Историја на еМакедонија

Day 1,118, 02:46 Published in North Macedonia North Macedonia by thedragon


ЕДИТ 1
Започнавме со подеталната Историја на еМакедонија во соработка со весникот на Macedonian_Lion.


1.Вовед
2.Големата Измама
3.Македонска Фаланга (Русија)



Драги мои читатели сега ќе ве запознам со Историјата на еМакедонија, ова е само кратка верзија од еИсторијата која ќе следи во повеќе дела во друг весник.
Оваа Статија е напишана два дена после додавањето на еМакедонија.


Како прво ова е мојот прв артикал после шест месеци и прв во нашата еМакедонија подоле ќе им објаснам малку на новите еМакедонци за историјата и настанокот на еМакедонија !!!


Па да почнеме...

Играва почнав да ја играм пред година и пет месеци се регистрирав во Јава Индонезија тогашна велесила не еСветот тамо ја имавме првата Македонска Партија и од таму ги добивме првите еМакедонски Конгресмени.

После три месеци во Индонезија заминавме во еРусија каде што си ја имавме нашата прва еМакедонска Војска под Руска власт Командант ни беше Macedonia_Lion и во тоа време бевме најактивни имавме скоро 400+ активни играчи и десет различни единици и ние бевме од голема важност на тогашниот PEACE сега PHOENIX.

После тоа се префрливме во Турција каде што веќе имавме партија и многу еМакедонци учествува во политичниот свет на еТурција, каде што исто така имавме наша војска која што беше исто именувана како и војската во Русија, Macedonian Phalanx.

После четири месеци на постоење на еВојската во Русија и скоро месец постоење на војската во еТурција ние тргнавме да ја завземеме еБелгија но тоа не беше успешно и ние останавме во еБелгија да им помогнеме на Белгијците за нивната држава а и да собереме искуство за нашата држава.Таму за прв пат јас се влкучив во политичкиот живот два пати бев конгресмен и Министер за Финансии и Министер за Одбрана половина месец.

После тоа сите се раштркавме кој во еСрбија кој во еТурција еРусија не имаше на секаде почна да паѓа активноста на Македонските играчи и тогаш админите ја донесоја В2(верзија два) во која многу играчи не само Македонци се откажаа во кој и бев и јас но само за кратко(месец и половина)

После големи поплаки од сите играчи В2 беше заменета со некоја комбинација измеѓу В1 и В2, во тоа време на сите еМакедонци ни беше смачено веќе од играва што неможевме да си играме во својата Татковина и само што решивме да се откажеме админите објави артикал за додавање на нови држви во кои не имаа запишани само како ф**ом и следеа големи поплаки од нас голем број на тикети пораки и секакви други работи успеавме да го смениме мислењето на админите и тие решија да не додадат како Република Македонија(ф**ом) кое беше прифатливо за двете страни.


И еве ме денес во својата еТатковина еМАКЕДОНИЈА после година и пол играјќи и борејќи се за други држави.

КОЛКУ Е УБАВО ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ !!!ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДЕ ШТО СУМ МАКЕДОНЕЦ !!!!

Наскоро и целосна еИсторија на Македонското општество во еРепублик во неколку делови почнувајќи од првото појавување на Македонците па преку Македонската Фаланга во Русија и Турција па воведувањето на Македонскиот јазик во ерепублик вики кој е своевремено беше единствен јазик на ерепублик вики без своја матична држава па потоа политичките зреења во Белгија и Јужна Кореја, Македонците во најстарата српска паравојска со сопствена бригада па накрај до борбата за името и блефирањето на нашиот јужен сосед.
Да се знае минатото за да се планира иднината

1.Вовед
2.Големата Измама
3.Македонска Фаланга (Русија)
4.....
5.....
6.....
7.За другите статии ќе дознаете наскоро !


Неколку пораки до НОВИТЕ ИГРАЧИ

Како најважно НЕ СЕ БОРЕТЕ има време да се борите и да ја браните нашата еМакедонија стигнете до 16-17 левел кога ќе имате пари сами да се лечите тогаш почните да се борите.

ВАЖНИ ЛИНКОВИ ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ

ИСКРЕНО ВАШ


Тоа беше кратката верзија на Историјата на еМакедонија наскоро очекувајте ги другите статии со поопширно инфо.!!



П.С.
Не заборавајте за нашата Акција







ЕДИТ 1
Започнавме со подеталната Историја на еМакедонија во соработка со весникот на Macedonian_Lion.

1.Вовед
2.Големата Измама
3.Македонска Фаланга (Русија)


Со Почит :