Гласот на Народот

Day 1,532, 16:09 Published in North Macedonia Serbia by Archibold


Добровечер драги сограѓани.

Се ближат Претседателски избори, почнуват шаутите да се гушаат од извиците на кандидатурите на идните кандидати. Кандитатури кој не ве засегаат да прочитате ниту 30% од нив, па најчесто ги прелистувате само и само да видите кој е избраниот тим на кандидатот. Зошто? Бидејќи во секоја една кандитура е “се исто пак исто”.
-Рефунд на кој ги интересира само Паравоените единици.
-Лажно обејќан бејби бум. (ретко исполнет)
-Министерства кој постојат само напишани црно на било. Ретко нешто убаво ќе видеме и врз него се с**аме.
Знаете како оди понатаму претставувања и планови... неостварени.

И се прашувате зошто овие работи не ги читате, зошто не им обрајќате внимание и не ве занимаат?

Затоа што во нив го нема вашето мислење, во тие кандидатури го нема тоа што вие сакате, под вие мислам на НАРОДОТ ! Да ти, точно ТИ што го читаш ова... ТИ СИ ТОЈ од кого го немам слушнето глас, ти си тој што кога ќе ги прелистам весниците и те гледам како очајно се обидуваш да бидеш присутен, што се обидуваш да собереш претплати, а ретко се бориш да бидеш чуен. НО си задушен, задушен од тие што несакаат да те слушнат и од тие што исто така те прелистуваат и не те сметат за “доволен” и не ги засега твоето мислење од тоа што сакате да кажате или побарате. Зошто ? Бидејќи нивното мислење не се совпаѓа со вашето.

Тие се тие што се “избрани од народот” , тие се тие што не ги интересира вашето мислење туку ви нудаат услови (кандидатури) од кој треба да бирате.

Да вистина е дека човек не знае што сака се додека не му го сервирате, НО верувам дека секој од вас Секој Македонец знае што сака и што е добро за еМакедонија.

Но додека некој што мисли дека “знае” што сака народот си тера по негово, по иста патека со исти кандидатури .

Затоа драги мои сограѓани ќе ве прашам; дали знаете што сакате или избирате помеѓу условите кој ви ги нудат.
Ако имате позитивен одговор тогаш не молчете повеќе ! Нека вашиот глас биде слушнат, нека вашите барања бидат исполнети и нека вашите идеи ја водат нашата еДржава.
Прочитајте ги кандидатурите кажете што ви се допајѓа а што НЕ, пишувајте им по коментарите, пишете им по порака и пишувајте во весниците...не за претплати туку за ГЛАС твојот глас кој треба да биде чуен кој треба да ја води еМакедонија таму каде што НАРОДОТ сака.
Ослободете го вашиот ум и ослободете се од условите, излезете од партиите кој наместо да го ојачуваат дометот на вашиот глас тие го задушуваат и ви нудат услови! Само тогаш ќе бидете слушнати, само тогаш ќе се знае дека зборувате во име на народот во име за сите нас, за подобра еМакедонија !


До 5ти Март има уште време, ги чека уште една статија/кандидатура натерајте ги да ве слушат... кажете што сакате, натерајте ги да размислат што да напишат следно, натерајте ги да ве послушат и најважно од се; запрашајте ги зошто го заслужуват вашиот глас и вашата подржка кога не ги задоволуваат вашите барања.



Претходни статии: