Underground - Под земја

Day 1,596, 11:36 Published in Canada North Macedonia by SaveAss

Почитувани,

често прашувате кој филмови, што филмови. Јас многу сакам да гледам некои лесни, но некогаш се погодува филм кој ми останува во сеќавање.

Ако сакате да го гледате цел филм, слободно, го има на Youtube. Сепак она што јас сакам да ви го покажам е апсурдноста на појавата каде си ги земаме работите здраво за готово.

Малку да ве воведам, помладиот лик се раѓа под земја и после долго време прв пат излага на површина. Генијалноста на Кустурица претставува есенцијалноста на кој го има претставено незнаењето.

За жал искусувањето на моментите не е никогаш исто со нивно прераскажување, секој си има своја перцепција. Дали еМакедонија ќе излезе од под земја, останува да видиме.

Делот кој сакам да ви го претставам е во времетраење на клипот од 1 мин. до малку пред истекот на втората минута.

Сонцето ќе изгрее о7


http://youtu.be/1cZ7kdSeFOY?t=1m



со почит,
SaveAss