Интервенција на ММ и организиран пристап на пазарот

Day 1,483, 16:00 Published in North Macedonia North Macedonia by SaveAss

Верувам дека повеќето ќе се сложите дека моите предлози често не се нешто традиционално, но сепак мое е да ги пишам и покрај се.

Моја омилена тема е економијата, тоа не подразбира само домаќинско работење со касата и смалување на трошоците на минимум. Многупати се покажало дека еРепублика не е воена игра и еве во последното обраќање самиот претседателспомнува:„имаме + 2 ресурси“ а не дека сме освоиле уште 3-4 региони. Исто така неговиот поход вели да освоиме 10/10 ресурси, не ќе освојуваме она што можеме.

Приоритетот е очевиден Економијата е пред воената стратегија, впрочем тоа не е ни нова мисла Сун Цу го кажал тоа пред многу векови.

Зашто тогаш упорно ја негираме оваа тема или ја работиме само површно?

Моментално еМакедонија се наоѓа во интересна позиција. Имаме точно избалансирана цена на златото на ~ 1000 мкд и стабилно се држи на тоа ниво веќе подолг период. Една од причините за тоа е разработената идеја на Шмекерот од каде добиваме значајни количини на злато.

Останува да се разработи уште еден многу важен дел од економијата.

Мојот предлог е да се зголеми цената на златото за 10% по „вештачки пат“. Државата , граѓаните и институциите да се залагаат да го држат златото на ниво повисоко од нормалното.

Некои од играчите кои се билдаат ова нема многу да им се допадне, зашто за нив важно е златото да биде ефтино. Имено нив важно им е да си поминат поефтино, ама тоа е себично особено ако си на позиција која го бара спортивното. Ако не е така нека посочат зашто ова, подоле посочено не е добро за економијата.

Зашто баш 10%?

Мислам дека имате забележано дека кога продавате еден производ, автоматски се покажува некоја цена во квадратчето. Таа цена не е случајна и се однесува на средната вредност на производите кои моментално се на маркетот. Моментално таа е околу +10% кај повеќето производи.

Ова значи дека моменталната цена на производите не соодветствува на средната вредност која ја дава еРепублика. Зашто е ова важно?
Производите во еРепублика се откупуваат од три вида на откупувачи:

- Граѓаните кои плаќаат во МКД и тоа е здрав обрт на средства
- Шверцерите од странство кои го оставаат своето злато и го заменуваат со МКД. Златото останува кај нас.
- Бот-от кој сам генерира МКД и со тоа праи општ дисбаланс

Со малку добра воља Претседателот има можност да направи добра клима каде еМакедонија би генерирала дополнително количество злато наспроти сегашната ситуација каде генерира МКД од бот-от.

Повторно ќе напоменам од ова корист нема да имаат само оние кои се билдаат да станат појаки, и тоа точно 10% помалку корист. Сите останати ќе имаат само бенефит, вклучувајќи ја тука и нашата држава. Но тие играчи и онака користат рефунди и разни други бенефиции па мислам дека нема толку жестоко да застанат зад таа идеја.

Доколку има нејаснотии мислам дека ќе можеме да се објасниме околу предлогот и очекувам да има такви.

Од дуга страна еве и јавно сакам да посочам дека треба да се работи со државјаните зашто немаат врска од трговија и како да извлечат максимум од своите ресурси. За таа цел исто така треба да се залага министерството за економија или еве за образование ама пак имаме проблем. Никој не смета дека тоа е важно.

со почит,
SaveAss