Како до пониска цена на златото

Day 1,439, 09:24 Published in North Macedonia North Macedonia by Jovan Lalevski

Почитувани е-Граѓани
Со оглед дека ова е моја прва статија очекувам да ме изненадите со по еден
SUB
VOTE
SHOUT

Најпрвен би сакал да го поздравам обидот на Дон Тас за намалување на цените на златото , кој иако беше неуспешен сепак подобро е да се направи нешто отколку да не се прави ништо и да се чека работите да се средат сами од себе.

Оваа статија се сотои од три дела кој се надевам ќе ги прочитате

1.Како се формира цената на златото
2.Како ние можеме да делуваме на неа
3.Предлог како да се направи тоа

ДЕЛ 1

За формирањето на цената на златото важи основниот економски принцип за понудата и побарувачката.Висината на цената на едно добро зависи правопропорционално од неговата побарувачка,односно,обратнопропорционално од неговата понуда.Во превод , колку повеќе граѓаните бараат да купат злато толку повеќе ќе се зголемува неговата цена , а колку повеќе граѓаните нудат на продажба злато толку повеќе неговата цена ќе се намалува , и сето ова ќе се случува додека понудата и побарувачката не се изедначат. Во нашиов случај повеќето граѓани бараат да купат злато одколку што се нуди на пазарот во моментот па затоа неговата цена расте.


ДЕЛ 2

Со оглед на погоре кажаното , ние би можеле да делуваме на два начини.
1.Со намалување на побарувачката на злато
2.Со зголемување на понудата на злато.
На намалувањето на побарувачката на злато би било многу тешко да се влијае , затоа што БОТОТ на г-дин Плато постојано преку купување на производи од пазарот уфрла денари во граѓаните и ја стимулира побарувачката на злато.
Но од друга страна БОТОТ на Плато не купува злато директно од пазарот па доколку ја зголемиме понудата на злато на пазарот до определен степен би можеле да ја намалиме неговата цена.

ДЕЛ 3

Конкретната мерка за зголемувањето на понудата на злато , е слична со онаа на AsT89 во неговата статија http://www.erepublik.com/en/article/-1-1891712/1/20 но и суштествено различна.Неговата идеја за субвенционирање на raw фирмите кои се купуваат со денари е добра ,но доколку тие 5 злато кои ги има играчот се донираат на сметка на НБРМ , на пазарот за злато не би се постигнал никаков резултат. Затоа најдобро би било на организиран начин МзЕ ,граѓанинот кој има 5 злато и сака да отвори raw фирма , да го упати тоа злато да го извади на продажба на пазарот а разликата од продажбата на златото до потребните 7500 МКД да ја субвенционира државата. На овој начин секој граѓанин што е заинтересиран , би требало да извади на продажба 5 злато , со што значително би се зголемила понудата и цените би почнале да паѓаат.
Ова особено би било исплатливо кај постарите играчи кои сеуште имаат raw фирми за кои на Плато му се плаќаше по 10 злато.Имено, доколку ги уништат тие фирми, граѓаните ќе вратат дел од златото кое претходно го дале на Плато(5 злато) , а за возврат ќе му дадат на Плато денари кои ке треба добро да ги истутка за да не се повреди кога ќе ги употребува- се знае за што 😁))
Ефектот би бил следен:
(Уништена raw фирма) -5 злато кај Плато а + 5 злато во нашата економија
(Отворена raw фирма)+7500МКД за Плато а -7500 МКД од нашата економија

Ова се надевам ќе го прочитаат и надлежните во нашата е-Држава, и ќе размислат за остварливоста на овој предлог.

Останете со 100 здравје и многу тенкови

и незборавајте
VOTE
SUB
а за shout
Kako do poeftino zlato
http://www.erepublik.com/en/newspaper/makedonski-prikazni-264503/1