Зенит Прилeп is back in ACTION

Day 1,488, 02:59 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO

Еве дојде време, по повеќе од 6 месеци да напишам статија и да ве поздравам.

Како што кажува и насловот Зенит Прилeп is back in ACTION. Со ова сакам неделникот Зенит Прилеп да го вратам во живот. Но што претставува неделникот Зенит Прилеп?

Поголем дел од помладите не го познаваат, затоа што последната статија од неделникот Зенит Прилеп беше пред повеќе од 300 дена, што е впрочем нецела година, а поголем дел и имаат заборавено, што и е нормална работа.

Па затоа ви препорачувам да ги погледнете неговите први 7 изданија:

Зенит Прилеп број 1
Зенит Прилеп број 2
Зенит Прилеп број 3
Зенит Прилеп број 4
Зенит Прилеп број 5
Зенит Прилеп број 6
Зенит Прилеп број 7

Сега мало појаснување. Што всушност е тема на обработка на Зенит Прилеп? Тема на обработка на неделникот Зенит Прилеп е политичката, економската и воената ситуација во еСветот, а особено во нашата мила татковина, еМакедонија.

Јас се надевам дека со овие статии, ќе успеам барем да се доближам на успехот што пред речиси една година го остварив со Зенит Прилеп. Но што ме натера повторно да се вратам на новинарскиот живот?

Еве вака. Во последно време, добрите статите се исклучителна реткост, ова е мое лично мислење, но јас мислам дека тоа не се должи на недостатокот на идеи и новинари во еМакедонија, туку на воведувањето на категориите на весници, со што најновите и најдобрите статии не се претставуват директно на почетната страна, туку треба да се влегува во разни менија и подменија.

Втората работа е тоа што за разлика од порано, еМакедонија е помоќна држава и многу побројна во население, па многу од добрите новинари се префрлија во војската и во политиката. Исто така голем дел од новинарите го креираа весникот само за тие 5 Голд, а не за известување, па откако Македонија стана бројна држава, преку МММ Акции многу мина ја остварија нивната зацртана цел и ги запоставија весниците.

Третата работа што ме натера е тоа што од моето одење во ’пензија’, немам забележано некој весник да ја има истата тема на обработка и известување, па решив дека е добро да се има ваков неделник на нашиот медиумски простор.

И на крај, работата што најмногу ме мотивираше е тоа што поголем период од 2011 бев двокликаш, па решив дека треба да преминам во понапредна фаза и малку повеќе да се ангажирам на еРепублик. И како најдобар начин за тоа ми изгледаше ’враќање на Зенит Прилеп во живот’ и повторно да пишувам, нешто што го правам најдобро.

Сега малку да се осврнеме на весникот, темите, кои што ќе ги застапува и неговиот изглед.

Прво да разјасниме, тој нема да истрпи многу промени, да не се разбереме погрешно, промени ќе има, а се надевам на подобро.

Неделникот ќе има неколку теми, па тоа ќе изгледа вака:

1. еТатковина - Се за најактуелните случаеви во еМакедонија
2. Што прават нашите пријатели и ’пријатели’? - Најважните случувања на нашите најголеми сојузници и непријатели и поважните случувања во еСветот
3. Колумна - Тема на обработка ќе биде најактуелниот настан во еМакедонија, а секако ќе биде напишана во саркастичен стил, како класична колумна
4. еИндекс - Детална обработка на економијата и пазарот во еМакедонија, следење на цените на прозиводите, платите...
5. Вицови - Старите добри вицови, сте виделе ли некое списание да не завршува со вицови? Па и овој неделник не е исклучок.

И за на крај, податоци, каде можите да го набавите Зенит Прилеп. Зенит Прилеп, како и обично ќе излегува еднаш неделно, во понеделник, а првиот број ќе излезе на 26 декември 2011, односно на 1497 ден од Новиот Свет.

Поздрав до следното читање и се надевам дека ќе ми дадете Под Дршка.

За ШАУТ:

Зенит Прилeп is back in ACTION
http://tinyurl.com/ZPBinAction