Македонци , освестете се !

Day 1,244, 06:50 Published in North Macedonia North Macedonia by toasumjas

Кога започнав да играм eRepublik бев многу пријатно изненаден од пријателскиот однос помеѓу играчите . За разлика од RL каде што секојдневно гледаме плукање по медиумите и чувствуваме омраза во воздухот , тука наидов на поддршка , љубов , разбирање . Секој на секого му помагаше кога е потребно , секој секого го почитуваше , го подучуваше . Прекрасно беше тоа што сите беа сложни и беа заедно . Немаше хејтања и плукања ( или доколку имало биле прикриени и не влијаеле врз никого освен врз тие што ги предизвикале) . Секако ова го зборувам за од денот кога ЈАС почнав да ја играм оваа игра – за пред тоа не можам да коментирам. И според мене , ова е и главната причина за брзото напредување на еМакедонија, која за само неколку месеци од нејзиното оформување станува светска сила (секако и со поддршката и помошта на нашите сојузници ама сега не ми е тоа зборот) . Со еден збор СИТЕ ЗА ЕДЕН , ЕДЕН ЗА СИТЕ .

За разлика од тогаш , денес работава е ЕДЕН ЗА СИТЕ , СИТЕ ЗА НИКАДЕ ! (или НИКОЈ ЗА ЕДЕН , ЕДЕН ЗА НИКОГО – како сакате ) . Се повеќе ситуацијава станува како во RL. Деновиве сите сме сведоци на плукања помеѓу партиите , плукања помеѓу луѓето , плукање на власта . Да не бидам погрешто разбран , како што можете да забележите не сум член на никоја партија и не бранам никого ( денес има потреба вака да се правдам - страшно) . Поради ваквата ситуација , секојдневно читам статии и коментари како луѓе разочарани од ваквата ситуација размислуваат да се откажат од играва . Секој поединец допринесува за развојот на еМакедонија , па така и откажувањето на секој поединец е загуба (некогаш и поголема) за еМакедонија. Затоа да не им дозволиме да се откажат !

Луѓе , освестете се ! Дали е фер целиот труд на постарите играчи за формирање на еМакедонија да падне во вода поради вашите конфликти !? Факт е дека ако вака продолжиме , за многу кратко време ќе пропаднеме !
ЕМакедонци ! – no offence ама треба да си го ставите прстот на чело и да се замислите !

За иднината на еМакедонија ( а воедно и нашата ) се работи !
Ова е мојот апел да ставиме КРАЈ на недоразбирањата и конечно да се разбудиме од овој лош сон !



Much luv ,
Toasumjas