>>Фељтон Индија: Индискиот lazarosaMKD, пардон SaveAss<<

Day 1,627, 07:05 Published in India North Macedonia by smekerot


Иако во мојата последна статија најавив дека ќе пишувам за најголемото заедничко зло на Македонија и Индија а тоа се Македонскиот и Индискиот Strumjanin и Армакедон сепак поради актуелната политичка ситуација која е во Индија и можното влијание на мојата статија врз нивната внатрешна политика се одлучив таа статија да ја напишам после претседателските избори. Во оваа статија ќе пишувам аргументирано за тоа како Индија која според жители е 10 пати помала од Македонија сепак води поуспешна економска политика.

Ние Македонците секогаш сме следеле авторитети без разлика дали тие наши авторитети прават нешто корисно за нашата заедница. На пример порано во времето на Б.Ц. тинејџерите одеа на бодибилдинг за да станат како Аце Циганот или Петрит Аме, во времето на Љупчо сакаа да станат како Рамче а денес сите се огледуваат на Урко. Не дека Урко моментално е најсилниот тепач во Македонија но е доволно медиумски експлоатиран за да влезе во главите на тинејџерите како најголемо тепачиште во Македонија. Исто така е и со економијата во оваа игра. По незнам кое пишано или непишано правило ако во тимот на претседателската кандидатура ти е LazarosaMKD тоа влева надеж дека економијата на Македонија е во вистински раце и обичните играчи не треба повеќе да се грижат за неа.

Оваа политичка манипулација на Македонците ескалира во хард-кор порнографска манипулација кога политички телетабиси од типот на Grand Admiral Kristijan доаѓаат на позиција министер за финансии или економија сеедно, од проста причина што неговата економска визија за Македонија започнува со речениците:
1. Јас и Лазароса одлучивме ...
2. Јас и Лазароса ќе го разгледаме тоа ...
3. Јас и Лазароса не се согласуваме со тоа ...
4. Јас и Лазароса ...
5. Јас и Лазароса ...
6. Јас и Лазароса ...

Ако ги погледнете наназад сите Влади ке заклучите дека паразитите кои се во министерството за економија или финансии дошле таму лепејки се за виртуелниот авторитет на lazarosaMKD (секоја чест на исклучоци кои креираа економски политики и на сметководителите кои не се предмет на оваа статија).

Таквата економска политика ЗА ЖАЛ доведе до ситуација помеѓу Македонците да се наметне мислењето дека економија во играва не постои и дека „изгубените случаи“ како SaveAss кои со нивните статии пробаат да докажат дека во играва има економија треба да служат за потсмев и мајтапење.

Во следниот дел на статијата со практичен пример ќе пробам да докажам дека Индија со 10 пати помалку жители од Македонија користејќи ги методите и знаењето на Индискиот SaveAss (kismu) има подобра економија од Македонија.

И Македонците и Индијците знаат дека Плато има Бот кој купува производи на маркетот. Но додека Индијците решија функционирањето на тој бот да го искористат за да ја наполнат државната каса Македонците решија да се потсмеваат на SaveAss и економските политики на Републиканската партија и да не им дадат шанса и доверба за реализација.

Политиката е следна: Ботот на Плато за 24 часа може да купува неколку пати повеќе храна, оружје и рав од маркетот отколку сите Македонци заедно. Тоа значи дека Ботот техничи може да биде најголемиот потрошувач на нашиот маркет а со тоа и најголем плаќач на данок. Единственото „барање“ кое го има Ботот за да ги купува производите од маркет е тие да бидат по цена која тој ја определува. Обично таа цена е повисока од моменталната најниска цена на маркетот. Цената по која ботот купува производи на македонскиот пазар е следната:



Според табелата погоре веќе со сигурност ја знаеме цената по која ботот купува па ако сакаме да направиме добар бизнис ќе мораме да најдеме да купиме рав, оружје и храна поевтини од тие цени за да можеме да му ги продадеме на Плато и да спечалиме некој денар. Во следната табела ќе можете да ги видите граничните цени според кои треба да се владеете при купувањето производи од Македонија или од некоја друга земја за да можете во Македонија да му ги продадете на ботот на Плато.



ЗАКЛУЧОК: Купувате производи поевтини од црвено-жолтата табела и во Македонија на маркет му ги продавате на ботот по цени од сино-зелената табела. Попросто здравје.


Како Македонија би можела да профитира и да си го полни буџетот од оваа идеја?

Македонија има приливи во буџетот од 115.000 пари за 24 часа додека за исто толку време Индија со 10 пати помалку жители има приливи од 160.000 пари. Каде е тајната на Индиската економија? Тајната е во овозможувањето на сите држави во светот да му продаваат производи на ботот преку Индија. Со тоа државата не само што ги оданочува своите граѓани туку ги оданочува и трговците од другите држави. Зошто граѓаните од други држави би му продавале на ботот на Плато производи на македонскиот пазар а не на нивниот домашен пазар? Одговорот е едноставен, ботот на Плато производите во различни држави ги откупува по различни цени односно ботот ги формулира цените според тоа колку државјани има земјата и според тоа колку ресурси има. На пример во Америка или Кина кои се земји со 10/10 ресури ботот на Плато откупува по најниска можна цена и на играчите кои живеат таму ќе им биде повеќе од поволно да извадат лиценца за Македонија и да му продаваат на ботот на Македонскиот пазар доколку сакаат поголем профит.

Според досега напишаното искрено се надевам дека тимот задолжен за економија на следниот претседател ќе ги земе во предвид овие аргументи и ќе ја прилагоди економската политика на државата на следниот начин:

1. Ќе го зголеми данокот за ДДВ или VAT на максимални 25% (можеби и помалку во зависност од тоа колку ресурси има во моментот Македонија и дали има земја со 10/10 ресурси во тој период со која би можеле да тргуваме)
2. Ќе ја намали царината на 1% (со варирањето на царината 1%-10% може да се контролира дневниот прилив на пари во буџетот за да не се надмине 400.000 пари дневно)

Оваа политика треба да биде ОСНОВА за понатамошното прилагодување на даночната политика и овозможување на Македонија секојдневен прилив на 400.000 мкд од даноци со помош на ботот на Плато.

Задолжително во иднина треба да се избегнуваат економските ембарга и Македонија не треба да изгласа ниту едно економско ембарго. Доколку проверите сега ќе видите дека единствените земји со 10/10 ресурси (Кина и Америка) единствено со Македонија како земја на ОНЕ имаат економско ембарго. Тоа за Македонските граѓани не треба и немора да значи ништо бидејки не се очекува од нив да се економски писмени но за телетабиси како Grand Admiral Kristijan кој е министер за финансии или економија во сите влади од постоењето на Македонија до денес треба да значи крај на неговата политичка кариера.

Се надевам дека после следните претседателски избори иако паразитите ќе пробаат да се залепат и да се упикуваат на SaveAss со речениците:
1. Јас и SaveAss одлучивме да ги промениме даноците
2. Јас и SaveAss ги пресметавме реалните даноци
3. Јас и SaveAss обезбедивме 400.000 пари дневно за армијата за рефунд
4. Јас и SaveAss ...
5. Јас и SaveAss ...

дека тоа ќе биде напросто залудно, залудно, залудно. Време е да им се каже СТОП на паразитите, време е Македонија да стане економски најсилна држава во светот.



СЕКОГАШ СЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ваш Smekerot - Амбасадор на Македонија во Индија






За оние од старамајка што сакаат да стават шаут:

Фељтон Индија: Индискиот lazarosaMKD, пардон SaveAss
http://www.erepublik.com/en/article/-gt-gt-lazarosamkd-saveass-lt-lt--2026781/1/20