[КОНГРЕС] Соопштение до јавноста за одржаната седница на 28.12.2010.

Day 1,135, 06:34 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Почитувани,

На ден вторник, 28.12.2010та година во 22h беше одржана втората по ред седница на Конгресот.
На седницата присуствуваа 19 конгресмени и два формални члена без право на глас со што беше постигнат кворумот за работа.

Точки на дневен ред:
- одобрување на барања за македонско државјанство

Се дебатираше и гласаше по шест барања за македонско државјанство. Од нив, четири беа одобрени а одбиени беа две апликации. Денес беа одобрени плус четири нови државјанства.

АПЕЛ: Доколку познавате некого кој е на листата на чекање за одобрување на македонско државјанство а можете да гарантирате за истиот или доколку некои од нив имаат намера да го злоупотребат македонското државјанство, Ве молиме обратете се до претседателот на Конгресот DedaNoe  или неговите заменици PhoenixMK и Hikagenius

Листата со апликации за барање на македонско државјанство како и конгресмените кои ги одобриле истите можете да ја видите овде
Наскоро ќе објавиме дополнителни информации околу одобрувањaтa на македонски државјанства, затоа, следете го овој весник.

Kонститутивна седница
Соопштение (29.12.2010)

Ваш
PhoenixMK, заменик претседател на Конгресот.