Работата на операторите на #eMKD [ Мин. за Информирање ]

Day 1,362, 02:38 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Како што знаете секоја еДржава има свој официјален Чат канал исто така и ние.
#eMKD е Официјалниот канал на еМакедонија каде секој граѓанин е добродојден за дружење, забава и делење на своето мислење со другите играчи. Воглавно овој канал е направен за полесна комуникација помеѓу играчите, но за да остане каналот уредно и цивилизирано место за разменување на секакви идеи и мисли се загрижени таканаречените Оператори.
Операторите се надгледувани како работат од страна на админите, а додека админите се надгледувани од страна на сопственикот на каналот но сите работат со една иста цел, а тоа е да се почитуваат златните правила од правилникот http://tinyurl.com/emkd-pravilnik на #eMKD
Како и да е, верувам дека досега повеќето од вас се запознаени со овој канал па затоа нема што да должам и ќе ве оставам да уживате во интервјуата со неколку од Операторите на нашиот канал и да слушнеме тие што имат да кажат. А доколку не сте го посетиле каналот слободно дојдете на http://mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=rizon.mibbit.org и не срамувајте се.
😉



Интервју со операторите на #eMKD


1. Која е твојата функција како оператор на #emkd ?

- VittaX: Посебна функција како оператор на #eMKD немам, сепак основната работа на еден оператор е да се грижи за редот, мирот и благосостојбата не само на #eMKD туку и на било кој друг канал.
- The_Grand_Admiral: Мојата функција како и функцијата на сите оператори на #еМКД е одржување на редот и мирот на еМКД и осигурување дека правилата се почитуваат.Мое е да се осигурам дека некој од нашите играчи нема да почне да врега некој друг на било која основа и би сакал да кажам дека без разлика на се ако не почитуваш некоја личност нема шанси таа личност да те почитува тебе
- Koteska: Диктатор 😃 Функцијата ми е Aдмин, кој има одговорност за операторите на каналот, и почитувањето на редот и правилникот на истиот.
- Archibol😛 Како админ/оператор моја должност е да се погрижам да се почитува правилникот на #eMKD, да ги насочувам ново дојдените ако бараат некој канал или лице, и да направам секој да се чуствува добродојден на каналов.
- Maked0ner: Должност ми е да го спроведувам правилникот и како админ да ја следам работата на останатите оператори.
- Ivana : Функцијата ми е да внимавам на редот,мирот и почитувањето на правилникот на каналот, но како што може да се примети во последниов преиод тешко се воспоставува.

2. Како ја добивте таа функција?

- VittaX: Лижев многу газови... Се зезам. Абе не знам ни самиот, ниту се пријавив на конкурсот ниту ништо. Доаѓам еден ден, ми вика Fricke „Зошто не ти дава ботот HOP?“.. ја не знаев што се случува, Fricke чепнал нешто, ме кикна после тоа и влагам јас пак ***PHX has given halfop to VittaX***, не поминаа ни 24 часа после тоа, влегувам пак...***PHX has given op to VittaX***.
- The_Grand_Admiral: Се пријавив на конкурсот за оператори кај фрицке што беше и почнав прво како halfop за два дена покасно фрицке да ме унапради во оп.Од тогаш па натаму се обидувам да го одржам каналот во ред
- Koteska: После вториот бејби бум имаше голема гужва на #emkd. Имаше потреба од повеќе оператори. Претходно ми даваа оп само по потреба, после ме прашаа дали сакам траен оп, и прифатив.. Еден убав сончев ден, влегов на канал и забележав дека покрај Оп, имам и Админ..
- Archibol😛 Функцијата ја добив поради неактивноста на некој Оператори во текот на летниот одмор, бев предложен како Админ од страна на Maked0ner и Drashhh_III_Makedonski каде со задоволство ја прифатив оваа улога.
- Maked0ner: Конкретно причината не ја знам бидејќи статус оператор добив многу одамна и сум еден од постарите оператори воопшто на #eMKD, но можеби поради залагањето да се одржува националниот канал во најдобро светло како и поради IRC искуството кое претхогно сум го стекнал.
- Ivana : Хммм , незнам 😛

3. Што најмногу ве нервира на #emkd ?

- VittaX: Што ме нервира ? Ме нервираат многу работи. Можеби сите мислат дека како први би ги навел тролчињата и спамерите, но во голема грешка е. Како први би ги навел неизживеаните деца или постари ( по години ) луѓе кои за нас оповите општо велат дека не сме се докажале во животот па мора да се истуриме над нив. Не е така, никогаш не ни било, бидејќи јас сум сигурен дека со моите 16 години ( Еве јавно да кажам колку ги имам ) имам тродупло повеќе постигнато од нив. Е после нив се троловите ( грци, инчи па и наши ), па спамерите.
- The_Grand_Admiral: Па на емкд како и сите канали има одредени спамери и тролови.Мене лично ми сметаат највеке лугето што мислат дека знаат се.Луге кои само знаат да плукаат по другите а кога ке ги прашаш за предлог они што би направиле кутат.Во оваква ситуација тоа на македонија не и потребно
-Koteska: Мене ништо не ме нервира, а јас многу души ги нервирам, незнам зошто.. Шала на страна, ме нервира улично однесување на канал, ме нервираат фрустрации дека оповите се семоќни, дека се диктатори, само поради тоа што некој има проблеми со однесувањето..
- Archibol😛 Најмногу ме нервира непочитувањето меѓу самите членови и непочитувањето кон Операторите на каналот, во смисла дека не си ја вршат добро работата.
- Макед0нер: Личностите кои со намера го прекршуваат правилникот на #eMKD како и кавгите/расправиите помеѓу присутните кои за жал ги има уште од моето прво појавување на каналот.
- Ivana : Највеќе ме нервира кога се однесуваат како 8 годишни деца па незнаат за домашно воспитување или пак сеуште го стекнуваат истото. Ме нервираат кога ке добијат бан и одма “па зашто го банира,не рече ништо лошо,диктатура,мислите дека сте семоќни”, а всушност не се свесни дека со нашето отстранување од канлот ги спречуваме да продолжат со вулгарностите за да на крајот се искараат меѓусебно.....без потреба никој ама НИКОЈ не добива бан.

4. Што најмногу ви се допаѓа на #emkd ?

- VittaX: Ми се допаѓа што на #eMKD секој ( под секој мислам на МАКЕДОНЦИ ) има право да си го каже своето мислење, а тоа што стравот од другите кои можат да ги нападнат го претвораат во кршење на правото за слобода на говорење тоа е сосема друга работа. Секој си има прилика да си каже што, зошто и како...ако веќе претераш со ирелевантни теми како „Кој е поголем спамер“ или политика, ова она истото може и треба да биде санкционирано...
Другата работа што ми се допаѓа е тоа што во секој момент можеш да најдеш некого за дискусија баш на горенаведениве теми или пак на некоја друга иако мораш да заминеш на некој друг канал, секогаш има вакви кои се спремни да ги искажат своите мислења и своите факти, но исто така и да ги слушнат твојте ( иако за ова ќе мора да одиш на друг канал ). И тоа... да не набројуам повеќе
- The_Grand_Admiral: Па емкд го сметам за канал каде што сите ние можеме да седнеме да направиме добар муабет со нашите пријатели и знам дека со сигурност сите ние го сакаме тој дел.За навредите би напоменал само дека ова е сепак само игра и би ги замолил сите играчи да се воздржуваат од нив
- Koteska: Мирот, откако се создаде eRep.mkd 😁))) Маѓично, преку ноќ, ги снема троловите, спамерите, провокаторите..
- Archibol😛 Ми се допаѓаат личностите со кои комуницирам, едноставно има со кого да влезеш на чат и да направиш зрел муабет и тоа во било која доба од денот. (Што се вели може рано наутро да се напиете кафенце со добро друштво)
- Макед0нер: Единствено ми се допаѓа позитивната атмосфера од дел од присутните иако во последно време е за жал ретка поради Х причини. Сепак во секое време има народ со кој можеш да си направиш муабет за мерак, а со тоа и за момент да заборавиш на проблемите од ВЖ.
- Ivana : Ми се допаѓа тоа што со чатот се стекнуваат вистински пријателства во РЛ, како и позитивната атмосфера на некои од играчите (но не и на сите ).

5. Доколку можете да смените нешто на #emkd што би смениле ?

- VittaX: Би имплементирал нови правила а со нив и построг систем на казнување. Ништо повеќе.
- The_Grand_Admiral: Па да сум искрен би требало да се воведат уште неколку правила поради последниве ситуации.
- Koteska: Би ги ставила Fricke и Makedoner со voice една недела, за да не ми ја празнат бан-листата :/
-Archibol😛 Нашиот канал за разлика од другите еДржави е нај активен и најпосетуван, едноставно има се што му треба за да биде прекрасен канал, така да не би сменил ништо. Се зезам бре би му дал .kb на тој ботот Limit 😃
- Макед0нер: Би го пратил Adolf Fricke* (😛) на годишен одмор на Копакабана се` со цел да ги наполни батериите со малку повеќе позитивна енергија за кога ќе се врати диктаторското столче да му припаѓа на другарчето на DigiSoft т.е семоќниот PHX 😃
- Ivana : Хмммм.. би ја сменила куќичката наместо кај Драш кај мене да стои, ах и да не заборавам ЌЕ МУ СКИНАМ АДМИН НА ФРИКЕ БАРЕМ НА ЕДЕН ДЕН (чисто из љубави) 😃

6. Што мислите за новиот канал #erep.mkd ?

- VittaX: #erep.mkd си е супер каналче иако е чиста спротивност на #eMKD , каналче за спам, трол и слични такви работи ( т.е. работите забранети на #eMKD ) . Со еден збор fun-каналче ( на кое одам кога ми фали спам ) кое за (не)среќа нема шанси да ја преземе работата како официјален канал на eМакедонија.
- The_Grand_Admiral: Во принцип е ок канал каде што се прават многу работи што не се дозволени од страна на админите на еМКД но сепак мое мислење е дека не треба да се делиме особено не во овие моменти секој од нас е потребен за Македонија и со внатрешно делење не правиме ама баш ништо.
- Koteska: Редовно сум гостин таму, кога сум под лекови.. Кога ќе ми помине дејството си излегувам од канал затоа што неможам да ги банирам 😃
- Archibol😛 #erep.mkd ?? Прв пат слушам за овој канал. Хехе не бре шала на страна и голем поздрав до Пацерите кои ќе бидат вечна Опозицја на еМакедонија, искрено таму не сум влегол па затоа не знам што да ви кажам.
- Макед0нер: "Divide et impera." односно полека, но сигурно очекувам да не снајде Турското чет сценарио така што оние кои најмалку "сакаа" поделби на населението ќе бидат истите кои ќе допринесат да во одреден момент бидеме поделени на два различни "официјални" чет канали. Истиот случај е и кај Турците каде одредена група во Февруари оваа година направи нов "официјален" канал наменет за турското население, па дури и неколку канали за армијата за до ден денес останат поделени на две групи при што истите немаат ниту трошка почит меѓу себе.
- Ivana : Што да кажам? :/ Нјглупавото нешто што би можело да се направи во играта а тоа е ДЕЛЕЊЕ НА НАРОДОТ, тоа го направија со самото настанување на новиот канал...(несакам понатаму да коментирам може да бидам погрешно разбрана )



#eMKD

-Сопственик
Drashhh_III_Makedonski

- Админи

Maked0ner
Fricke
Koteska
Archibold

- Оператори

Ivan_Vancho_Makedonski
Maja
DedaNoe
butterfly1135mk
Boban_M
pandaaigor
The_grand_admiral
Captain_Igor
Mia_Coluci
VittaX
KepenciMKD
CommanderTom
BlackMK
makedonec21
Ivana
Romb0
VikiMKD
[MTO]Dani-branitel

Линк од каналот =======> http://mibbit.com/?channel=%23eMKD&server=rizon.mibbit.org
Правилник на #eMKD ===> http://tinyurl.com/emkd-pravilnik



И да Ве известиме дека отсега соработуваме со нашите колеги од Србија и од Црна Гора.


Претплатете се на весникот од црногорското министерство тука.


Исто така претплатете се и на весникот од српското министертво тука.



Со љубов,
Министер за информирање - Svetecot
Заменици - EleNa [DzankY], DarkoG, Girl from MACEDONIA

Поважни линкови:
emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Mинистерство за образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник

Голема благодарност до операторите на #eMKD за нивната соработка. 😉