[МзО] Извештај од состанокот на Генералштаб

Day 1,264, 11:10 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana




Во текот на вчерашниот ден беше одржан состанок помеѓу Претседателот и командантите на сите единици во еМакедонија. На состанокот беше разговарано за подобрување на организираноста и рефундот.
На состанокот беа донесени следниве одлуки:

1. Организираност.

По предлог на Претседателот донесена е одлука за организирани дежурства во текот на целиот ден од страна на членови на паравоените единици и покривање на 24 часа секој ден. Дежурствата ќе бидат одредувани секој ден и сите единици ќе имаат еднакво учество во водењето на војската. Водењето ќе врши во 6 смени во текот на денот.

2. Рефунд

На состанокот најголем дел беше посветен на рефундот за единиците и беа донесени следниве одлуки:

-Секоја паравоена единица која сака да биде дел од рефундот ќе мора да ги исполнува следниве услови:

а)Да има повеќе од 25 членови
б)Членовите на единицата да имаат средна сила од 1200
в)Фирмите што ги поседува за леб и оружје да бидат најмалку со квалитет 3

-Министерството за Одбрана ќе има буџет кој процентуално ќе биде распореден на единиците според претходно изготвена листа. Единиците ќе бидат рангирани според следниве услови:

а)Просечна сила
б)Направена штета
в)Активност на каналите за наредби

Сите три критериума ќе носат рамномерно бодови при нивното распределување со што ќе се добие слика која единица колкав процент би земала.



Министерството за Образование апелира до сите граѓани да го прочитаат основниот како и напредниот туторијал за војување и да се претплатат на весникот како би биле во тек со образовната програма на министерството.



Со почит
Министерство за Одбрана



Министeр: Dedanoe ;
Заменици: Maked0ner, Kanopy, Trte Pufkov, Trajce Dimoski, Alen_001, Darkan7 и SpiroMKD



Поважни линкови:

emacedonia.info - официјален форум на еМакедонија
(регистрирајте се со истото име како од играта)

#eMKD - официјална chat соба на еМакедонија

Државни институции:

Министерство за Образование - нивниот весник
Министерство за Здравство - нивниот весник
Црвен Крст на Македонија - нивниот весник
Министерство за Информирање - нивниот весник
Народна Банка на Македонија - нивниот весник
Министерство за Економија - нивниот весник
Министерство за Надворешни Работи - нивниот весник



РЕГРУТАЦИЈА



Новата единица во состав на АРМ 'ВОЛЦИ' објавува регрутација.
Потребни услови за влез во единицата:

1.2500+ сила
2.Активност

Сите апликации за влез во единицата да се достават кај MagiMaster и Makedonec3. Сите апликации ќе бидат разгледани и ќе биде пратена соодветна порака.



АРМ-ЛАВОВИ РЕГРУТАЦИЈА



Услови за да бидете член :

- Да носиш наш аватар или Арм- рамка со аватар по ваш избор
- Да имаш 2000+ сила
- Да работите во државните фирми на Лавови
- Да бидете на приватниот чат на Лавови во зависност кога ќе бидат издадени наредбите
- Да имате смисол за хумор



Доколку ги исполнувате овие услови пријавете се на следниов формулар :

http://tinyurl.com/3dxd8f6