Време е за промени [МЗИ]

Day 2,284, 10:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав Македонци.

Како што веќе сите сте запознаени најверојатно ке бидеме без конгрес, уште еден месец во низата месеци без конгрес. Овој мандат се разликуваше од останатите и даде пример за тоа како треба да се игра и да се води Македонија, со желба, посветеност и решителност особено од претседателот кој треба да биде главниот мотиватор на народот.

Мислам дека доколку Македонија има уште 2-3 месеци претседател како PhantomMKD ќе застанеме на нозе.

За жал изненадувањето кое го спремаше оваа влада ако обезбедевме конгрес нема да биде во можност да се реализира и ќе остане за некои подобри времиња кои силно се надеваме дека ке дојдат кога-тогаш.



Која е целта на оваа статија?

Време да направиме промени во внатрешната политика.

Се соочуваме со најголемиот проблем досега. Мислевме дека одливањето на наши играчи од државата со земање на други државјанства е голем проблем. Но сме биле во заблуда. Има уште поголем проблем од тоа. Почнаа играчите да се одливаат и во други воени единици со што се прави огромна штета на Македонија.



Оваа слика покажува дека Грците се претставуваат пред е-светот како сериозен и моќен сојузник за секого, а нашата статистика и штета оди за други единици како Phoenix Legion, како Praetorian Guards и слично а не оди на правото место во Македонските единици. И јас бев дел од Phoenix Legion и ја забележав штетата која и ја правам на Македонија со моето присуство во странска единица.

И што е најважно со добивањето на што повеќе места во топ100 единици за време на турнири од Плато се добива повеќе единици кои добиваат награди т.е. пари од Плато кои подоцна се користат за CO против нас самите.



Оваа статија ке има за цел:

ДА СЕ УПАТИ АПЕЛ ДО МАКЕДОНСКИТЕ ИГРАЧИ ДА СЕ ВРАТАТ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ЕДИНИЦИ ЗА ДА МОЖЕМЕ И НИЕ ДА ИМАМЕ ВАКВИ СТАТИСТИКИ.

ДА МОЖЕМЕ ДА ПОКАЖЕМЕ ПРЕД Е-СВЕТОТ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЈА ИМА НА ИГРАВА!!!

ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПРАВИ ШТЕТА И ДЕКА НЕ Е ЗА ФРЛАЊЕ КОГА СТАНУВА ЗБОР ЗА НОВИ СОЈУЗИ!!!


Ако не можеме да се вратиме ние што сме со друго државјанство во Македонија за да ни брои штета за Македонија барем да ни се брои за Македонските единици таа штета и да можеме и ние да се пофалиме со квалитетни единици како Грците.

Информирајте го секој ваш пријател кој е во странска единица нека се врати во Македонска единица.

Имаме само 3 единици во топ 100 според egov4you сајтот. Ајде да го зголемиме тој број барем на 6.



Не е битно во која единица членувате битно дали тоа била МА, МТО, МНА, Демони, Тигри, АрМакедон или било која битно е да биде МАКЕДОНСКА за штетата и статистиките да бидат на наша страна а не на некои туѓи единици.

Ова ќе биде еден нов убав почеток ќе мора да се средиме прво внатрешно а не само да се трола дека надворешната политика е проблем. Да не се разбереме погрешно, не велам дека надворешната политика не е проблем ама внатрешната е уште ПОГОЛЕМ.

Ајде сите заедно да придонесиме за подобра ВНАТРЕШНА ПОЛИТИКА.



Затоа ке ве замолам да го прифатите овој апел и да ми помогнете мене на владата и пред се и најважно да и помогнеме сите заедно на Македонија.





СЛЕДЕТЕ ГО МОЈОТ ЧЕКОР.

Министер за Информирање

akconel