НОВА ПРОГРАМА ЗА ГОЛЕМИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО БУРНИ ВРЕМИЊА СО НОВИ ГЕНЕРАЦИИ

Day 2,268, 04:39 Published in North Macedonia Greece by kavadarci4ever
Сите ме знаете подобро од кој било друг па дури и од самиот јас, не верувам дека толку добро се познавам. Помина уште еден месец уште еден мандат во кој не се случи апсолутно ништо. Гледаме како се редат избори се бират председатели а Македонија стои во место, на дното од играва сме веќе подолг период, кој ли се не стана председател од најискусните до најголемите тенкаши, тотално ништо не се промени. Ова ми е второ кандидирање а можеби и последно не знам дали ќе пробам и трет пат во случај сега да не бидам избран, се на се она што се случуваше и ќе продолжи да се случува повеќе од јасно ми е барем мене не знам за останатите. Во иднина ќе се кандидират и ќе бидат гласани поединци на кои им недостасува председателскиот медал, сакајќи да се закитат со истиот нема што не ќе направат не ги интересира ниту Македонија или некаква си политика. Пред избори како што гледам секој досега што беше гласан Red Tornado, UNISTUVAC MKD, StrvleMKD и GoodBeer немаа објавено програма за работа што од ова може да констатираме. Овие луѓе не ги интересира да постигнат некоја цел или да сработат нешто во својот мандат, ги интересира само медалот, вие самите видивте како скандалозно почна мандатот на StrvleMKD и како заврши. Човекот на денот на изборите ронеше крокодилски солзи за медалот заканувајќи се дека ако победи Hoban Washburne а притоа си поднесе оставка тој како наследник ќе се откаже од фотељата со што јас би бил официјален председател на Македонија мене ми одговараше тоа и не ми пречеше воопшто. Но што се случи, сите па дури и Hoban Washburne мислеше дека јас ќе ја упропастам и онака упропастената непостоечка наша држава па мораше да потклекне на молбите и солзите од StrvleMKD и на самиот ден на изборите се повлече. Откако StrvleMKD стана председател сите знаете што настана потоа, човекот го снема од лицето на земјата и не се појави воопшто се до денот кога еден од неговите министри, akconel, јавно не го обвини за неактивност незаинтересираност и воопшто неизвршување на државничките функции за кои тој толку многу плачеше на денот на изборите, пукна тиквата се случи скандалот а Hoban Washburne искажа големо каење поради неговата кобна одлука за повлекување од функцијата. StrvleMKD беше всушност и не беше председател, да цели 30 дена го немаше си го зема медалот и си замина ниту еден апел организација или било каква активност од него не видовме цели 30 дена, замислете ПЛАЧКОТО за медалот каде ли само изчезна. А што можевме да очекуваме од човек кој немаше ниту предизборна програма за работа, што би работел. Овој месец помина и мандатот на GoodBeer, едно можеме да му признаеме барем не плачеше за медалот но си го лапна. Исто како и неговиот предходник GoodBeer немаше програма за работа со која ќе се обврзеше дека активно ќе го помине и работно својот мандат. Пасивност и незаинтересираност видовме и кај него, нормално и тој се кандидираше за медалот си го зема и него го снема од лицето на земјата а зошто би го имало кога не го интересира Македонија важен му беше медалот. На овие избори имам два противкандидати кои многу добро ги познавам Phantom MKD и Mr.Santinoo, првиот беше министер во владата на стрвниот тотално неактивен а вториот ти е од типот на луѓе кои би ги опишал со зборовите "пу пу не важи" воедно и виновникот што го кандидира стрвниот и двајцата немат програма или било каква агенда за работа се на се празни зборови секојдневни во нивните кандидатури. За benveder освен што знам дека е од неготинската провинција друго не знам но дали има програма и било каква мотивација за работа тоа на сите ни е јасно. И за крај остана AntitalenaT која е неговата цел за кандидирање никој не знае човекот не го интересира медалот а ниту играва чисто хоби и политичка забава од досадилак кандидат. Во изминатиов период како сум овде гледам и едно не ми е јасно како може да гласате кандидати без програма со која ќе се обврзат пред својот народ, како може да гласате кандидати на кои им недостасува само медалот, зошто гласате кандидати кои немат никаква цел откако ќе станат председатели, има уште многу како и зошто, но да не должам ќе преминам на мојата програма за овој месец доколку бидам избран за председател што планирам да реализирам. Покрај оваа на сила останува и предходната програма (http://www.erepublik.com/en/article/-1-2348522/1/20) која беше реформаторска.


ПРОГРАМА ЗА ПОПУЛАЦИСКА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА

I-во рок од три дена по моето назначување за председател и формирањето на владиниот кабинет ќе биде распишан конкурс за флаер со одредени димензии. Изборот ќе биде транспарентен, сложен и сеопфатен процес на конечно идејно решение за официјален флаер, кој ќе биде поделен на однапред утврдени целни групи на граѓани. Како главен проект менаџер на оваа програма ќе назначам национален координатор и по еден до двајца извршители во секое населено место од веќе постоечките регистрирани играчи, се разбира на доброволна основа никој нема да го фатиме за врат со сила. Пожелно е поделбата на флаерите да биде направена на ученици, основци и средношколци како утврдена целна група која би можело да биде најзаинтересирана за играва. Потоа тука се интернет клубовите ширум Македонија, со разговор и одобрување на нивните сопственици на влезните врати и во самите објекти ќе бидат поставени рекламни паноа кои ќе се однесуват на играва, исто и овде ќе бидат поделени флаери.
II-објава на регионални и локални интернет сајтови кај кои се надевам ќе најдеме на разбирање од финансиски аспект. Овие националниве сите знаеме дека работат за пари и нема шанси да ни излезат во пресрет во вид на спонзорство и донации, веќе се обидов кај еден и не добив никаков одговор, но тоа не значи дека нема да пробам и кај другите. Објавата ќе се однесува на erepublik и Македонија со прецизен натпис и текст кој ќе побуди потик кај читателот да биде дел од erepublik. Исто и овде ќе назначам национален координатор и извршители по населени места на доброволна основа.
III -третата подпрограма се однесува на локални електронски и печатени медиуми, како што се телевизиски и радио станици, весници од локален карактер. Предноста кај ваквиот начин е во тоа што истиот е многу евтин па можеби и безплатен во случај на спонзорства и донации пријателски контакти и слично а воедно може да се покрие поголема територија со посакуваната информација. Исто како предходните две подпрограми ќе биде назначен национален координатор и извршители кои доброволно ќе се бават со овие активности.

Цел на оваа програма е да на секој можен начин го зголемиме бројот на активни македонци и со тоа придонесиме да бидеме меѓу најзастапените во ерепублик. Бројноста сама по себе не значи и квалитет но со тек на време ќе се преземат конкретни мерки за зголемување на квалитетот на секој играч поединечно, преку нова програма наречена ментор програма со која ќе бидат опфатени сите новорегистрирани играчи.


ПРОГРАМА ЗА МЕНТОР ГРУПИ

I-индивидуални ментор групи ќе ги сочинуват еден ментор и еден новорегистриран играч, овој вид на ментор група ќе биде најдобра затоа што менторот ќе му посвети максимално внимание на почетникот.
II-средни ментор групи составени од еден ментор и два до пет почетници за овие групи ќе ни бидат потребни ментори со понапредни вештини на менаџирање и способност за комуникација. Сепак ќе треба да се координира развојот на неколкумина нови и тоа нема да биде така лесно.
III-големи ментор групи составени од шест до десет нови членови и ментор кој ќе има супер менаџерски способности, но и голем толерантен капацитет кога се работи за учењето на новите и нивното правилно насочување, како да се развиват во силни и лојални граѓани на Македонија.

Цел на оваа програма ќе биде да се обрне посебно внимание на секој новорегистриран поединечно, преку совети и друг вид на помош да се задржи неговото внимание и да се зголеми интересот за играва. Голем број на оние кои се регистрират воопшто не продолжуват, после само неколку дена активност или воопшто уште првиот дена напуштат, таква беше и мојата намера кога се регистрирав но еве ме пет месеци покасно сеуште сум овде, нема некоја посебна причина што сеуште сум активен но за сите оние кои допрва ќе дојдат мора да најдеме еден куп причини да останат.


ПРОГРАМА ЗА ДОВЕРБА И СИГУРНОСТ

I-со детални и прецизни финансиски извештаи ќе биде запознаен секој македонец, не смее и нема повеќе да имаме обвинувања за кражби и манипулации со државните пари. Тоа се пари на секој македонец што плаќа данок и има право да знае каде и зошто се трошат. Да се зголеми довербата помеѓу обичниот граѓанин и владата ќе ми биде од посебен приоритет а за таа намена на државно ниво ќе биде поставен министер за финансии кого вие сите сами ќе изберите.
II-на посебни состаноци и средби со секој македонец што ќе пројави интерес за тоа ќе разговараме за сегашните и наредните чекори во надворешната политика на владата. Ќе бидам отворен и конструктивен за предлози и решенија ќе прифатам критики, мислења на другите, онаму каде што сум погрешил мора да се поправам.
III-меѓусебната доверба ни е слаба страна, воопшто ја немаме, тоа го воочив уште од самиот почеток. Многумина гледам се залагат за надворешна политика, но јас ќе бидам првиот председател што ќе почнам да работам на внатрешната политика. Потребни се промени на подобро кога станува збор за внатрешните односи, помеѓу единиците, партиите, владата и председателот. Затоа се надевам ќе успееме заедно да ги надминеме сите препреки што ни стојат на патот до големото обединување. Јас веќе еднаш пробав во тоа но колку бев успешен или неуспешен не можам да кажам, сепак од позиција на лидер на државата како татко на нацијата мојот збор и авторитет ќе добијат на тежина и почит кај повеќето. Дајте веќе еднаш да разговараме и да се помириме внатре а потоа да тргнеме надвор во освојувања. Поделени, раскарани, ослабени никогаш нема да успееме мора прво да се ослободиме од нас самите нашиот гнев и омраза а потоа преку духовното ослободување да дојдеме до она телесното и конечно Македонија да ја видеме како сама си ја крои иднината а не другите го прават тоа за нас. Без ова внатрешно ослободување нема да има ниту ослободување од моменталниот окупатрор.

Цел на оваа програма е да донесе хармонија пред се внатрешна а потоа и надворешна со нашите соседи и сојузници а зошто да не и со сите останати земји. Ги тангира според мене најгорливите теми кои нас во моментов не потиштуваат и преку чие надминување се надевам ќе промениме многу работи. Конечно да запрат разните обвинувања, бегствата и земањата на туѓи државјанства, да се стимулира повратокот на секој македонец, да се врати квалитетната беспрекорна организираност во единиците партиите и владата.

ПРОГРАМА ЗА РЕФЕРЕНДУМСКО ИЗЈАСНУВАЊЕ

I-заедно според однапред утврдени критериуми ќе одлучуваме за формирање и членување во постојни или идни сојузи, притоа рационално расудувајќи во донесувањето на одлуки од интерес за Македонија.

Цел на оваа програма е да ја зајакне довербата помеѓу секој македонец и држатава, како и можноста граѓаните да одлучуват сами за сопствената иднина. Нема да има можност за манипулации со граѓаните, референдумското прашање ќе биде точно и недвосмислено поставено а сите ќе имат право на глас па дури и оние македонци што се надвор од Македонија. На овој начин политичката моќ на поединецот ќе зајакне и нема да биде употребуван само како гласач за изборите. Ќе биде донесен правилник за утврдување и распишување на референдум за најкрупните одлуки со што јас како председател и владата речиси ќе бидеме слуги на граѓаните во права смисла на зборот. Конечно македонецот ќе ја земе власта во свои раце.

Ако мене ме прашате поважно е да се има добра програма отколку добар мандат, но мандат без програма е вистинска катастрофа, во изминативе пет месеци ни се случија пет катастрофи, пет гревови кои не смееме да ги повториме, затоа гласајте за мене како единствен кандидат со програма за работа.

СОСТАВ НА ВЛАДА
-цела Македонија-

РЕАЛИЗИРАЊЕТО НА ОВАА И НА ПРЕДХОДНО ПОДГОТВЕНАТА ПРОГРАМА Е НА ДОБРОВОЛНА ОСНОВА НИКОЈ НЕМА ДА БИДЕ НАТЕРАН СО СИЛА АКО НЕ САКА ДА УЧЕСТВУВА ВО АКТИВНОСТИТЕ БИДЕЈЌИ МИНАТИОТ ПАТ МНОГУМИНА СЕ ПОЖАЛИЈА ДЕКА НЕ ИМ СЕ РАБОТИ ПА БАРАА ДА БИДАТ ОТСТРАНЕТИ ОД СПИСОКОТ НА ВЛАДАТА СЕГА НЕМА ВЛАДИН СОСТАВ КОЈ ЌЕ ПРИФАТИ ДОДЕЛЕНА ЗАДАЧА ТОЈ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДАТА ЌЕ ИМА ПОТРЕБА И ЗА РАБОТА НА ТЕРЕН ДОКОЛКУ ИМА УЧЕНИЦИ ДОБРОВОЛНО ШТО ЌЕ ЈА ИЗВРШУВААТ ТОА Е ВО РЕД НО И АКТИВИСТИ ПОВОЗРАСНИ ПА ЗДРАВЈЕ АКО ДОБИЈАМ МАНДАТ ЗОШТО ДА НЕ ОРГАНИЗИРАМЕ И ДЕН НА ДРВОТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ЕРЕПУБЛИКАНЦИ НЕКОГАШ ВО БЛИСКА ИДНИНА СЕ РАЗБИРА СО ПОДРШКА НА ВЛАДАТА ОСТАНУВАМ ОРИГИНАЛЕН ОСТАНУВАМ ЕДИНСТВЕН СВОЈ НА СВОЕТО МАКЕДОНСКА ОБЕДИНЕТА АЛИЈАНСА НА ОВИЕ ИЗБОРИ НАСТАПУВА ВО КОАЛИЦИЈА СО КОМУНИСТИЧКА ПАРТИЈА НА РМ И МАКЕДОНСКА СЛОБОДА БЛАГОДАРЕН СУМ НА НИВНАТА ПОДРШКА ПОБАРАВ И ОД ДРУГИ ПАРТИИ НО НЕ ЈА ДОБИВ СЕГА КОГА ВЕЌЕ ПОМИНАВ ЕДЕН ИЗБОРЕН ЦИКЛУС ЈАСНО МИ Е ДЕКА НЕМА ПОБЕДНИЦИ ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ПОРАЗЕНА ЗАТОА ПОСЛЕ ПЕТТИ ФЕВРУАРИ МОРА ТУРБО ДА СЕ РАБОТИ

- НЕ ГО БАРАЈТЕ НАШИОТ НЕПРИЈАТЕЛ ТАМУ ДАЛЕКУ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВО НАС И УНИШТЕТЕ ГО -

во слога за успех на Македонија