Економија за НЕ-Економисти

Day 1,215, 11:32 Published in North Macedonia North Macedonia by flekata

Гледам слабо ви оди економијата, причините може да се секакви:

Од

- ОДРЕДЕТЕ НАЈНИСКА ЦЕНА НА ПРОИЗВОДИТЕ
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1716023/1/20

па се до

- Значи таков е модулот навикнете се
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1716033/1/20

Како и да е и да има стручнаци економисти во играва (што се сомневам поради староста на повеќето, читај: деца), едноставно не преземаат ништо.

Еве ви една едноставна идеја од Не-Економист:

Наместо да се молите да остане фиксна цената, или да се подигне, направете го тоа. Купете се што има моментално по најефтина цена и пуштете го на пазарот барем за 0.2 поскапо од купеното.
И нормално чекајте, ама во исто време ширете ја и веста = идејата, оти сами ништо нема да направите, потребни се барем 5-6 луѓе со добри финансии за ова.
По некое време ќе се случи циклус, кој сакале или не, ќе мораат да го следат и оние што сега ја спуштаат цената
Во никој случај нема да изгубите вие, туку оние што евтино продаваат.

И како што реков и претходно:
Бидете промената што сакате да ја видите во светот