Сопственик, Работник, Купувач

Day 1,521, 16:46 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Гледам дека повторно се враќа жарот кај играчите. Дел од тоа е благодарение и на РЖ победата на нашите ракометари, но несомнено и нашето ослободување игра голема улога.

Мило ми е што Шмек излезе со ваква статија:
Ресетирање на Job Market
исто така и на оваа анализа:
Црна Економија

Многу убаво објаснува какви загуби имаа Грчките тајкуни од нашите ДРЕМАЧИ!

Е сега да се вратиме на темата која ја разработува Шмек. Значи она што веднаш треба да биде јасно е ако нешто се планира да биде поефтино, тоа значи некој во ланецот мора да биде во загуба. Тоа што се пробува да се одлучи е кој да биде тоа?
Во ланецот на производство има три чекори: Сопственик, Работник и Купувач, економијата секогаш претставувала баланс помеѓу овие три фактори.

Ако одлучиме да фаворизираме еден сегмент, тоа директно значи дека еден или двата останати мора да се откажат од дел или од сиот свој бенефит.

Накратко кажано за да добијат Тигрите по еден тенк повеќе, тој тенк треба да дојде од џебот на народот или согласно горната шема тоа е Работникот.

Она што мене ме револтира веќе 3-4 месеци е мојот предлог, кој што верувајте е многу полесен за реализација, а сепак ја има за цел истата состојба, само што во тој случај страната која губи е повеќе свртена кон производителот.

Интервенција на ММ Маркетот

Ако Државата интервенира негативно на ММ пазарот, автоматски тенковите кои ќе се произведат стануваат поефтини. Платата на работникот останува иста, тоа е вистина и тој може да си ги купи истите работи за истите пари, но ако сака странски играч да купи тенкови повисоката цена на златото би значела дека тој може да купи повеќе денари и автоматски тенковите ни стануваат поефтини.

Проблемот е што нашите тајкуни својот профит не го мерат во МКД него во Злато, па севкупно иако би добиле иста количина на МКД, тие добиваат помалку злато. Тоа е ЕДИНСТВЕНАТА причина заради која се инсистира на помал курс на денарот во однос на златото.

Значи ете го решението што сите Тајкуни го избегнуваат и сакаат Народот повторно да стане овцата. Ќе ве замолам да не пробувате ова да го мешате со патриотизам, осиромашување на својот народ не е патриотизам.

Знам дека некој погоре луѓе имаат добра намера и заради тоа ги споменав, но проблемот е со оние кои не сум ги споменал.

Еве и јавно го повикувам Шмекерот и конгресот на дебата со кој било друг економист кој е против една ваква интервенција на ММ маркетот нека кажат што губи Македонија од повисок курс на златото?

За Македонија ДО КРАЈ!

Со почит,
SaveAss

П.С.
Секој што сака да му се преплатам нека пише ПМ, до сега никој не сум одбил. Секако ако имате време додајте ме и за пријател.

Дополнување: Гледам платата на Job Market моментално иде во рангот од 160 до 200 мкд. Што не е мала разлика, доколку тоа значи дека нашите Тајкуни пробуваат да го потчинат нашиот народ, јас лично ќе покренам иницијатива да започнат со селење во странство, пр. Србија, за да си го добијат својот дел. Впрочем дневна плата од 0.17 до 0.21 голд не е мала разлика. Или ќе има „леб“ за сите, или ќе нема за никој.