Ситуацијата во еМакедонија !!!

Day 1,249, 05:56 Published in North Macedonia North Macedonia by toasumjas

Здраво Македонци ,

Како што напоменав во мојата претходна статија ( http://www.erepublik.com/en/article/-1-1750294/1/20 ) , ситуацијата во еМакедонија е за никаде - Плукање , плукање и само плукање . Добро бе луѓе , во еМакедонија постојат еден куп партии кои меѓусебно се плукаат , со тоа еМакедонија губи многу . Значи да се разбереме – не тапка во место , туку паѓа надоле , се распаѓа .

Работата е јасна – доколку во внатрешноста на една држава има конфликти меѓу луѓето, таа неможе да има успеси надвор (во случајов во еСветот) - луѓето повеќе се замараат да успеат внатре ,како поединци одколку надвор да придонесат за државата . Егоисти ! Незнам дали сме ние Македончињата распиани или човекот како суштество е распиано (мислам дена е второто) , но гледам дека толку сме покварени што неможеме да бидеме сложни ни во една игра ! Срамота !

Се прашувате кој е виновен за ваквата ситуација ? – секако некој друг ! –Ете ви ја првата грешка ! Прво размислете дали сте вие исправни па после обвинувајте други . Размисливте ? И што заклучивте ? – да погодам ... КРИВИ СМЕ СИТЕ ! Криви сме што неможеме да бидеме сложни ! Криви што го ставаме нашиот профит пред татковината ! Криви сме што ги плукаме државните функционери кои сами сме ги избрале итн итн.

Кога веќе го напоменав ова последното , ајде да го кажам и моето лично мислење конкретно за сегашниот претседател .Според мене , тој треба да биде сменет бидејќи дефинитивно не посветува доволно време на играва ( дури и јас сум почесто уклучен од него) . За тоа што како направил нема да коментирам – се гледа од ситуацијата , но сметам дека кога ќе се смени ќе се смират малце страстите и колку толку ќе бидеме по сложни . (секако ако на претседателската столица седне сериозен човек).

Луѓе , за иста цел сме тука – да ја направиме еМакедонија есвестка сила ! Зошто тогаш толку проблеми !? Уживајте во еРепублик , да направиме тука да се одмараме од РЛ.

Кулминацијата (врвот) ја доживеавме со Струмјанин , да не дозволиме расплетот да биде трагичен ! Да не го направиме “делото” трагедија !

За крај ,ич не му се секирам дали ќе ме критикувате за ова и на кој начин ќе го примите .Кажав се што имав да кажам на кратко . Толку од мене – од Господ повеќе !


Поздрав ,
тоасумјас