Историја на еМакедонците [Вовед]

Day 1,124, 15:41 Published in North Macedonia Japan by Macedonian_Lion

Од денес весникот I Lav Macedonia започнува со објавување на Историјата на еМакедонското општетство до создавањето на еМакедонија во соработка со Министерството за Информирање и весникот Fun Macedonia. Статиите ќе бидат како еден мал времеплов виден низ моите очи, дел со факти и дел од меморијата на другите играчи.



Повеќето од вас не знаеле дека играва постои се додека не се појави веста на сител ТВ дека еМакедонија се спрема за напад на еГрција непосредно по додавањето на еМакедонија. Веста беше објавена благодарение на играчот sarmetina.

Историјата на eМакедонското општество започнува во Март 2009 кога беше и првиот скромен бран на зачленување на Македонци во еРепублик. Јас се регистрирав во тој период и откако ја видов веста дека во фервруари 2009 биле додадени неколку држави и дека и ние можеме да се избориме за додавање на еМакедонија како што претходно се избориле другите држави особено Србија и Хрватска. Од тој момент започна и моја (нашата) борба за еМакедонија, нејзино додавање како држава која ќе можеме да ја воздигнеме до ниво на светска велесила.

Во почеток не се знаевме кои се Македонци кои не се бидејќи ние немавме начин како да одредиме кој е Македонец а кој не. Меѓутоа преку комуницирање на форумот на кајгана горе-долу се спознавме кои сме Македонци во играта и оттаму започна првото групирање. Повеќете бевме населени воглавно во Русија, Србија, Турција, Романија и некои во Егејскиот дел од Грција а подоцна и во Бугарија и Индонезија.

Во почетокот доста луѓе ја избираа Романија поради сугестијата дека таму има добра економија и со тоа добра плата, некои ја одбираа Србија која во тоа време беше нова земја речиси еден месец по нејзиното додавање, Русија беше државата каде јас се населив (ден 521) а во тоа време беше речиси целосно окупирана од Романија и Норвешка освен регионот Kaliningrad и во Македонскиот дел во Грција.


ерепублик мапа, ден 421 од Новиот Свет (јануари-февруари 2009)


Откако дел од играчите се заинтересиравме за геополитичките случување во еСветот дознавме како стојат работите односно дека има два сојуза PEACE GC (сегашен PHOENI😵 и ATLANTIS (сегашен EDEN) и во споредба каде повеќе ни одговара почнавме и така да се групираме односно на страната на PEACE GC (сегашен PHOENI😵 така да сите се отселија од државите во сојузот ATLANTIS (сегашен EDEN).

Веќе во Мај 2009 се отвори и првиот форум erepmacedonia.com кој беше направен од Nikolce тогашен министер за демографија на еРусија воедно и првиот еМакедонец со голема функција во еСветот во кој не постоеше Македонија. Потоа следуваше и отварање на неофицијалана банка наречена Macedonian Treasury. Пасвордот од неофицијалната банка го имаa Nikolce и Boyan. Иако тогаш немавме ни за себе пари сепак од пуста желба за единство и со слепо верување сите дониравме по некој голд во неофицијалната банка која ни даваше надеж.

Продолжува...