Прирачник за Новите Играчи II

Day 1,473, 18:28 Published in North Macedonia Serbia by Archibold


Последно преуредено на - 14:03 Мај 21 | Ден 2009 еРепублик време.


Според прашањата што новите бебиња ми ги поставуваат, како да го направам ова? Како да го постигнам тоа? Итн. Направив уште еден поедноставен прирачник за основните нешта.


Здраво повторно бебенце, штом го читаш ова значи дека си одлучил да останеш во играва и си на правиот пат.


Честопати се случува да бидеш избркан од компанијата во која си се вработил (ништо страшно, ова е нормално), одма одете на Пазар на труд да си најдете нова работа .


По работењето следува тренирање, кога еднаш во денот работите и тренирате имате бонус од +1 сила и +1 искуствен поен за исполнување на дневните задачи. А доколку работиш и тренираш 5 дена под ред без прекин, ќе добиете награда од по +5 сила и +5 искуствени поени за исполнување на дневните задачи.



Исто така има дневна задача за војување кога ќе влезете во некоја Воена единица.


Значи по извршување на наредбите од Воената единица, а во овој случај да се убијат 25 непријатели ќе бидете наградени со 1 Енергетска плочка и 5 делови за да склопите Базука.



Додека сте на бојното поле и се борите / поразувате противници, во неколку случаи ќе забележате дека ви дава делови од базука кој ако ги соберете сите 5 дела ќе може да склопите базука која има можност за 3 удари и прави 10000 штета од 1 удар. Делови како овие:



Ви препорачувам да ги чувате деловите, за Македонија кога ќе има битки од висок приоритет, односно битка каде секоја штета е потребна за да се победи. И тогаш ќе ги извадите "големите оружја" за максимална штета.

Базуките ќе можете да ги склопите после неколку денови играње. (Не сум сигурен но мислам дека е потребно да имате околу 150 сила)

Ослободување место

Е сега вака, на почетокот имаш место да сместиш само 1000 парчиња од било што, и кога ќе го стигнеш лимитот неможеш повеќе да купуваш од маркетот, да работиш во твоите компании или да ти донират. Се додека не ослободиш место во сториџот или го прошириш.

За да се ослободиш од работите што ги имаш вишок или не ти требат можеш да ги ставиш да се продават на пазарот:


За продуктите да ти се продадат треба да ставаш минималната цена, истата на маркетот како првите 3-4 понуди, затоа прво провери по која цена се продава продуктот што сакаш да го ставиш на продажба.

или

Да одиш да поразиш некој непријател, да потрошиш нешто храна и оружје.

Но можеш и да фрлиш некоја пара па да го зголемиш сториџот, едноставно одиш во Мои места, кликаш склад и на плусот


Избирате Стандардно Складирање и одите Гради.



Напредување

Значи многумина од вас право ме прашувате дали да градите од другите компании што ги видовте додека градевте сториџ, јас ќе ви кажам НЕ не градете освен додека не ви ги побара во некоја мисија. Градење на голем број од малите и ефтини компании не значи напреедување, туку назадување ако сакате да напредувате а економски и финансиски да ви биде исплатливо штедете за да ги градите овие компании:
.

А исплатливоста се зависи од ресурсите и цената на материјалот на пазарот. Затоа убаво ќе биде да си направите некој бизнис план кој вие мислете дека ќе биде успешен или прашајте некој од поискусните играчи да ве упати каде да ги вложите вашите пари.

или

Доколку сакате да напредувате побрзо на воен план, може да насоберете злато (20) да го надградите својот бесплатен тренинг центар во Q2 (првиот кој не ви одзима злато за тренирање) -> Може да почекате одреден период и да го надградите тренинг центарот за 44% поефтино (11.4 gold), ова строго ви го препорачувам бидете трпеливи.





Сепак добар војник не се смета само тој што има голема сила и ранк, туку војник кој има и економска јачина со која може сам да се издржува и да помага на други.

Стрпете се пред да направите еВесник

Исто така се двоумите дали да отворите весник за да кажете здраво на еСветот, значи како бебенце ти е потребен секој Gold за напредување, па затоа ќе ви кажам да се стрпете пред да ги шитнете тие два златника за весник од кој немате никаков профит.


Како да го искористам Златото и како да го сменам во Пари?

За да го користите Monetary маркетот треба да имат минимум 15ти левел.
Кога веќе стварно сте одлучиле што ќе правите со Златото и сакате да го смените во МКД одите на Монетарен Пазар



Првото нешто што треба да го направите е да видите курсот по кој се продава Златото за да знаете каква понуда да ставите. Секогаш ставајте понуда приближно иста на првите 3-4 понуди од Монетарниот маркет. За да ставите понуда кликнете на Додај Понуда.


Знамето и Gold-от наместете ги во исти ред како на сликата подолу, одкако ќе ја напишете понудата, односно во првото празно место Колку Gold сакате да поставите за размена и во второто празно место колку сакате да чини 1 gold.



Кога ќе кликнете Save ќе ви излезе прозорец да потврдите дека сакате да смените вкупно толку и толку Златото за толку и толку MKD. И чекате... некој да се фати за вашата понуда. 😃




Преселување / Менување локација.

Значи за да се преселиш од еден регион или држава во друга се што треба да направиш е да влезеш на твојата профил страна, под Аватарот / сликата ќе кликнеш на Локација: (измени)


Потоа на првото место избираш Државата во која сакаш да се преселиш, а во второто место избираш регионот во кој сакаш да се преселиш. За преселба ти се потребни 20, 40, 60, 80 или 100 MKD во зависност на оддалеченоста на местото во кое се преселуваш.

Или директно од картата на почетната страна, едноставно кликате врз регионот во кој сакате да се преселите па потоа на инфо иконата и на заелениот пин потврдувате.




Поканување на пријатели / реферали.



Доколку имате пријател кој сакате да ви се придружи во играта може да го поканите преку својот реферален линк, односно да се регистрира преку вас и пота како тој напредува, така на вас ви доаѓа бонус Злато.



Едноставно дадете му го овој линк нека се регистрира. Само имајте на ум, ако го користите ова да направите втор акаунт кој ќе го играте од исти компјутер само за да заработите некој бонус Злато ќе бидете банирани! Доколку имаш некој член од фамилијата што сака да игра од истиот компјутер не му го давајте овој линк за регистрација. Нека си направи аканут без користење на реферален линк и немој никогаш да си донирате Злато или МКД меѓусебе.



Во слободното време ти предлагам да ги разлистуваш весниците во кој може да најдеш некој интересни работи, ти препорачувам да ги читаш весниците и не заборавај да ги провериш коментарите и да додадеш некој нови пријатели. Или пак ништо чудно да налеташ на некоја статија каде треба само да дадеш Претплата и Глас и да добиеш некоја скромна награда.

Тоа е тоа, доколку имаш сеуште нешто нејасно слободно дојди на чат каналот #eMKD каде и може да добиеш гратис доење. 😃

Поздрав о/


Претходната статија за вас - Прирачник за Новите Играчи I