[КОНГРЕС] Соопштение до јавноста за одржаната седница на 29.12.2010.

Day 1,136, 04:39 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Почитувани

На ден среда, 29.12.2010та година во 19.00h беше одржана третата седница на македонскиот Конгрес. На уредно свиканото собрание, присуствуваа 17 конгресмени со што беше постигнат кворум за работа.

Точки на дневен ред:
- формирање на Комисија за одобрување на македонски државјанства
- расправање околу апликации на баратели на македонски државјанства со сомнителна позадина и
- дискусија за финансирање на паравоените единици за бустери од страна на НБРМ


1. Мнозинството одлучи дека посебниот конгресменски дел на форумот ќе биде местото каде што ќе се расправа и гласа за одобрување на апликациите за македонско државјанство.

2. За играчите со сомнителна позадина, државјанство ќе се одобрува на следниов начин:
- контактирање на поединецот од страна на конгресмен
- дискусија со поединецот преку приватна порака или на чет
- расправа во собранието и одлучување по истото.

3. Беше предложена идејата, државата да ги финансира членовите на паравоените единици во еМакедонија за користење бустери со цел развивање на поголема воена моќ . Мнозинството одлучи дека таа област треба да се дискутира заедно со државната управа а покрај паравоените единици да бидат опфатени и други играчи кои ќе бидат финансирани за истата цел.

Ваш
PhoenixMK, заменик претседател на Конгресот.

Kонститутивна седница
Соопштение (28.12.2010)