Претседател, Impeachment = бивш претседател + подобра иднина.

Day 1,249, 08:04 Published in North Macedonia North Macedonia by Vasko Ivanov

Нов сум во играта немам некое големо искуство, почнав да играм пред 2 месеци кога Струмјанин беше претседател на еМакедонија и еМакедонија нижеше успеси на сите полиња. На последните избори за прв пат ОЕМ немаше кандидат иако го подржа Македонец3 и таа ситуација му одеше во корист на нашиот сегашен председател МДИ, иако да бидам искрен јас го подржав Македонец3 не МДИ сепак оваа статија ја пишувам од неутрален аспект бидејќи не сум политички определен и не сум член на ниедна партија.
Искрено кога ја превзема власта МДИ ситуацијата не беше лесна али со желба за работа и мала организираност таа ситуација можеше да донесе најголем успех досега на еМакедонија. Наместо тоа МДИ и владата немаа никаква организираност и желба за работа и првата битка за Софија беше изгубена, после тоа со помош на сите еМакедонци некако успеавме да се одбраниме во Источна Македонија и да ја освоиме Софија. Е од тука веќе почнуваат катастрофалните грешки на нашиот сегашен претседател и според мене тие се следните:
1. Прва и најголема што не го слушаше мислењето на народот и на поискусните играчи и тука направи 2 катастрофални грешки.
Првата: Мирот со еИталија во која ние им отстапивме 3 територии (Molise (веќе беше освоен од еИталија преку RW), Campania и Basilicata) без никаква гаранција за мирот во злато,иако организираа референдум како алиби тој траеше само 12 саата што според мене е ногу малку време бидејќи и јас не успеав да се изјаснам и требаше да траее минимум 24 саата и во референдумот беа претставени само можните позитивни страни од мирот со еИталија што како што сега гледаме не се остварија иако во меѓу време беа предупредени од UnitedMacedonia и некој други поискусни играчи дека на италјаните неможе да и се верува.
Втората: Нападот на ефранција преку кој претседателот проба да бута ѕид со глава, за кој што исто така беа предупредени од поискусни играчи дека не треба да се спроведе и џабе да не се влече таму штетата од еМакедонските цивили и наместо тоа да се избрише еИталија од картата.
2. Втора и исто така многу голема и неможам да ја "сварам" е неговата неодговорност и неангажираност.
Ако знаел дека нема време и не е у можност поголем дел од денот да биде online и да посвети време на ерепублика и на емакедонските канали на мирц не требало воопшто да се кандидира за претседател на еМакедонија и ако му било до златото сигурен сум дека сите ние ќе дониравме по малку и ќе збереше повеќе од 5 златници. Другата варијанта е уште полоша па дири и сега не верувам дека бил спремен да ја стави иднината на цела еМакедонија само за да светка медалот на неговиот профил. Толку за неговата неодговорност а за неговата неангажираност ке дадам само неколку примери:
Давање на наредби за приоритетни битки во 4 саат поручек кога половинта еМакедонски цивили се испукани или уште полошо воопшто нема наредби.
Не наоѓање на 1 минута слободно време да се кликне напад на Русе наместо тоа играта користи автоматски напад и го напаѓа Пловдив.
Никаква координација во нападите секој мава на своја рака а председатолот никада го нема да даде наредби на АРМ и паравоените единици.
Никаква координација со ОНЕ каде треба да ни се помогне, дури и јас шаутирам каде и треба помош на еМакедонија а претседателот никаде го нема.
Никаква координација со владата, пола влада си даде оставка бидејќи нашиот претседател дури и за својата влада бил недостапен по 2 дена.
За економијата,чувањето на 1 милион денари во Народна Банка за џабе и обеќањата на претседателот дека ќе креира нова воена еднициа во АРМ нема да зборам бидејќи и вака статијава е предолга 🙂
3.Немање на доблест.
Претседателе немаше доблест да си ги признаеш грешките и сам да си дадеш оставка затоа се надевам дека постапката во конгресот за impichemt ќе помине и за еМакедонија ке дојдат подобри времиња.