Конгресот - покровител на „бејби бум“ акцијата

Day 1,474, 13:41 Published in North Macedonia North Macedonia by Don Tas

Почитувани Македоници

По денешните консултации на мнозинството конгресмени донесовме неколку одлуки, па јас како надлежен „билтенџија“ имам обврска да ги пренесам во јавноста.

ПРВО, Конгресот одлучи во следниот период да стане покровител „бејби бум“ акцијата и во таа насока најголем дел од средствата, обезбедени од такса за македонски пасош, ќе бидат насочени кон помагање на е-бебенцата.
Сега за почеток ќе се одвојат 30.000 мкд за помош на нашите нови еМакедонци, а од понеделник кога акцијата ќе продолжи и понатаму ќе се одвојат дополнителни средства.
Досега се собрани точно 54.000 мкд, а на следниот линк имате комплетен преглед
Увид во собраните средства од такса

ВТОРО, се рапишува ЈАВЕН ТЕНДЕР за набавка на леб Q5 за 15.000 мкд и оружје со квалитет 5 (тенкови) во вредност од 15.000 мкд. Условите за учество на Тендерот се на следниов линк ПРАВИЛНИК НА КОМИСИЈА ЗА ТЕНДЕРИ
Тендерот трае од моментот на објавување на статијата па во следните 24 часа. Заради отстранување на секаков сомнеж на Конгресмените им е забрането да учествуваат на Тендерот

ТРЕТО, Конгресот одлучи на 6 декември од 09 часот наутро до полноќ, на сите Македонци по род да им се одобрува бесплатни државјанства во чест на изборот на нов претседател на еМакедонија. Аплицирањето ќе биде по стандардна постапка како досега на каналот #Kongres.Drzavjanstva. Таа пракса ке продолжи и во иднина со одредување на други денови за бесплатно аплицирање за македонски пасош.

ЧЕТВРТО се рапишува ЈАВЕН ТЕНДЕР за изработка на симбол (грб) на Македонскиот Конгрес. Наградата е 3.800 мкд. Рокот за доставување на идејните решенија е 3 дена од моментот на објавување на статијата.

ПС: Не ме бидуе за бирократско пишуење, ама тоа е кога од Претседател се стануе записничар. xD