>>Конгресот и бебињата [Kongres]<<

Day 1,476, 16:37 Published in North Macedonia North Macedonia by smekerot


Иако темата со државјанствата сеуште пробувам да ја одржам актуелна се чувствува дека интересот за неа спласнува. Се почесто во медиумскиот простор на актуелност добива темата „бејби бум“. А Конгресот со кој јас претседавам не би бил Конгрес доколку не понуди директни решенија или барем свое гледање на работите околу најжешките политички теми во еМакедонија.

По повод активностите околу „бејби бумот“ Конгресот излезе со доста практични политики за поддршка. Најпрво излеговме со став дека оваа акција ќе ја поддржиме со 30.000 мкд од буџетот на Конгресот, од кои 15.000 мкд за оружје и 15.000 мкд за храна. Тоа и го направивме. Преку статијата „Конгресен Билтен бр.1“ на Don Tas објавивме Тендер за набавка на храна и оружје. Комисијата за Тендери во моменот работи на избор на најпогоден понудувач според Правилникот за Тендери.

Следен чекор е како да се подели сета оваа храна и оружје на бебињата? Бидејки ова е сенародна акција сакаме да направиме еден поширок фронт за зачувување на бебињата па затоа одлучивме да го прифатиме менторскиот систем на TomiDam кој е објаснет во неговата статија Црвен Крст. На тој начин храната и оружјето Конгресот ќе ја донира на волонтерите на Црвен Крст кои ќе се грижат за бебињата. Како волонтери ќе се вклучат и конгресмени за да го надгледуваат одблизу процесот на делење.

Но Конгресот не застанува овде. Бидејки сме познати по нашата креативност или инвентивност сакаме да дадеме една идеја со која уште подобро би се помогнало на бебињата. Еве за што се работи:

Откако ке се роди бебето една од првите мисии му е да се зачлени во воена Единица. Во Македонија има 3 или 4 воени единици кои примаат бебиња во своите редови (играчи со ранг Private- тоа е најмалиот ранг во играва). Нашата идеја е наместо Mia Coluci, Sarmetina, Don Tas и останатите кои ќе направат бејби бум, да ставаат линкови од бебињата по статии по практично би било сите бебиња да ги собереме во една Воена Единица која би ја нарекле Црвен Крст (по статијата на TomiDam). Бебињата ќе ги собереме таму единствено ако се договориме воените единици во Македонија да го подигнат прагот на прибирање регрути за 2-3 скалила (ранк Sergeant например) а единствена Воена Единица која ќе прибира регрути со ранк Private да биде Црвениот Крст. Доколку успееме бебињата да ги сместиме на едно место ќе можеме полесно да ги контролираме и во секое време ќе имаме увид колку од нив се живи и како напредуваат. Воената Единица Црвен Крст ќе биде водена од волонтери кои ќе се грижат за бебињата и ќе им донираат секојдневно храна и оружје што ќе биде обезбедено од Конгресот и од хуманите донатори. Конгресот од свои средства е подготвен да даде и 40 голд за основање на Воената Единица Црвен Крст. Командант на таа воена единица ќе бира Конгресот од редот на НАЈХУМАНИТЕ македонски граѓани кои со своите хуманитарни акции се истакнале во минатото или ги спроведуваат и сега. Командувањето со единицата ќе биде ротирачко

Со тоа сакаме да ги мотивираме и останатите Македонски институции па и постарите играчи да се вклучат во зачувување на најважниот ресурс во играва а тоа се ГРАЃАНИТЕ. Идејата Црвениот Крст наместо само организација да биде и Воена Единица има за цел со континуирана активност на ХУМАНИТАРЦИТЕ во играва да се зачуваат што повеќе бебиња а со тоа Македонија да стане ТОП 1 земја по број на население во светот.

EDIT: Можеби идејата оваа МУ да се вика Црвен Крст не е баш најдобра. Мислам дека оваа МУ треба да се вика ДЕТСКА ГРАДИНКА 🙂 Откако ќе пораснат децата ќе се вклучат во други МУ.

Оваа прилика ја користам да ги известам македонските гастарбајтери дека Конгресот одлучи на утрешниот ден 06.12.2011 по повод изборот на нов претседател на Македонија економските државјанства на македонците по род да не се наплаќаат. Тоа значи дека секој македонец што аплицирал за државјанство ќе добие БЕСПЛАТНО ДРЖАВЈАНСТВО.



ПРОЦЕДУРА ЗА ДРЖАВЈАНСТВО: Дојдете на #Kongres.Drzavjanstva и пополнете го формуларот кој ќе го најдете во топик на каналот а конгресмените ќе ви одобрат БЕСПЛАТНО државјанство






СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш
Smekerot

За сите оние родени од старамајка што сакаат да стават shout

Конгресот и бебињата [Kongres]
http://www.erepublik.com/en/article/-kongres-1-1918871/1/20