Кандидатура за Претседател!

Day 2,261, 04:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Phantom MKD

Добар ден Македонци

Добив слободно време кое ќе сакам да го искористам за да помогнам Македонија да се врати на картата, а тоа сакам да го направам преку Претседателските избори.

Малце играчи ме знаат од играва во РЛ пред се имам 22 год и сум од Охрид.
Дипломиран на Факултетот за Tуризам 🙂


Претставување на моите цели!

1.Склопување на МПП со Земји како "Унгарија, Турција, Аргентина".
2.Зајакнување на дипломатијата со останатите сојузнички држави.
3.Враќајње на Македонија на картата.
4.Добивање на конгрес.


1.Сметам дека за првата позиција може одлично да се изигра затоа што тие се стари пријатели, и мислам дека можат да се придобијат на наша страна.. а вооедно и нив им одговара да бидат од спротивна страна со нашиот најголем непријател Грција.
Додека за Аргентинците и останатите членки од Америка, сметам дека е што подобро да ги имаме повеќе затоа што на тој начин ќе обезбедиме значително добра штета во вечерните часови 🙂

2.За зајакнување на дипломатијата со нашите добри пријатели Чиле, Бугарија, Индо
ќе се погрижам и понатаму да останиме со нив на тој начин што ќе следиме секое нивно пробивање и склопување на Мпп со останатите земји.

3 Враќање на МКД овдека планирам да успеам на начин со јака дипломатија. Ќе ги известам сите пријатели на Македонија. Ако треба ќе зајмиме и пари за CO и на точно утврден датум ќе се пука за Македонија. Овдека исто ќе се извести преку статија на Македонските играчи на кој ден ќе биде востанието а 5 дена пред да биде ќе направам список на лица кои што сакаат да дигнат востание во територијата каде имаме најмногу Бонус. Секако кревајнето на востанието ќе биде доброволно но доколку успееме да имаме конгрес парите ќе бидат вратени на тие што го кренале востанието и + 200 денари стимулс затоа што се пријавиле.


4.Добивање на конгрес
Откако ќе го добиеме конгресот при крајот на конгресот т.е следниот месец ако имаме потреба ќе ги намалиме даноците на 1 процент.
Овде исто би посочил сите Македонци кои се надвор од државата да се вратат во МКД.

ДЕФИНИЦИЈА ЗА ПАТРИОТ!
Секој што ЌЕ СТОРИ СВЕ за да ја има својата земја на Карта Е ВИСТИНСКИ ПАТРИОТ!
(Што значи ако треба и МПП со некој наши земји "непријатели" ЈАС ТОА ЌЕ ГО СТОРАМ! секако нема да биде со грците, но ако имам прилика да бирам или со Србите или со Полска јас тоа ќе го сторам! Секако ова ќе биде во зависност од нашите најголеми сојузници (чиле, бугарија, индо ) и страната која тие ќе ја одберат. 🙂



Во врска со Тимот!
Секој што сака да ми помогне за МАКЕДОНИЈА!
Нека ми пише ПМ!


[EDIT]
Тимот е составен!
1.Prime minister Volk1975
2.Ministerstvo za zdrastvo Wendy
3.Ministerstvo za informacii Akconel
4.Ministerstvo za odbrana Milosheski Reborn
4.Mofa Prince of Austria и јас секако + (Origninal MKD ) 🙂
5.Guverner BognaVojnata!



Фала однапреT!
Фантомот