Републиканец - биди и ТИ дел од историјата

Day 1,524, 15:24 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss
Почитувани Граѓани на Македонија

Група на граѓани посветени на народот, а со тоа и на Македонија реши да ги преземе работите во свои раце.
Досега еМакедонија беше водена од една опција, друга, трета. Сите ветуваа нешто, сите добија шанса, но се си остана по старо. Македонија ја окупираа, некои земаа туѓи државјанства, други пробаа двапати да му направат импичмент на Јуни, изборите станаа фарса, единствено некои ПОЕДИНЦИ спречуваат се да се сруши како кула од карти.
И повторно се ближат нови избори:

- Платите се на страшно ниско ниво.

- Партиите кои имаа по 10 шанси да сменат нешто, повторно со лажни изјави сакаат да го задржат својот рејтинг.

- Гласот повторно ќе се цени колку 2-3 тенка.


Почитувани граѓани, Вие со самото работење последниве 4-5 дена изгубивте 10 тенка заради помалата плата. Бевте немоќни да реагирате додека Македонија ја толчеа, рефунд сте добиле еднаш во последниот месец, немате јасна претстава што утре, да не збориме што по една недела.
Зашто не ги преземете работите во своите раце и да дадете поддршка на оние кои скаат да направат нешто за Вас?

Ние не ви нудиме 2-3 тенка за Вашиот глас, ние Ви нудиме 2-3 тенка повеќе секој ден, чесно, без да бидете приморани и уценувани бедно, за она што вистински ви следува.

Ние имаме програма, Ние имаме тим, Ние имаме искуство, Ние сме Вашето орудие против домашната окупација.

Патриотизмот стана орудие во рацете на нашите тајкуни, истото го насочија против Вас. Дајте ни шанса да ја повратиме довербата, зашто ние сме дел од Вас.

Не можеме да ветиме дека секој ќе стане Конгресмен или Претседател, зашто впрочем можат да се кандидираат само 10 конгресмени и 1 претседател месечно. Не можеме да ви ветиме дека веднаш ќе се смени се, но имаме начини како тоа да го направиме, имаме средства како тоа да го постигнеме,
Вие сте нашата сила!
Зачленете се и дајте ни поддршка, денес – ЗАСЕКОГАШ

Со почит,


Станете Член - Републиканска Партија