[КОНГРЕС] Одржана итна седница на 06.01.2011 ПРЕДВОЕНА СОСТОЈБА, БИДЕТЕ СПРЕМНИ

Day 1,143, 15:19 Published in North Macedonia North Macedonia by PhoenixMK

Почитувани,

На ден четврток, 06.01.2011та година, во 20.00h се одржа итна конгресменска седница на која учествуваа поранешниот македонски претседател United Macedonia и нашиот актуелен претседател Drashhh_III_Makedonski

Бугарија ја изгласа Турција за природен непријател. Бидејки Турција е веќе во војна со Грците, конгресмените и претседателите по кратка дискусија на конгресменскиот чет канал и непосредно по контактирањето со еТурското раководство, на гласање се поднесе:

Закон за прогласување на Бугарија за природен непријател
Предлагач: Drashhh_III_Makedonski
Статус: Гласањето е во тек (17:0)

Ве известуваме дека целта е да му помогнеме на нашиот верен сојузник бидејки Грците и Бугарите заедно сакаат да ја искористат намалената воена моќ на Турција за да ја избришат од картата. Да се потсетиме дека Бугарија во четири наврати неуспешно ја гласаше Македонија за природен непријател а со тоа што повторно за претседател беше избран анти-македонски настроениот Штрудман, бидете повеќе од сигурни дека после Турција, на мета е Македонија (самиот тој соопшти во својот весник дека опцијата за напад врз Македонија сеуште останува активна).

НА ПОВИДОК Е ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ВОЕНА СОСТОЈБА! Следете ги наредбите од Министерството за обрана и бидете подготвени доколку настане воена состојба.

Дополнителни предлог закони на гласање:

Закон за издавање на 100000 МКД за 500 злато
Предлагач: Martin Tashkovski
Статус: ИЗГЛАСАН (иако гласањето е сеуште во тек)

Пакт за заемна заштита со Велика Британија
Предлагач: Drashhh_III_Makedonski
Статус: ИЗГЛАСАН (иако гласањето е сеуште во тек)

Ваш
PhoenixMK , заменик претседател на Конгресот.