[ МзИ ] Преглед на денот - 1238 ден од Новиот Свет

Day 1,238, 13:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав Македонијо! Како и вообичаено пред вас е прегледот за денес. Сепак правам се што можам за подобро да бидете информирани.

Настаните кои го одбележаа денот:







Политички води


Претседателот на Македонија - Македонија до Индија покрена референдум на кој се гласа дали да потпишеме мир со Италија. Условите за мир се на Италијанците да им се вратат 2 региони и да не склучат Сојуз со Грција. Моментално од наша страна повеќето Македонци се ЗА мир со Италија.


Шведска е на прагот да се придружи на ONE алијансата. На нивниот форум конгресмените едногласно гласале ЗА придружување во истоимената алијанса додека пак 80% од народот гласале ЗА придружување во ONE. Иако сеуште не се во ONE јас би сакал да им посакам едно топло добредојде!







САД - трн во око на Северна Америка


Канада ги прогласи САД за ПН (природен непријател) и со тоа политиката на овие 2 земји е значително нарушена. Тие уште на почетокот беа верни пријателски држави, градеа успешна дипломатија, но со овој сплет на околности би било возбудливо да видиме како целиот свет полека се буди и се припрема за нова Светска Војна. Овој закон беше прифатен со 31 глас за и 5 гласа против.

Истотака и Мексико ги прогласи САД за ПН. Мексико често ги менува страните, со цел да ги заштити државните интереси. Овој закон беше изгласан со 8 гласа ЗА и 1 глас против.





Воена состојба


Бугарија исчезна од Балканскиот полуостров. Денеска, во битката за Мармара, Турција извојува убедлива победа од 8-0 во партии. Главен град на Бугарија останува Раџастан.

Словенија ја освои Лигурија - се тече според планот како што планиравме, и сега на Словенците им е отворен простор за поход кон Франција. И Македонија утре, рано наутро би требало да ја нападне Франција и со тоа да извојуваме значајна победа против нашите непријатели.





Проект за подобри новинари

Од денес, јас - МакедонецМКД, со свои финансии добив идеја за да ги поттикнам новинарите да пишуваат подобри статии. Имено, секоја недела ќе се бираат по 5 најдобри статии во Македонија, независно кој колку претплати има. Наградата ги била парична или би се делеле леб и оружја од повисок квалитет. Главен критериум е да има интерпункциски знаци и да се правилно употребени. Статијата за да остави подобар впечаток треба да има подвлечени букви, закосени и болдирани букви. Не смее да има граматички грешки. Секако без слики статијата би била досадна, т.е. и да има корисни информации, без слики статијата нема што да ја краси.

Затоа се надевам дека и после мојот мандат како министер оваа традиција ќе продолжи, бидејки секојдневно гледаме разно различен спам од секакви новинари, од луѓе кои за џабе дале 2 голд кога само мислат на кој било начин да добијат медаља. Целта ги оправдува средствата. Затоа ги оправдувам тие кои гледаат секојдневно спам во Македонските весници веднаш да го пријават истиот. Иако сме Македонци, јас лично не би дозволил да се трупаат бескорисни статии додека тие убавите нема како да се забелешат токму поради тие причини.




Министер за Информирање,

















Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник