ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ (VOTE за да ја видат повеќе нови играчи)

Day 1,147, 13:28 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поради проблеми со играта и пристап до претходно објавената статија, истата се реобјавува - DedaNoe (Мин. за информирање)

Најпрвин, на новите играчи да им посакам добредојде во еМакедонија. Се надевам дека Ви се допаѓа играва и дека во најскоро време ќе успеете да ја совладате и да ни се придружите во градењето на иднината за еМакедонија.
Бидејки морате да се запознаете што подобро со играва, Министерството за образование се реши да ги реобјави тутуријалите за да бидат што подостапни до Вас. За секакви прашања, дојдете на чет, канал #NoviIgraci. Таму ќе Ви одговориме.

Овде, во овој артикал ќе ги опфатиме Вашите најфрекфентно поставувани прашања и ќе ве насочиме на туторијалите.

Ваши најчести прашања се:
1. Зошто да ги читам туторијалите?
2. Како и од каде да барам помош?
3. Како да ги трошам парите и златото?
4. Како да работам и зошто ме бркаат од работа?
5. За што се користат бустерите?
6. Кога да се борам?
7. Како да фатам болница?
8. Зошто се користи monetary market?
9. Што ако сум се борел? Утре пак ќе заздравам. (објаснување))

Најпрвин, би сакал да Ви напоменам дека ВИЕ СТЕ МНОГУ ВАЖНИ ЗА еМАКЕДОНИЈА, затоа морате и самите да ја сфатите вашата важност во играта. Без нови играчи, земја во еRepublik е осудена на постепено пропаѓање. Без Вас, еМакедонија не ќе може да просперира на економски и на воен план.

Да започнеме:
1. ЗОШТО СЕ ОВИЕ ТУТОРИЈАЛИ?
Туторијалите се наменети да ви бидат водич во почетничките денови и за понатамошниот ваш развиток. Со вакви детално напишани упатства, Вие полесно ќе се пронајдете во играта и не ќе мора постојано да барате помош од други играчи за да ги решите и најминорните проблеми како на пример да поставете сопствен аватар. Затоа, за Вас беше подготвен специјален артикал кој ги содржи најбитните туторијали на едно место. Читајте ги по дадениот редослед, не е потребно многу за да ги прелистате. Одвоете барем неколку минути да ги прочитате почетничките туторијали.


2. КАКО И ОД КАДЕ ДА БАРАМ ПОМОШ?
Свесни сме дека сте нови во играта и се чувствувате збунето. Затоа, редовно читајте ги официјалните соопштенија на претседателот, министерствата па и некои весници. Постапувајте по дадените инструкции од страна на поискусните играчи. Еве неколку линкови каде може да се обратите за помош
>Црвениот Крст на Македонија
>Министерство за Здравство
>Министерството за Образование
Доколку сте кревки со здравјето, пополнете го формуларов
Се составува црна листа на играчи кои ја злоупотребуваат дадената помош па Ве молиме бидете разумни.

3. КАКО ДА ГИ ТРОШАМ ПАРИТЕ И ЗЛАТОТО?
Досега сте виделе дека во играва имате на располагање две финансиски средства и тоа: ЗЛАТО И МКД! Златото е есенцијално во играва, затоа не брзајте да го трошите уште во првиот момент. На секое 5то искуствено ниво (lvl 5, 10, 15, 20 и секој нареден круг) и од секој добиен медал Вие добивате мапа со богатство која треба да ја искористите во рок од 30 дена. Ова е вашиот најбитен извор на средства во почетничките денови (покрај платата се разбира).
ШТЕДЕТЕ!!! Почекајте барем да стигнете до 15то ниво за да може да го инвестирате златото во нешто покорисно за вас. Користете ја платата за да го вратите вашето загубено здравје од работа и тренирање односно да го вратите на 100%.
НИКАКО НЕ ГО КОРИСТЕТЕ ЗЛАТОТО ЗА БУСТЕРИ (особено последните два)!!!!! ЗАСЕГА, КОРИСТЕТЕ ГО БЕСПЛАТНИОТ БУСТЕР ОД 10%. Евентуално, доколку веќе имате искористено две мапи за богатство, користете по еден бустер од 50% на секои три дена за ТРЕНИРАЊЕ!! Тој е најисплатлив.

4. КАКО ДА РАБОТАМ И ЗОШТО МЕ БРКААТ ОД РАБОТА?
РАБОТЕТЕ СЕКОГАШ СО 95+ ЗДРАВЈЕ! Обидете се секогаш да работите со целосно 100% здравје или што е можно поблиску до 100 здравје. На тој начин, вие најмногу допринесувате за компанијата за која работите но и за самите себе, бидејки само на овој начин вашиот економски скил (читај, работна вештина) се накачува максимално и побрзо може да преминете во подобро платена категорија на работници. Со вакво работење, сопственикот на компанијата ќе ви ја зголемува вашата плата но и вие самите можете на пазарот да си пронајдете подобро платена работа. И државата профитира од Вашето ефикасно и ефективно работење.
НИКАКО НЕ РАБОТЕТЕ СО МАЛО ЗДРАВЈЕ! Со ваквата постапка не само што не допринесувате за самите себеси како лик во играта, туку во загуба ја ставате компанијата во која работите (што ќе резултира со отказ) а со тоа директно и штетите и на македонската економија. Доколку продолжите со такво темпо на работење со екстремно ниско здравје, сите компании ќе ве испуштат од работа. Затоа, пред да работите, осигурете се вашето здравје да биде над 95.

5. ЗА ШТО СЛУЖАТ БУСТЕРИТЕ?
Бустерите служат за зголемување на вашата продуктивност односно зголемување на Вашата работна и воена вештина. Со нивно користење побрзо ќе напредувате на економски (работна продуктивност и плата) и воен (поголема штета во борење) план. За работење и тренирање имате на располагање четири вида бустери, секој со различна јачина и цена. За почеток, служете се со бустерот од 10% кој е бесплатен. НИКАКО НЕ СЕ СЛУЖЕТЕ СО ЈАКИТЕ БУСТЕРИ бидејки ќе го "изедат" вашето злато. Тие се буквално неисплатливи. Доколку сепак сте решиле да користите бустер со цена, користете го бустерот со 50% зголемување, кој е најисплатлив. Повеќе прочитајте овде

6. КОГА ДА СЕ БОРАМ?
Најпрвин, ќе Ве замолиме за ТРПЕНИЕ! Тоа е најважната особина која морате да ја имате во играва. На почетокот, Вашиот придонес во војните е многу мал а штетата која си ја правите за себе е многу голема а немате средства за да ја санирате истата. Штетата која ја правите во почетничкото борење е незначителна од онаа штета која ја правите на еМакедонија. Сфаќаме дека сакате да се борите и да допринесете за еМакедонија, но нема никаква потреба од брзање. Концептот на играва не го бара тоа, туку ВОЛЈА И СТРПЛИВОСТ!!! Затоа, ВЕ СОВЕТУВАМЕ ДА СЕ СТРПИТЕ ОД БОРЕЊЕ БАРЕМ ДО 15ТО НИВО. Тогаш ќе стекнете доволно воена сила за да направите далеку поголема штета од почетничката а со тоа и повеќе да допринесете за еМакедонија и нејзините сојузници. Запомнете дека и правите штета на државата доколку почнете рано да се борите. Иако постои >Црвен Крст на Македонија и >Министерство за Здравство каде можете да се обратите за помош за леб доколку сте избрзале, не секогаш ќе може да добиете помош бидејки има многу играчи на кои таа помош им е многу попотребна. Многумина ја злоупотребуваат државната помош и затоа се прави црна листа на тие играчи кои го сториле тоа и покрај предупредувањето до нив. Затоа, бидете свесни и разумни во сопствените постапки.

7. КАКО ДА ФАТАМ И КОРИСТАМ БОЛНИЦА?
Болниците траат многу кратко и се поставени на самиот почеток од битката (рундата). За да ја користите, морате да бидете присутни во војната за регионот во која е поставена (на пример морате да бидете во еМакедонија или во некоја земја сојузник на еМакедонија за да ја користите поставената болница во Источна Македонија). За да видите КОГА И КАДЕ има болница, служете се со оваа веб страница. Повеќе околу болниците, послужете се со туторијалот на Shakce.

8. ЗОШТО СЕ КОРИСТИ MONETARY MARKET?
Monetary Market е монетарен пазар т.е. берза каде можете да купувате или продавате мкд (или друга валута) и злато. Потребно е да ги следите понудите на пазарот и да ги прилагодувате истите со цел да успеете во намерата. Во еРепублик, секој граѓанин може да ги разменува сите валути за злато или други валути. Граѓаните со минимум 12то ниво можат да стават сопствени понуди (за МКД и злато) на берзата и можат (освен за МКД) да разменуваат злато за други, странски валути.

9. ШТО АКО СУМ СЕ БОРЕЛ?УТРЕ ПАК ЌЕ ЗАЗДРАВАМ!
Ја поставив оваа иронична реченица бидејки кога на многумина нови играчи им забележив зошто се бореле во ПП и на чет и неколкумина ми вратија со ваква слична содржина. Ова е најголемиот проблем со кој се соочуваат почетниците во играва. Не ви збориме за лошо, туку сакаме да ви помогнеме да успеете во играта и да допринесете за еМакедонија. Не можете да заздравите без да направете ништо, а повеќето од вас немаат средства за да се излечат целосно со јадење леб па државата мора да ги троши своите залихи за да ве лечи сите вас а многумина ја злоупотребија таа помош и многу играчи останаа без помош. Сепак, ме радува фактот што повеќето кои ги контактирав се свесни дека избрзале и дека нема да продолжат да се борат барем првите две-три недели активна игра.
Како што ние сакаме да Ви помогнеме, помогнете ни и вие нам. СЕУШТЕ НЕ СЕ БОРЕТЕ!!! Почнете да се борите кога ќе процените дека можете сами да се одржувате.

Доколку сепак, сеуште имате нејаснотии во играта, слободно пишете порака на некој поискусен играч или дојдете на чет, канал #NoviIgraci

Имаме успешен бејби бум. Над 2000 нови еМакедонци ни се придружија во остварување на нашата кауза. Како што други нам ни помогнаа во нашите почетнички денови, сега, нам ни е редот да им помогнеме на новодојденците. Да не бидеме песимисти дека сето ова е залудно поради фактот што повеќето од нив веднаш почнаа да се борат во војните. И во првиот бејби бум беше иста приказна. Успеавме да задржиме барем половина од новите играчи. Затоа, ние, граѓаните на еМакедонија сме овде да им помогнеме на генерациите што доаѓаат 🙂

Специјална благодарност Министерството за образование упатува до оние играчи кои секојдневно на чет каналот #NoviIgraci помагаат околу едукацијата на новите играчи.

Ве молиме дајте vote & shout за да го видат артиклов што повеќе луѓе.

Ваш
PhoenixMK, Министер за образование
во соработка со тимот од Министерството за Информирање Dedanoe, Dragje, Wild0