ЗЕНИТ ПРИЛЕП број 5, ден 1168

Day 1,168, 12:59 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO


Добар ден, драги читатели
Вие го читате петтото издание на весникот "Зенит Прилеп"




Статистика:

- Вкупно искуство: 2,133,122
- Просечно искуство: 383
- Население: 5335
- Македонце со најмногу искуство: lazarosaMKD со 14273 исуство
- Македонец со најмногу инфлуенс: lazarosaMKD со 6.463.120 инфлуенс
- Македонец со најголем воен ранк: lazarosaMKD со 1.151.508 поени
- Македонец со најмногу сила: lazarosaMKD со 3.185 сила
- Македонец со најмногу медали: lazarosaMKD со 73 медали


Лошите вести за Македонија продолжија и во изминатава недела. Најпрво се започна од минатонеделното губење на Источна Македонија, па продолжи со понатамошно губење на Повардарие и Западна Македонија со посрамотувачки резултат од 8-0 за Бугарите. По ова Македонско-Бугарската војна прекина, затоа што Македонија беше избришана од мапата на светот.

Како најголеми виновници беа сметани лидерите на партиите, кои беа премногу внесени во одбирањето, кој да бидат конгресмени на Македонија, па затоа заборавија на војната, па и затоа така лесно ги изгубивме двете војни. И како за наш малер, последниот наш преостанат регион, Западна Македонија нападнат на 25 јануари, денот за Конгресмеските избори. И тогаш сите си гласавме, но резултати не добивме, затоа што на крајот од денот Западна Македонија, а воедно и цела Македнија, беа освоени од Бугарите. И на крајот Македонија не доби конгресмени, и така ќе биде се до 25 февруари, до следните конгресменски избори. А дотогаш претседателот, кој во моментов е Drashhh III Makedonski, ќе биде единствен конгресмен, во најмала рака до 5 февруари, односно до новите председателски избори. Што би се рекло, до 25 февруари, “Тој пали, тој гаси“.

Но и не беш се така црно во оваа за тоа што Македонците, успеаа да ја ослободат Источна Македонија, преку востание, кое моментално е прво и единствено во Македонија. Исто така тука вреди да се напомене, дека ова востание е покренато од Србин, кои се најзаслужни зошто имаме барем 1 слободен регион. Во оваа востание помагаа и многу наши сојузници, како што се Турција, Бразил... Ние им изкажуваме бескрајна благодарност, за тоа, а им ветуваме дека Македонија нема да заборави на ова и ќе го возврати во поголема мера, а и се надеваме дека и тие нема да заборават на она што ние го имме напавено за нив, во претходните неколку месеци.

Економскиот дел од државата, ист како и воениот. Најпрво денарот, продолжи со паѓањето и моментално се држи на 63,5 денари, која тешко ја одржуваме.

Државата се обиде овај економски крах, да го пренесе и кај нашите поробувачи, Бугарите. Тоа беше предвидено со Македонските Камикази, преку операцијата ПОТОП. Така што сите Македонци учесници во оваа акција, намалија на сила од 20 и работеа во Бугарските фирми. Но на сето тоа Бугарските фирми удрија со против напад, така што ги намалија платите, па дури иако би работеле со 20 здравје. Но оваа акција не може да се нарече неуспешна, но не и успешна, затоа што не ги исполни крајните цели.


Аватарот наменет за жени


Aватарот наменет за мажи

Македонија продолжи со понатамошните акции, а оваа беше предводена од Министерството за Одбрана, со што се вршеше регрутација во АРМ. Но тоа беше единственото што беше изнесено. Понатамошни информации не беа изнесени, како што се име на организацијата и логото.

Третата акција од овој вид, беше започнат од Министерството за Здравје. Таа акција беше основана за да се ревитализираат камиказите, а потоа да им се подели еден тикет и да се вратат на единствениот слободен дел од Македонија, Источна Македонија. За ова акција неможам да кажам дали е успешна, но како што многумина гледате, бројот на жители на Бугарија, се намали за 3 000, голем дел од овие беа Македонци, од кои дел се преселија во Источна Македонија, а дел во соседна Србија. Што се однесува на здравјeтo, немам никакви информации.

Исто така Македонците се обидоа да креираат бејби бум, со испраќањето на двајца играчи во утринската емисија, Журнал на Сител ТВ. Тие двајца играчи беа GokaGrozni и Fantomsky. Но ова не го даде посакуваниот резултат, а најголем кривец за тоа беше што емисијата се одржува во раните утрински часови, а двајцата претставници учествуваа во емисијата, кај околу 7 часот и 45 минути.

Ова освојување како да се предвидуваше, па во Конгресот беше предложено моменталниот претседател да ја напушти председателската функција, за да се промени единствениот владител, но тоа беше безуспешно затоа што резултатите, беа 12 ЗА и 14 ПРOTИВ, а за овој зако нда стапи на сила треба и дво третинско мнозинство, односно 66% од гласовите да бидат ЗА.

Бидејќи Македонија беше освоена, ние го изгубувме нашиот Природен Непријател, па така кога ја ослободивме Источна Македонија, ние немавме Природен Неприjaтел. Па затоа тие не предложија нас, но ние не возвративме, што можеби беше и главната причина што овој закон беше одбиен со 23 ЗА и 21 ПРОТИВ, но за овој закон е потребно дво третинско мнозинство, па бешe одбиен. Наредниот ден Бугарите го направија истото, на за разлика од претходно и ние го направивме истото, така што претседателот го предложи [bзаконот и гласа ЗА, па тој беше прифатен уште во првиот час, затоа што нема други конгресмени. Па затоа и Бугарите го прифатија законот со 41 ЗА и 3 ПРОТИВ. Ова предложување е можеби е затоа што со новиот закон се добива повеќе сила при вежбање, односно +10%, доколку се има Природен Непријател. За овој закон можете да прочитате повеќе во делот еСвет.[/b]

Исто така во овој период, се растури најголемата партија во еСветот, а воедно и во еМакедонија, Obedineta eMakedonija. Овој пат, таа беше преимнувана во Pirinska Makedonija, а главните водачи излегоа од нејзе, па таа им беше препуштена на главно помлади играчи, а со ова и значително со намали бројот на членови дури за 3 пати, односно од околу 1 500 на околу 500. Истата судбина ја доживеаа и другите партја, на кои значително им се намали бројот на членови.





Исто како и кај нас, така и на Балканот работите се одвиваат лошо за нашите сојузници.

Најлошо е кај Турција, која покрај изгубените 4 територии во минатата територија, изгубија уште 2 територии. И останаа со само еден регион, Брегот на Црното Море, кој пак не го даваат за “жива глава“, тоа го докажуваат со тоа што 2 пати успеаа да го одбранат. Но исто така не успеаа да освојуваат ниеден регион после 2та напади на Грчките региони.

Исто така напредок, оствари и БиХ, кој подоцна се покажа како кобен. Најпрво тие успеаа да ја ослободат Федерацијата од БиХ, но подоцна ја изгубија од Србија, а исто така ја изгубија и Областа Брчко, кој им беше оставена на Босанците, после целосното освојување на БиХ.

Во Романско-Унгарската Војна веќе 2 недели се случуваат напредоци, најпрви Унгарија, го освои Банат, а после неговото ослободување, Романија ја освои [/b]Големата Северна Рамница[/b], која како што секогаш се покажува Унгарците ја ослободија преку револуција

Во оваа борба, од страната на Унгарија се приклучија и Молдавците, кои сакаа да си го вратат регионот Транснистрија, од Романците, но и овој се покажа како и претходните неколку обиди, односно безуспешен.

Србија и Хрватска, целосно ја наследија Романско-Унгарската традиција, да не се освојува ниеден регион. Но тие веќе направија некои промени, па да се надеваме дека и Србија и Хрватска ќе го направат тоа. А наша желба е секако Србија да го направи тој прв чекор.

На Балканот влезе и една нова држава, а тоа е Италија, која до пред неколку недели беше на работ на бришење од мапата од страна на Словенија, сега успеа да им одземе еден регион, кој после неколку дена Словенците успеаа да го вратат.

Исто така во овој период се ширеа разни гласини, кои велеа дека Америкаците сакаат да влезат и да ја освојат Србија. За да им отвори пат до Србија, Турција би требало да не предаде, па да се надеваме дека тоа нема да се случи. Откако САД дојде до граница со Турција, се наговестуваше план, во кој Грција и Турција, би им ослободиле пат на Американците до Србија, а САД подоцна би им ги вратиле територии, а би им дала и колонии во Индија. Истото важеше и за Бугарија. Во овој план ние не бевме никаде споманити, но секако ние би застанале на страната од Србија. Исто така и не веруваме дека Турција не би не предала. [/b]Но овој план наидува на неколку препреки, затоа што САД, прво мора да освои територии од Грција и Бугарија, кои се нивни сојузници, што значи дека треба да чекаат да истечи МПП. Втор проблем е тоа што Иран веќе си врати 3 територии, со што ја изгубија границата со Турција и Грција. По се изгледа дека овој план во скоро време е невозможен.



Мапата на Балканот на 30.01.2011





Како и во последните неколку недели, во еСветот, новиот админ Плато, воведува нови закони. Таков е новиот закон, кој главно се однесува на востанијата и Природниот Нерпијател. Најпрвин за востанијата. Како што објаснува Плато, бидејќи во последно време многу територии се ослободуваат со востанија, кои започнуваат веднаш по губењето на тој регион, не оставајќи му место на освојувачот да здивне. Па од оваа причини доколку некој регион биде освоен, тој е заштитен од востанија во следните 24 часа. Вториот закон во врска со востанијата е тоа што една држава не смее да подигне повеќе од едно востание против противничката територија. Со ова нема да се може да се нападнат на пример 3-4 територии, и да се надеваме дека барем на едно место ќе попуштат. Јас мислам дека со ова се губи и онаа малку што остана стратегија, затоа што не ќе можат да се враќаат територии со организирани напади.

Што се однесува за законот за Природен Непријател со него доколку се има Природен Неприjaтел, тогаш при тренирање добивате 10% бонус, а исто тако, сега не само што се добива 10% бонус на инфлуенс при удар во војна со Природен Непријател, туку од 1165 ден од Новиот Свет, 10% се добиваат и на Ранк Поените. Ова може да се речи дека е добар закон, затоа што со ова се потикнуваат државите да поставуваат поставуваат Природни Неприајтели, а со тоа да започнуваат војни и промени на териториите.



еЕвропа

- Украина ја ослободи Субкарпатија од Словачка
- Естонија ослободи 1 регион од Латвија, но загуби друг. И не може никако да ги протера Латвиците од својата земја
- Германија освои 3 региони од Швајцарија, подоцна Швајцарија ослободи 2 региони, но Германија повторно се врати на 3
- Ирска изгуби еден регион од Канада
- Португалија ослободи 1 регион од Шпанија, но подоцна беше избришана од мапата
- Франција ги изгуби сите територии во Шпанија
- Словачка освои 2 региони од Австрија
- Канада ја нападна Велика Британија, кај Шкотска и ја освои
- Италија ја нападна Германија, но таа се одбрани
- Бразил ја нападна Шпанија и ги освои Канарските Острови
- Полска го освои Баден-Вуртенбург од Германија
- Украина ја нападна Русија, но без успешно

еАзија и еОкеанија

- САД продолжи да освојува низ Иран и востпостави граница со Турција, но потоа изгуби 3 региони, со што ја загуби и границата.
- САД го освои Чонкгиг од Кина
- Нов Зеланд си врати некои територии од Австралија, со што Австралија има само 1 регион во Нов Зеланд
- Индонезија освои неколку територии во Индија, но повеќето ги изгуби од Кина
- Сингапур освои уште една територија од Малезија, но Малезија преку револуција ја ослободи
- Северна Кореја и Јапонија си разменија неколку безусшени напади
- Пакистан, Кина, Јапонија и Иран започнаа револуции против САД. Но само Иран и Пакистан успеаа, додека на Јапонија и Кина им успеа од втор пат.
- Иран започна револуција против Бугарија, но се обвинуваше дека е неорганизирано започната од некој Македонец
- Тајван ја нападна Јужна Кореја, но и започна револуција против нив.
- Јапонија освои некои територии од Јужна Кореја, но Јужна Кореја ги враќа преку револуци
- Индија започна револуција против Пакистан
- Колумбија ги напдна Филипините, но без успешно

eАмерика

- Аргентина и Боливија константно се борат, но Боливија има постојно 2 територии.
- Венецуела ги ослободи сите територии од Бразил
- Венецуела ги изгуби сите региони од Шпанија, освен 1
- Мексико ослободи 2 региони од САД и се обидува да го направи тоа и со трет.
- Аргентина го нападна Перу и освои 2 региони.

еАфрика

- Јужна Африка си врати уште еден регион од Бразил




Дали се исплати да работам со бустер во моја компанија?

Како што сите знаеме пред неколку недели, беше донесен законот за работење во својата фирма, како менаџер, при што не земаш плата,а добиваш продукти. Со ова сите предвидуваа збогатување на богатите, сопствениците на фирмите, и осиромашување на сиромашни, играчите со помал левел. Но да го оставиме тоа, да се префрлиме на прашањето. За да откриеме треба да се фатиме трошка за математика, па ајде:

Според сегашните курсеви, 1 Злато = 61,3 МКД, па затоа ќе ги замеуваме според овај курс.

Најпрво, формулата за продуктивност е :


Продуктивност= A * (3.6 + (B * 0.4)) * C * (1 + ((Bo+R+Co)/100)) * 8

* A: Множител на работници
* B: Работнички скил
* C: Множител за здравје
* Bo: Бустер за реферали и користен бустер
* R: Бустер за регион
* Co: Бонус од 25% за компанија кај граѓанин


За множителот за работници: ако бројот на работници е 10 или помалку, тогаш А е 2,
ако бројот на работници е поголем од 10, тогаш А е A = 3 - (работници / 10)
ако нема работници А е 1

Во мојата фирма, кој ќе ја земам за пример А е 2.

За множителот за здравје се определува според формулата: C = 1 + 2 * Здравје/ 100, па нјаверојатно ќе си работите со 100, па тогаш C = 3, па заменуваме во формулата, во која јас ќе се земам како пример


Со 10% бустер (бесплатен):

Продуктивност= A * (3.6 + (B * 0.4)) * C * (1 + ((Bo+R+Co)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + (9 * 0.4)) * 3 * (1 + ((30+0+25)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + 3.6) * 3 * (1 + (55/100)) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * (1 + 0.55) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * 1.55 * 8
Продуктивност= 535


535/2 = 267 жита * 0.1 (моментална цена на житото) = 26.7 МКД - 13% данок = 23.22

Чист профит = 23.22 МКД


Со 50% бустер (0.19 злато = 11.65 МКД):

Продуктивност= A * (3.6 + (B * 0.4)) * C * (1 + ((Bo+R+Co)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + (9 * 0.4)) * 3 * (1 + ((70+0+25)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + 3.6) * 3 * (1 + (95/100)) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * (1 + 0.95) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * 1.95 * 8
Продуктивност= 673


673/2 = 336 жита * 0.1 (моментална цена на житото) = 33.6 МКД - 13% данок = 29.32 МКД - 11.65 МКД = 17.67 МКД

Чист профит = 17.67 МКД


Со 100% бустер (0.79 злато = 48.42 МКД):

Продуктивност= A * (3.6 + (B * 0.4)) * C * (1 + ((Bo+R+Co)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + (9 * 0.4)) * 3 * (1 + ((120+0+25)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + 3.6) * 3 * (1 + (145/100)) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * (1 + 1.45) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * 2.45 * 8
Продуктивност= 846


846/2 = 423 жита * 0.1 (моментална цена на житото) = 42.3 МКД - 13% данок = 36.83 МКД - 48.42 МКД = -11.59 МКД

Чист профит = -11.59 МКД


Со 200% бустер (0.79 злато = 60.68 МКД):

Продуктивност= A * (3.6 + (B * 0.4)) * C * (1 + ((Bo+R+Co)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + (9 * 0.4)) * 3 * (1 + ((220+0+25)/100)) * 8
Продуктивност= 2 * (3.6 + 3.6) * 3 * (1 + (245/100)) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * (1 + 2.45) * 8
Продуктивност= 2 * 7.2 * 3 * 3.45 * 8
Продуктивност= 1192


1192/2 = 596 жита * 0.1 (моментална цена на житото) = 59.6 МКД - 13% данок = 51.96 МКД - 60.68 МКД = -8.72 МКД

[/b]Чист профит = -8.72 МКД[/b]

Како што можите да видите според пресметките, најисплативо е да се работи со бесплатнио бустер, односно со оној од 10%, а најлошо со оној од 100%, кој вреди 0.79 Злато

Напомена: Пресметките се точни за само во времето на пресметување. Бидејќи постојат многу променливи, како што се: видот на фирмата, цената на пазарот, данокот, курсот на денарот, бустер за регион... некогаш овие пресметки можеби нема да бидат точни, па затоа треба да се пресмета одново со тогашните вредностина променивите.




- Барам сериозни работници, кои ќе работат во мојата фирма. Плата под договор. Доколку користат бустер или реферали се зголемува платата.

STEFANPIPO
Zito Pelagonija


- Купувам 5 карти со Q1, но по поефтина цена од онаа на пазарот. Или пак ако може да ги изнајмам, одма ги враќам, ако треба ќе платам нешто.

STEFANPIPO

Oва е местото за огласи, каде што некој можам слободно и бесплатно да го огласувам, доколку купува компанија, бара работници... Кој сака да се рекламира нека ми пиши во ПП, бесплатно е.





Напомена:Сите цени се во МКД


Цена на артиклите:


Инфлација во однос на минатата седмица:






Како што знаете денеска го освоив својот прв ММ медал. Но не сакам да бидам себичен и затоа сакам да му помогнам на оние кои што се блиску до тоа остварување.

Затоа минатата неделa создадов една МММ Акција, која беше нуспешна затоа што минаше некои грешки, а и беше не крајот на статијата, каде што малкумина читаат.

Па затоа решив оваа МММ Акција, да ја започнам во посебна статија, која ќе ја објавувам секоја среда и ќе се додаваат нови весници, а секако и оние кои што се од пред тоа, а не освоиле ММ Медал.

Затоа очекувајте нова МММ Акција во среда.





1. Цветко, мортус пијан легнал на улица и полека се движи, некој полицаец го видел и го прашува:
- Зошто ползиш???
И овој му одговара:
- Барам нешто.
- Е што бараш?
- РАМНОТЕЖА.

2. На малиот Трпе му било време за да си фати женска, ама постојано си одело со Трпе и Трпана и не се делело од нив.
Еднаш отишле на плажа и Трпе му рекол на синот:
- Сине абе оди прошетај малку види ја плажата разгледај какви луѓе има, не ми седи тука од тебе човек не може да прдне, ее!
- Епа добро тато.
И отидел малиот Трпе по плажата го видел морето и се вратил и му рекол на Трпе:
- Tато јас отидов, видов, ама никој не ме погледнува, ништо!
Трпе му вика:
- Добро сине ја ќе ти кажам една финта од мое време. Ќе земеш ќе си ставиш еден компир во купаќите и ќе се прошеташ така па ќе видиш како сите ќе те приметуваат.
Го послушал Трпе и отишол. И за кратко време, пак се вратил. А на Трпе многу го печело сонцето и си ставил шешир.
- Тато ја се вратив. Сите ме гледат и приметуват ама ми се смеат.
Трпе го трга шеширот, го гледа и му вели:
- Па како нема да ти се смеат кога компирот си го ставил одпозади??


3. Што имаат заедничко индијански шатор и Линукс?
Нема Windows, Нема Gates

4. Мујо и Хасо разговараат, и Мујо го прашува Хасо:
- Абе ти што работеше, што зимаш толкава плата !?
- Абе бришам прашина од атомска бомба…
- Леле, и што ако пукне ??
- Па што ми е гајле, не е моја.

5. Се враќа Трпе од странство со многу пари и другар му го прашува:
- Абе Трпе од каде заработи волку пари?
- Епа таму бев магионичар.
- Е ај покажи некоја магија….
- Ај сврти се и затвори ги очите….
-