Балкански војни !!!

Day 1,143, 14:16 Published in North Macedonia North Macedonia by Aspadora


Добро вечер драги читатели. Веќе подолго време стојам надвор од новинарскиот свет заради преголемата несериозност на многу граѓани кои сметаат дека со што побројни кликови на копчето Publish се подобри новинари. Извлечете поука од овој скромен вовед и престанете да пишувате статии со по една реченица сосема бесмислено и некреативно ги истуркувате оние кои вложиле неколку часовен труд да создадат нешто повеке.



Грција-Турција

Веќе неколку неделната војна помеѓу Грција и Турција повторно не одведе никаде и повторно изедначените сили резултираат со променливи резултати на двете страни но само во однос на Кипар бидејќи како и во реалниот живот така и во овој виртуелен главните претензии на двете завојувани страни е Кипар кој иако самостоен неговата судбина е одредувана од други.
Пред неколку минути Турција одбрани оригинален регион и повторно ја презеде иницијативата.



Бугарија-Турција

Бугарите како лојални пријатели на Грците амбициозно со помош на хрватите тргнаа во поход на Турција. Сепак нападнаа некоординирано бидејќи во моментите кога заврши походот на Грција започна со напад Бугарија. Тотално некоординирано и ја загубија предноста - војна на два фронта. Но бугарите се моќни и достоен противник кој вреди почит и можеби во некои поинакви услови би ни биле верен сојузник ... но минатото и сегашноста ни ги одвојуваат патиштата.


Македонија - Турција

Секогаш расположена за војна нетрпеливо трепери пред портите на фронтот.
Вечерва Македонија се бори индиректно но храбро со голема подршка без која Турските пријатели не би опстојале. Повторно се докажавме како најблизок пријател на Турција благодарение на Лазароса и Македонија Јунајтет кој моментално го држат најголемиот инфлуенс во битката.
Спремете се македонци утре одиме во поход !!!



Пред неколку минути излезе весник од бугарски поборник за македонско бугарско пријателство и морам да напоменам дека не сите бугари се националистичко ориентирани затоа мораме да покажеме почит кон тие луѓе. Сакам да го поздравам Пулс кој се заинтересираше на некој начин ги подобри нашите односи. Иако тоа е веќе едноставно невозможно сепак запомнете ништо не правиме ако ги потцениме !



Епа драги македончиња ја добивте војната која толку сите ја посакуваа. Сега на ред се големи бејби бумови, голема соработка, организираност и единство.



Вечерва сосема индиректно но од утре започнува нова епоха за Македонија затоа македонски народе само...