските односно Југословенските интереси или да одат на Солунскиот фронт и да се борат за Македонските интереси.



Текстот ме потсети на ситуацијава изминатиот месец во еМакедонија кога се одлучи наместо да се гледаат интересите на Македонија и да се поврзат повеќе региони со различни ресурси ние одлучивме да се бранат интересите на ОНЕ односно на Србија и на нив да им дозволиме да поврзат ресурси. Сега тие имаат 7 а ние имаме 4 ресурси.

И во реалниот живот во 1945 година имало луѓе кои „аргументирано“ ја бранеле тезата дека подобро за Македонија е Сремскиот отколку Солунскиот фронт така сигурен сум дека ќе има луѓе што и денес ќе ја бранат тезата дека ресурсите не треба да и бидат важни на Македонија туку важно треба да биде единството. И во 1945 единството било важно и тие што не се согласувале со наметнатото единство од Партијата биле стрелани во Штип, Велес, Куманово ...

Републиканската партија и покрај тоа што не се согласуваше со политиките изминатиот месец сепк одлучи да прогласи мораториум на своето политичко дејствување се со цел да се видат ефектите од тие политики.

Резултатот од политичкиот мораториум е од партија со најмногу конгресмени последниот мандат сега да бидеме партија со најмалку конгресмени. Но иако имаме големи политички штети поради таа наша одлука ние сме подготвени уште еден месец да молчиме за сегашните погрешни државни политики со надеж дека сепак во раководството на еМакедонија има барем еден вистински Македонец кој се бори и ќе се бори за Македонските национални интереси.

На нашите последни партиски консултации одлучивме доколку е потребно да дадеме и бланко поддршка за претседател на Конгресот или за претседател на државата ако тоа биде потребно дури и на лик како bibermk па и на некој рандом Армакедонец само и само да се видат некакви резултати од кои Македонските граѓани би имале интерес. Таа наша одлука сеуште е во сила.

Оваа прилика сакам да ја искористам да им се заблагодарам на гласачите, симпатизерите и поддржувачите на Републиканската партија. Знаеме дека не е лесно во ова време да се биде Републиканец и затоа на сите Вас кои поради било која причина гласавте за еден од нашите кандидати за конгресмени сакам да Ви се заблагодарам од лично име и од името на партијата. Претседателот на партијата ќе излезе со поконкретна статија за изборите и со една Републиканска хуманитарна акција која планираме да стане традиционална.

Сакам да се заблагодарам и на моите верни гласачи во Источна Македонија. Ми беа потребни дури 7 шаути да ги соберам гласовите за да влезам во Конгресот додека минатите избори тоа ми успеваше со еден или ниеден. Немојте да мислите дека сум се откажал од внатрешната политика во Македонија. Будно ги следам политикантите и ги сликам нивните гафови. Мојата архива има повеќе слики отколку албумот Италија '90 на Панини. И на крај убаво се чувствувам кога ќе видам дека сеуште сум и предизвик на Армакедонските пајташи кои стануваат конгресмени со купени гласови.



СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

Сите родени од старамајка што сакаат да стават шаут:

ПЕТТЕ МИНУСИ НА МАКЕДОНИЈА
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lt-lt-1-1995525/1/20