Големата кражба [Историја на еМакедонците]

Day 1,126, 09:22 Published in North Macedonia Japan by Macedonian_Lion

На денешен ден пред една година...

Како и во историјата на Македонскиот народ во вистинскиот живот и тука се повтори историјата. Имено поради неажурност на форумот, неактивирање на нови членови и неактивностана на двајцата администратори (Nikolce и Boyan) јас, Macedonian_Lion, и Martin Davitkovski побаравме да го преземе управувањето со членовите на форумот. Тоа и ни беше дозволено од страна на Nikolce кој и беше сопственик на хостираниот сервер.

Оттогаш почнавме колку-толку нормално да работиме со форумот со рекламирање на форумот до сите Македонски играчи во ерепублик преку приватни пораки и шаути кои играчи во тој момент можеби и беа во една бројка од околу 250-300 луѓе поради надежта која ја имавме дека наскоро ќе биде додадена еМакедонија. Почнаа и дискусии за тоа да си го одредиме патот по кој ќе сакаме да одиме односно да си ги одбере пријателите а непријателите сами ќе се издвојат. Дури дојдовме и до степен да имаме едни од првите конгресмени и тоа во еБугарија имавме петмина конгресмени во септември 2009.

По неколку месечна дискусија и припремање на тајни акции и стратегии од интерес на идната држава ние почнавме да си читаме нашите цитати по странски форуми и канали а тоа значеше едно нешто а тоа е дека имавме крт во нашите редови, предавник кој постојано ги ставаше нашите непријатели еден чекор пред нас. Тогаш детално почнавме истрага кој е тој и утврдивме дека подолго време на нашиот форум се вклучувале играчи кои се од Бугарија а чија регистрација била одобрувана од Boyan. Тогаш и беше откриено дека под превезот со Македонско знаме сепак има бугарска душа која само сакаше да ја бугаризира Македонија што сепак беше откриено и веднаш почнавме дистанцирање од него со директно отстранување од форумот. Како врв на се, бидејќи ние го отстранивме од форумот тој веднаш ги украде парите од неофицијалната банка на Македонија, Macedonian Treasury.Се на се Бугаринот Boyan не само што испадна предавник на Македонската кауза туку и испадна крадец.
За целото ова време играчот Nikolce беше неактивен.

Украдено беше:
USD - 36
THB - 19
GRD - 32
CNY - 30
RUB - 80
RSD - 26
TRY - 219
RON - 319
IDR - 169
HRK - 130
HUF - 59
Gold - 135



Претходни статии од Историјата на еМакедонците:
- Вовед


Продолжува...