Има ли министер за економија????

Day 1,215, 17:14 Published in North Macedonia North Macedonia by eMacedon Jr.

Добровечер на сите. Последниве денови поточно кога се случија новите промени во играта се изначитавме еден куп статии околу новонастанатата ситуација во економијата. 99% од статиите беа претерано глупи и без никакво образложенија и имаа по две реченици. Се уништивме, пропаѓаме, шо правите ало качете ги цените итн... Мене ми се чини дека сите го искористија моментот за да напишат статија со цел да добијат некоја претплата, бидејќи немаат некоја идеја да напишат некоја корисна статија. И сега си велам ај овие се деца спамираат за неколку претплати, но нели треба некој да ги информира да ги поднаучи малце. Си викам дај да отворам некој државен весник да видам што тие пишуваат. Го отварам весникот на министерството за економија пошто мислам дека е најповикан и најрелевантен за овие настани, да видам што има напишано, и гледајте и самите http://www.erepublik.com/en/newspaper/ministerstvo-za-ekonomija-242860/1 . Последната статија која е напишана од ова министерство е пред 4 месеци. Е па што е многу многу е. Мислам дека од пред четри месеци до сега имаат се случено МНОГУ промени во економскиот модул на играта и требаше досега да имаат објавено неколку статии со објаснување за овие нови промени, се со цел да се информира малку населението за да не пишува секој кој ке стигне АПЕЛ ЗА КАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ.
Значи министре редно е да објавите некоја поучна и корисна статија со ваше гледање на ситуацијата во врска со новите економски промени во играта. Се надевам дека ке ја разберете оваа добронамена порака и час поскоро ке излезете со некоја добро напишана статија.
Пријатна вечер на сите.