Црвен Крст на еМакедонија

Day 1,474, 16:11 Published in North Macedonia North Macedonia by TomiDam

Здраво на сите еМакедонци/ки

Како што сите знаеме подолго време на еМакедонија и е потребна „свежа крв“ во играта (како што напиша и El Che G „We need fresh blood“ http://www.erepublik.com/en/article/we-need-fresh-blood-el-che--1916634/1/20).
Меѓутоа знаеме дека таа „свежа крв“ што треба да ја освежи еМакедонија и да ја направи посилна не ретко се откажува од играта после неколку вклучувања.
Затоа, уште кога Дуле (Dushko Avramovski) спомна (навести) дека може да оди како кандидат за еПретседател на еМакедонија, со него разговаравме за можните начини како да се помогна на сите еБебиња во играва.
Од тој разговор произлезе идејата да се реактивира Организацијата на Црвениот Крст на еМакедонија, која кога јас почнував да ја играм играта ми помогнала во многу наврати (а верувам и на многу други еСожители).
Сведоци сме на многу обиди за помош на еБебињата (отварање на канали за помош, делење леб преку shout-и, преку текстови и таканатака и таканатака).
Црвениот крст нема да дели леб на тој начин, туку ќе се направи список на еБебиња кои секој ден ќе добиваат извесен број на лебови (wellness) кои ќе треба да им биде дополнителен стимул за играње и борење.


1. Структура на Црвен Крст

Кога се мислевме како да биде организиран Црвениот Крст на еМакдонија, се водевме од идејата дека ако работењето/волонтирањето во него захтева многу време за играчите, тоа на долг временски период нема да биде одржливо.
Затоа структурата на Црвениот крст ќе биде така поставена, да секој играч кој ќе се нафати да помага не одвојува повеќе од 20 минути од своето време.
Структурата на Црвениот крст ќе биде поделена на три нивоа (ешалони), како што е прикажано на следната слика.



Структура на Црвен крст. Ниво 1 и 2



Структура на Црвен крст. Ниво 2 и 3

Како би течела дистибуцијата на леб до бебињата?

Секој волонтер кој ќе се нафати да помага во Црвениот крст (да волонтира) ќе добие список од 10 бебиња.
На пример јас во моето стебло имам 10 волонтери, од кои секој треба да донира леб на по 10 еБебиња и треба да им донира по 100 HP.
Тогаш јас со првото вклучување на erep донирам на секој волонтер леб во вредност од 1000 HP. Потоа тој со вклучувањето на erep тој леб го донира понатаму на еБебињата.
На овој начин времетраењето на дистибуцијата е не поголемо од 5 минути.
Сега доаѓаме до делот на обврските на волонтерите и на сите во првиот ешалон (дополнителните 15 минути од времето).

2. Обврски на сите учесници

Ќе бидат отворени excel документи за секој волонтер кои ќе бидат достапни секој да може да ги види. Табелата ќе биде налик на следната слика. За овој дел веќе е разговарано со Министерството за информирање (со Zlatko Kaskarevski и Svetecot) кои несебично ја понудија нивната помош.

Оваа евиденција мора да се води за да се спречат можни манипулации со лебот.
Прво волонтерот да не ја дистрибуира целата храна понатаму, и второ бебето веќе не игра (фрламе леб во ваздух) или бебето е нечие мулти и не го користи лебот за борење, туку го продава на пазар.
Секој волонтер во секое време ќе може да спореди два последователни дена преку СС и да го повери бебето. Ако нема промена во Military rank-от, тогаш тој ќе треба да му пише пм на бебето да праша што е проблемот. Ако и другиот ден нема промена, тогаш ќе го информира тој над него во стеблото и заедно ќе решат што понатаму.
Доколку некое бебе прекине да игра, тогаш ќе се отстани од листата и ќе му се додели ново еБебе на волонтерот.
Исто така доколку некој волонтер поради РЛ обврски не може да дистрибуира леб, тогаш ќе го извести тој над него во првиот ешалон. Волонтерот од првиот ешалон понатаму ќе реши дали може тој ден (денови) да го покрие отсуството (сам да подели лебови на бебињата) или ќе се додаде друг волонтер во стеблото кој би помогнал.
Вакви тебели ќе треба да водат и сите во првиот ешалон, со тоа што потребно е да се води и евиденција на донаторите во посебна excel табела.
Исто така во договор со Златко на почеток сите волонтери ќе им испратат туторијали на сите еБебиња. За да се запознаат со играта.

3. Финансирање на Црвен крст

Во договор со Дуле, Црвениот крст нема да се финансира од буџетот на еМакедонија. Замислено е секој кој има одвишок леб да донира на сите играчи кои се наоѓаат во првиот ешалон (такви ќе бидат до кај 10 луге, со што се покриваат до 1000 бебиња, а ако има потреба (дај боже да има толку бебиња) ќе се додаваат нови стебла).
На овој начин секој постар (во играта еМакедонец) ќе има можност да ја покаже својата хуманост на дело и да им помагаат на новите еМакедонци организирано во својот развој.
Играчите во првиот ешалон ќе бидат задолжени да водат евиденција на сите донатори и на сите расходи (тука би се трошеле дополнителни 10-тина минути) исто така во excel табела што ќе биде достапна на сите играчи во секое време.


За крај се надевам дека за доброто на еМакедонија ке се најдат доволно волонтери и донатори, за да успее оваа акција.
Секој што има некоја идеја може да ми пише пм во играта да се договориме да направиме моабет.


Поздрав,
ТомиДам

П.С. Статијава искачаше 3 пати, не знаев како да ги прикачам сликите. Да не беше Ангел83, ќе искачаше и по 4 пат. Фала Ангел83 за помошта.