[PhoenixMK] Отварање на јавна дебата околу идните планови на МК

Day 1,305, 10:25 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK


Кога се објави пред речиси 20 дена можноста за остварување на планот Апулија да ја превземе Србија како привремено решение додека не измине опасноста од Хрватска (вклучувајки го и периодот кога ја држиме Грција под окупација) никој не се бунеше. Исто така никој не се бунеше кога пред некоја недела планот одеше кон остварување но србите кикснаа и Хрватска не нападна. Сега, откаkо веќе планот се оствари многумина почнаа да се бунат дека не сме требале да ја даваме Апулија (т.e. по вчерашните промени) па што сака нека било. Зар треба да ги изгубиме овие региони кои месец дена ги освојувавме за еден ресурс повеќе? Размислете дали можеме сами против две земји со еден куп посилни војници од нас? Планов беше последната, лута алтернатива доколку Унгарија не ја нападне Хрватска и моравме да реагираме навреме плус е од стратешко значење на цел ONE сојуз.

Како МоФа мислам дека докажав во овие месец и половина дека работам транспарентно, и комуницирам со јавноста нон стоп. Планот беше познат одамна, го објавив во мојот весник и мојата работа заврши тука. Требало да се информирате навреме и тогаш да протестирате. За да не мислите дека не го слушаме мислењето на јавноста и дека реагираме на ситуациите како ни текни, јас лично се решив да понудам неколку алтернативни решенија. Бидејки според мое видување, на многумина очигледно ресурсите им се поважни од се место сојузништвото, соработката и позицијата на Македонија воопшто, ви нудам 5 решенија. Кој план најмногу ќе го изгласате лично ќе настојувам кај Претседателот и ONE тој план да се оствари и еднаш засекогаш да се заврши ова.

1. Држење на Грција под окупација

Позитивности: Мирување и целосна посвета кон сојузничките борби. Евентуално доколку ослободат регион да ги прогласиме за НЕ и повторно да војуваме.
Негативности: немаме бонус од НЕ, краткотрајност, монотоност

2. Враќање на Апулија

Позитивности: Конекција со останатите региони и бонуси кои ќе допринесат на економски план за поголема продукција и профит на играчите.
Негативности: Отварање нов воен фронт со друга мастеркард земја која ќе допринесе за брзо време да ја изгубиме Апулија (или друг важен конектор-регион преку востание) но и региони на Апенинскиот полуостров каде ни е главниот град. Грција брзо ќе се ослободува поради многубројните востанија и тенкања од страна на хрватите така да ризикуваме бонусите да не ги искористиме ниту еден ден доколку Апулија или пак Епирус паднат уште на почетокот на војната. Полека империјата ќе ни се намалува.

3. Не/Враќање на Апулија и ориентирање кон Бугарија

Позитивности: Можност да им помогнеме на нашите Турски браќа побрзо да ја избришат Бугарија и наша слатка одмазда
Негативности: Ако се врати Апулија, ќе имаме три фронта. И да не се врати Апулија, Грците лесно ќе ослободат свои региони бидејки инфлуенсот што го прават Бугарите во војните е доста поголем од нашиот (зборуваме за активните играчи без тенкови) и можност од повторно бришење на оригиналните македонски територии и апенинските доколку отвориме фронт со Хрватска.

4. Напад врз Франција или тренинг војна

Позитивности: Помош кон Унгарија и спречување на нејзин нов фронт доколку озбилно нападнеме. Тренинг војна која ќе ни даде бонус на воен план. Можност за рентање на територии доколку секако прифатат (но претходно минатиот мандат ме одбија за рентање на еден регион поради лоши искуства)
Негативности: Губење на британското МПП негативно ќе влијае кон британците кои ќе мораат да бират меѓу нас, влошување на односите со Французите кои повеќето сеуште имаат топли чувства кон МК, губење на довербата и можност за дополнителен мир во иднина поради прекршување на мировниот договор, дополнителен фронт кој ќе атакува на нашите колонии

*лично сум многу против овој план бидејки јас сум еден од потписниците на новиот мировен договор меѓу Франција и Македонија. Принципиелен и човек од збор сум, но сепак мнозинството одлучува и ќе ја почитувам таа одлука.

5. Префрлување на главниот град на Балканот

Позитивности: Спојување на регионите т.е. бонусите добиени од Грција т.е. плус еден ресурс повеќе одошто тоа што моментално го имаме
Негативности: Да се збогуваме од користењето на Италијанските колониии, многу трошоци (преселби) и голем ризик да останеме на помал број на ресурси. Нема враќање назад. (бар додека не ни го избришат главниот град на Балканите) 😃

Селектирајте внимателно, ако кукате сега за ресурси после ќе кукате за региони! Како се освојуват региони, така и се губат. Не ќе можете да покажете со прст кон други особено кон Претседателот кој најмногу го обвинувате за било кој проблем.

Оставам на Вас, да го видам Вашето АРГУМЕНТИРАНО мислење

И за крај, сфатете дека САМИ не го постигнавме ова, САМИ не можеме против сите. Не летајте во облаци, тркалото се врти. Како што напиша Струмјанин во неговата статија "И ова ќе помине". Во оваа игра победува тој што има подобри сојузници, сетете се само на примерот со Војводина пред месец дена, најсилната држава паѓаше од страна на два играчи Ромпер и Аргроб кои правеа преку 20 милиона штета и тоа поединечно. Нашите тенкови да кажеме ќе ја неутрализираат нивната штета но што со другите? ако Србија мака мачеше со нив, замислете нам како ќе ни е на два фронта.

Кратки факти:
- Мир со Хрватска во блиска иднина ќе нема. МНР и Лавчан како амбасадор издејствуваа за мир пред војната. Иако претходно ни беше речено дека директна војна меѓу нас ќе нема сепак притисокот за помош кон сојузниците си го направи своето. Плус во интерес и на нашите тенкови е со Хрватска да немаме фронт не секогаш ќе можат да не вадат од калта.
- Мир со Бугарија во блиска иднина ќе нема бар од наша страна не постои желба.
- Можност за преговори со Грција не верувам дека ќе има доколку секако не контактираат ќе бидете известени но не верувам дека после бришењето ќе сакаат воопшто мир со нас.
- Мировен договор со Франција
- Враќање на Италија на мапата

Секако, можат да се случат многу промени додека трае оваа дебата. Ова е мое мислење и не мора да се согласите со мене (ако сум испуштил нешто додадете) но сакам и прифаќам само аргументирани ставови а не мислења од типот "третата опција" и јаки сме ова-она... И БЕЗ ПРЕПУКУВАЊА, мислам дека можеме барем еднаш да дискутираме на ниво како возрасни луѓе.

п.с За давањето на Апулија и отстранување на фронтот со Хрватска беа прашани и нашите тенкови и тие го делат нашето мислење дека дополнителен фронт не ни е потребен во моментов. DedaNoe доби согласност од нив за остварување на овој план.

Ваш
PhoenixMK
МНР Македонија