Економска анализа

Day 1,437, 15:47 Published in North Macedonia North Macedonia by AsT89

Послем кој знае колку време го отварам весников да напипам статија дури и мала трема ме фати при отварање (не ја рачунаме статијата пред некој ден што е пишувана поради алкохолизирана состојба🙂 )

Уште од поодамна сакам да презентирам неколку начина за намалуње на вредноста на голдот во нашата мила еТатковина. Почекав малце да помине фамата околу конгресманските избори па еве ме тука со статија

Во оваа статија ќе читате :
1.Вовед
2.Мала анализа на локалните валути
3.Citizens fee
4.Нови даноци
5.Субвенции од државата




1. Вовед
- Воведот на статијава е тоа што админите ја качуваат вредноста на златото , се разбира за да имаат повеќе потрошувачи од т.н. зависници од бустери , за разлика од порано денеска златото има огромна вредност. Тоа пред се се должи на уфрлање на локални валути преку вештачки купување на производи .
Тоа што купува производи милуваме да го наречеме "БОТ" е сега тој бот според некој информации уфрла локална валута колку што е потребно зависно од жители на држава , број на ресурси па дури и фирми што ѓи има таа држава.
Вака површински делува како борба против духови , ја би се сложил со таа константација , но сепак треба да се превземат некој соодветни чекори како би се пружило отпор. Мал но доволен




2.Мала анализа на локалните валути

Во оваа анализа ќе ги опфатам само неколку држави кој сметам дека се соодветни а тоа се Бугарија , Турција , Романија , Србија , Полска и Македонија ( Зошто баш овие држави објаснето во текстот )


Бугарија - Жители 7034 , Активни борци 2759 , 1 Злато = 890 , 4 Ресурси

Турција - Жители 8586 , Активни борци 2758 , 1 Злато = 712 , 4 Ресурси

Србија - Жители 18153 , Активни борци 6710 , 1 Злато = 477 , 10 Ресурси

Полска - Жители 12841 , Активни борци 4466 , 1 Злато = 504 , 10 Ресурси

Романија - Жители 7633 , Активни борци 2992 , 1 Злато = 1040 , 5 Ресурси

Македонија - Жители 8573 , Активни борци 3027 , 1 Злато = 954 , 6 Ресурси

( Активни борци се мисли денеска колку луѓе се имаат борено според податоците на egov4you)


Според оваа Анализа може да заклучиме дека двете држави Србија и Полска се неприкосновени имаат највеќе жители , највеќе активни борци најниска вредност на злато а и највеќе ресурси , но Бугарија и Турција имаат помалку ресурси и активни борци а сепак имаат подобар курс од нашиот а и од Романија. Сигурно се прашувате зошто ?


3.Citizens fee

Една од мерките за намалување на вредноста на златото е зголемување на Citizen fee ( пари што ново регистрираните играчи ги добиваат ). Во Бугарија и Турција citizen fee е 50 од локалната валута а во Македонија и Романија е само 5 од локалната валута .
Иако Македонија и Романија имаат повеќе ресурси и активни борци сепак имаме поскапо злато за разлика од Бугарија и Турција .


4. Даноци

За да се зголеми Citizen fee , мора и да се поднесат соодветни даноци а и воопшто потребни ни се нови данови , иако јас во оваа статија нема да предложувам какви даноци би требало да се донесат сметајки дека на таа тема треба да се соберат повеќе докажани економисти и со заеднички договор да се донесе одлуката .





5. Субвенции

За да имаме добар курс на нашиот денар треба да отфрламе денари , добра инвенстиција е тоа да купуваат земјишта и отвараат фирми за кој се потребни денари како што се фирмите за raw кој коштаат 7500 локална валута.
Тука државата треба да се заложи за зачувување на голдот и праќање што повеќе назад кај плато 🙂 .

Ако една таква фирма кошта 7,5 Злато , наместо играчот да раситнува 7,5 злато за да отвори таква фирма , ќе се оформи тим од министерство за економија каде што играчот ќе дава 4 злато а за воздрат ќе добие 7500 Денари со кој ќе мора да отвори raw фирма . Значи субвенција негде од 3,5 Злато али во денари со што се постигнува трошење на денарите и зачувување на Златото.


6.Како за крај кој ја прочита статијава да ми е жив и здрав , со превземање на овие мерки би требало да го донесеме курсот на денарот во нормала , секако не мерење со Полска и Србија али тука негде веднаш позади нив


Економска Анализа
http://tinyurl.com/Ekonomska-analiza


Ако ви се допадна статијава , за да имам мотив и понатака за пишување ставете глас и претплата