Програма на Министерство за Економија - Кандидатура на BlackMK [SaveAss]

Day 1,593, 08:46 Published in Canada North Macedonia by SaveAss
Кандидатура на BlackMK - објаснување на Економскиот модул од кандидатурата:

Почитувани соиграчи,

со новите измени на Плато – најпрво глобализацијата на монетарниот пазар (ММ), потоа со давањето на мисиите кои носеа доста злато и на крај веројатно најнеуспешниот попуст за фирми, можеме да потврдиме дека ситуацијата се стабилизира.

Последниот попуст на златото е доказ за тоа, златото почна да паѓа. Тоа значи дека балансот помеѓу валутите и златото конечно е постигнат.

Исто така се соочивме со остра воена кампања каде влеговме со малку бонус ресурси, ниска плата и без конгрес. Нормално како што не' дал Господ од ништо правиме нешто, затоа и цел свет се плаши од нас. Сепак тоа удира по џебот на секој граѓанин, а овој мандат јас сум тој што треба да се потруди да ги поправи тие работи.

За таа цел овој мандат економскиот приоритет ќе биде поединецот – Јак поединец, јака заедница. Ќе пробаме позитивно да го истакнеме најдоброто во сите од вас.

- Организирање на дијаспората економски и политички
- Промовирање на Македонија како слободна економска зона
- Систематско помагање на бебињата, наместо периодично како досега
- Економски билтен – во соработка со Министерството за информирање - Воден од Beleski
- Акција за зголемување на производството на леб
- Зголемување на соработката помеѓу нашите во дијаспората и бебињата
- Формирање на независно финансиско тело со капитал од 50.000.000 (педесет милиони) мкд


Мал осврт:

Она што го имам научено до сега во играва е дека златото никогаш не ја губи ниту зголемува вредноста, затоа сметам дека државните пари треба да се чуваат како злато, со минимални количини на валута.

Актуелната влада за прв пат обелодени дека со игра на ММ може да се направат дополнителни количини злато (60 злато за 15 дена), без никој да биде свесен за тоа. Исто така ги собра државните организации и со тоа го консолидира државниот имот, онаму каде што му е местото. Домаќинското работење на оваа влада може да биде само пример како треба активно да се работи со финансиите. Тоа се дел од идеите кои претходните кандидати за претседател подржани од Републиканците ги имаа во својата агенда.

Нормално нема да застанеме тука!

Согласно идејата која ја зачнавме со Шмекерот во една статија можеби е редно време е Македонија да стане Швајцарија, тоа би значело 0-1% такса на увоз за производите од другите земји. Пазарот на еМакедонија да стане глобален пазар на сите трговци, бенефитот е повеќе стран:

- Оние кои сакаат да продаваат ќе можат тука, кај нас да ги пласираат своите производи, ќе им треба само Македонска лиценца за трговија.

- Оние кои сакаат да тргуваат, нема да треба да лутаат низ светот, ќе можат тоа да го сторат кај нас.

- Ако сме целосно избришани и двете страни погоре губат интерес - се намалува можноста за вакво сценарио.

- Нашите од туѓина ќе можат да нудат производи директно на маркетот, да произведуваат повеќе и да допринесуваат за развојот на Македонија, наместо на некоја друга земја.

- Секогаш ќе имаме стабилна цена и доволна количина на ресурси и производи, можеби и поефтини од сите други локации.

- Негативната последица е што нашите производи ќе бидат помалку конкурентни, но тоа и до сега се компензираше со платата за вработените.

- Она што ќе можеме да го понудиме како одговор на оваа појава е поттикнување на вработување на Македонци во Македонски компании во странство за соодветно поголема плата.


Плата за МоД тимот


Овие дечки ги оставија коските пред мониторите и тастатурите. Кратко и јасно 1 голд по модератор месечно. Не е многу, ама е еден вид признание и со алал треба секој од нас да им ги одобри.


Економски билтен

Нормално еМакедонецот е информиран за се' освен за тоа што го интересира. Како финансиски да ојача за потоа да ојача во сила и ранк (обратното некако не оди). Во исто време ќе се објавуваат измените на законите на такса, ембарго и сл, а ќе се обезбеди и мост со Македонските работодавци во туѓина.

Акција за зголемување на производството на леб

Очигледно дека имаме дефицит на леб, затоа ќе спроведеме акција за субвенционирање на секој поединец со HW медали кои го покриваат 80% од времето кое живеел (како услов за редовност) да отвори барем уште една лебара. Ова се однесува на бебињата на кои ќе им се понудат соодветно +2 и +1 голд за зголемување на основното производство (без бонуси) на леб од + 200 на +400 и + 600 здравје соодветно.

Нормално нема да ги заборавиме и нашите тајкуни

Финансиска институција составена од 5 организации, секоја со по најмлку 1.000.000 мкд како оснивачки капитал, а најмногу 10.000.000 мкд. 5 организации се земени како мерка на претпазливост и еднаква поделба на капиталот, но делувањето ќе биде заедничко. Секој ќе има право да учествува во оваа организација со цел заедничко делување на финансискиот и материјалниот пазар за оплодување на финансиите. Ќе се издадат акци секоја со вредност од 5.000 мкд и 0.5 голд а ќе се издадат вкупно 10.000 акции. После оформувањето на друштвото најголемите Македонски мозоци во играва ќе имаат можност практично да се покажат. Секој од 5-те брокери ќе има процент од заработката која ја направил. Со волкав капитал искусен човек би помрднал и планина, кратко и јасно. Повеќе детали би се соопштиле кога ќе биде изготвен проекот.

Резервите на злато стануваат се поважни. Стоиме пред одлуката дали тоа злато да се стави во корист на народот или да остане под перница. Веројато тоа би било дел од анкета каде ќе бидат понудени одредени опции.

Исто така овој тим ќе ја продолжи традицијата на републиканците, да остане отворен кон народот, неговите идеи и потреби.

Во тој дух јас лично секогаш ќе Ви стојам на располагање! Не заборавајте сите можете да учествувате со предлози во нашата програма.

Благодарам од името на Тимот за Вашата поддршка. Оваа програма нека биде доказ дека намерите ни се сериозни и професионални.

Со почит,
SaveAss