ЗЕНИТ ПРИЛЕП број 4, ден 1161

Day 1,161, 12:35 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO


Добар ден, драги читатели
Вие го читате третото издание на весникот "Зенит Прилеп"




Статистика:

- Вкупно искуство: 2,226,112
- Просечно искуство: 221
- Население: 8,956
- Македонце со најмногу искуство: lazarosaMKD со 13911 исуство
- Македонец со најмногу инфлуенс: lazarosaMKD со 6.075.830 инфлуенс
- Македонец со најголем воен ранк: lazarosaMKD со 1.112.779 поени
- Македонец со најмногу сила: lazarosaMKD со 3.032 сила
- Македонец со најмногу медали: lazarosaMKD со 70 медали


Оваа недела за Македонците и за нашите сојузници не се одвиваше најдобро, но сепак заслужува да се напише нешто поопширно за нејзе.

Како и во изминативе две недели [uрl=http://www.erepublik.com/en/wars/show/3564]Македонско-Бугарската војна[/url] се продолжи. Во оваа војна само Македонија успеа да направи територијални проширувања, кои набргу беа вратени назад. Но сепак тоа набрзо се смени и работите отидоа “низбрдо“. Напрво после ослобудувањето на Софија, Бугарија нападна на Источна Македонија, но успешно се одбранивме со 8-5. Нардениот напад го издржавме со 8-3. Во меѓувреме нашите напади беа само за да помини иницијативата, затоа што губевме со резултат од 0-8. Ова се должи на тоа штомногу Македонци се бореја во борбите за Турција, кои иако на почетокот успеаа да го освојат Бургас, потоа беа напднати од Грција и изгубија 4 територии и тоа е мошне сериозно за нив. Но да се навратиме на Македонија. Во неделата Македонија за прв пат искуси како се губи територија. Таа територија беше Источна Македонија. Најпрво Бугарите успеаа да ги земат првите 3 борби, но потоа ние го презедовме водството и поведовме со 5-3. Но Бугарите успеаа да ги освојат ноќните рунди и да ја преземат Источна Македонија со резултат од 8-6. Исто така треба да се напомене дека во битките имавме достојна помош од нашите сојуници, Турци, Срби, Бразилци...

Па да се надеваме дека ќе успееме да си ја вратиме Источна Македонија и да ги ослободиме нашите Пирински браќа, кои веќе 100 години трпат тиранија. Исто така се препорачува сите кои што се во Источна Македонија и немаат билети за во Македонија и не работат во некоја фирма да се намалат до 12 здравје (за да намалите сила тепајте се за сојузниците и ако дојдeте на 20 изејте еден леб и мавнете уште еднаш за да имате 12 здравје) и да работат во Бугарските фирми со највисока плата.

Исто така важен дел во овие битки имаше и драстичното опаѓање на курсот на денарот, кој ја достигна и најниската цена односно едно злато да се заменува за 63 денари, што е нешто повеќе од 100% од првичната цена од 30 денари. Но наредните денови следуваше мало покачување на денарот со тоа што тој успеа да се врати на 59 денари.

Како што опаѓаше курсот на денарот, така се креваа и платите. Но истовремено и со платите скокнаа и цените на житото и лебот. Житото достигна цена од 0.11 денари за единица жита, а лебот пак 1 денар, што е и рекордната цена на лебот достигната на лебот. Затоа се препорачува до овие “ратни профитери“ да намалат за колку што можат, особено житарите да намалат на барем 0.1 денари, затоа што тоа би го многу поголем намалување на лебот.

Исто така една интересна случка во Македонија беше тоа што најголемата партија Obedineta eMakedonija го смени претседателот United Macedonia во Lielais. Но како што рече United Macedonia, неговиот профил бил хакнат па заради тоа било предадено председателството.

Од страна на играчот ivan.aka.friday беше иzјавено дека во наредниве денови ќе има Бејби Бум, затоа што тој ќе објавел реклами во некои популарни македонски сајтови. Доколку сакате да прочитате нешто повеќе за тоа посетете го неговиот артикл овде.




На Балканот си продолжуваат неприајтелствата и војните, но без значаен напредок на државите, освен на Грција.

Хрватите и Србите само си ја префрлаат топката и чекаа противникот да го направи првиот потег, затоа што освојување на противничките територии не се случило уште од почетокот на минатата недела, кога Србија успеа да ја ослободи Црна Гора

Ромаците успеаа да си го вратат Банат откако по првпат по неколку недели Унгарија успеаа да освои противничка територија минатта недела. Но и покрај тоа војната меѓу Унгарија и Романија си продолжува со исто темпо.

Единственото добро за Турците во минатата недела се случи а нејзиниот почеток, а тоа беше освојувањето на бугарскиот регион Бургас, но потоа тој беше набрзо вратен на неговите оригинални сопственици.

На Турција освен Бугарија им се нафрли и Грција, кои успеаа да освојат 4 региони од Турција: Мармара, Егејски Брег на Турција, Медитерански Брег на Турција и Централна Анадолија. Турците ова го опавдуваат со нивниот бојкот, кој го спроведуваат заради преглемото користење на скрипти од Бугарите и Грците, иако им се заканува бришење од мапата. Турците ги обвинуваат Грците и Бугарите за користење скрипти со што прават драстични прмени во борбат во последните минути. Турците имаат доста докази, но админите едноставно прогледуваат низ прсти. Останува да видиме дали овој бојкот ќе вроди со резултат или админите повторно ќе замижат пред своите сонародници и алијанси.

Со прекинувањето на границата меѓу Турција и Бугарија, Бугарско-Турската војна по втор пат е завршена. Доколку ја освојат Грците цела Турција, тогаш очигледна мета на Бугарија и Грција сме ние. Но да се надеваме дека поради турскиот бојкот нема да бидеме и ние избрипани од мапата. Се надеваме дека нема да нез инзеверат нашите најдобри сојузници, Туците.



Мапата на Балканот на 23.1.2011



Во еСветот како и во минатата недела и оваа недела многу измени.

Најпрво во понеделникот добивме писмо од админот, Плато, кој ни кажува дека на 1161 ден од Новиот Свет, односно на 24.1.2011 во РЛ, ќе се направат промени во маркетот, со тоа што доколку бараш различен квалитет на производите, не мора да се мачиш и да лизгаш со лизгачите за да погодиш точно, туку овде си одбираш какви да има во понудата, дали Q1, Q2... Ова админот го објасни со тоа што дури 61% од играчите кои влегле на маркет го исклучлуваат веднаш по стегнањето на лизгачите. Инаку ова е една од подобрите работи кои што админот ги променил во играта, со тоа што е одредено точно што се бара, а не дали бараш Q1, Q2... Го поздравувам админот за ваквата промена и нека му се множат ваквите.


Новиот поедноставен изглед на маркетот

Исто така една едно највознемирувачките работи беше што ги немаше Мапите со Богатство, и се појавуваше порака која гласеше: “The last Treasure Map was found on day 1157. There are no other Treasure Maps to be found“. И претпоставувам тогаш многумина би рекле, каква е сега оваа промена од админите, дали ни го прекинуваат и главниот извор на злато? Дали сакаат да си ја подобрат продажбата на злато со пари од РЛ? Но сепак не треба да се паничи, затоа што тоа Мапите со Богатство се избришани, но златото од добивање на медали или кревањето на левели останува. Па златотот ќе се добива според следниов критериум:

Кога ќе крени левел / освоите некој медал:

* играчите нема да добиваат ивестување
* ќе добиваат поп-ап мени за награди (слично на Извршена Мисија / Крвање на Левел) ќе се појавува
* играчите нема да добиваат Мапи с Богатство
* Златото ќе биде додадено во директно во сметката на играчот:
o 1 Злато за сеое кревање на левел
o 5 Злато за секој медал
* што се однесува на Бонус Златото (добиено преку реферали), нема да има никакви промени.

Бришење на Мапите со Богатство:

Фаза 1 (на почеток): нема повеќе доделување Мапи со Богатсво

* бришење на Мапите со Богатство, кои се отребни за мисии (ако постои некоја)
* Во Gold & Extras, табот со Treasure maps: ќе се замени со "Treasure maps are awarded for" со следниов параграф: "The last Treasure map was found on day 1154. There are no other Treasure maps to be found anymore."

Фаза 2 (30 после почетокот): бришење на Мапите со Богатство

* бришење на табот со Treasure Maps од страната на Gold & Extras
* бришење на сите кодови поврзани со Мапите на Богатство (известување...)


Што се однесува на доделувањето на 1 Злато за кревање левел, тоа е малку, особено за високите левели, кои премногу тешко се креваат, а што се однсува на играчите со помал левел, тоа може да се каже дека е исплатливо, затоа што во почетокот ќе добиваат повеќе злато.

Додека за доделувањето на 5 Злато за секој медал, е добро затоа што со порано со Мапите се добиваа околу 4.5 Злато, а често и помалку. Па и ова е една од добрите работи, затоа што се зголемува фондот на злато.



Пораката добиена во табот со Treasure Maps


Исто така во оваа недела беа додадени 3 нови држави од Арапскиот Свет, тоа беа: Египет, Саудиска Арабија и ОАЕ.

Па еве мало извествање за нив:

Саудиска Арабија

- Ресурси: 5 нафта, 4 жито, 2 шалитра, 2 алуминиум

- Региони: Ал Бахах, Ал Мадинах, Асир, Меках, Џизан, Ал Ријадх, Северните граници, Ал Ќасим, Ха'ил, Источна провинција, Најран, Ал Џаф и Табук.


Египет


- Ресурси: 3 овошје, 1 говеда, 1 железо, 1 нафта

- Региони: Синај, Долен Египет, Брегот на Црвеното море, Среден Египет, Горен Египет и Западната Пустина


ОАЕ


- Ресурси: 3 риба, 2 шалитра, 1 железо, 1 нафта

- Региони: Аџман, Рас ал-Каимах, Фуџирах, Дубаи, Шарјах, Ум ал Куван Абу Даби

Исто така се препорачува да не се подржуваат никакви ПТО групи, туку да им се помогне на државите и да создадеме добри пријателства и идни сојузници. ПТО не е препорачливо, затоа што со тоа ние би создале, сигурни непријатели.


еЕвропа


- Франција ја напдна Шпанија и освои 4 територии
- Холандија успеа да ослободи некои територии, кои ги изгуби од Полска
- Словачка ја освои Северна Моравија, откако ја изгуби минатата недела
- Украина ги ослободи 2те територии од Унгарија, но Русија ги одзеде и тие, како и цела Украина. По што селдеа 9 безуспешни востанија, кои беа започнати заедно.
- Германија крена востание и ја ослободи Саксонија
- Франција крена востание против Полска, но безуспешно.
- Шпанија ги освои Азорите, Норте, Алентехо и Алгарве, а Португалија не успеа да ги ослободи преку револуција
- Словенија и Италија продолжуваат со борбите, но без значаен напредок на едно од страните
- Украина започна револуција против Словачка, но и таа беше неуспешна


еАзија и еОкеанија


- Иран освои една територија од Пакистан, но потоа од САД изгуби неколку и од своите.
- САД и Кина го освоија цел Пакистан
- Австралија освои 3 региони од Нов Зеланд. Подоцна Нов Зеланд ослободи еден и ја освои Тасманија
- Индонезија освои повеќе територии од Индија, а Индија не успеа да ги ослободи преку револуција.
- Малезија ослободи еден регион од Индонезија, но подоцна беше преземен од Синапур
- Пакистан крена револуција против Иран, но неуспешно
- Иран започна војна со САД и Кина
- Јужна Кореја успеа да ослободи еден регион од Јапонија, но изгуби друг.


еАмерика


- Мексико ослободи уште 2 региони од САД
- Венецуела ослободи 4 региони од Шпанија, но потоа не успеа при ослободување на други 2
- САД се обиде да ослободи региони од Полска,но безуспешно
- Аргентина ги нападна Перу и Боливија, но изгуби една територија во Боливија
- Бразил ја нападна Венецуела и освои 2 региони


еАфрика


- Јужна Африка ослободи 3 региони од Бразил


Мапата на светот погледнете ја овде.




Не го пробувајте ова.


Како можам да скријам данок?


Најпрво што се даноците. Данок е одреден дел од добиената сума која се префрла на државата. Добиена сума може да е: плата, продажба на нешто...

Во играта постојат 3 видови даноци:

- Данок на добивка: за кој се плаќа одреден дел кога се префрлаат парите од компанијата во играчот.
- Данок на извоз: за кој се плаќа одреден дел кога се продаваат производи во странство, така што се зголемува цената на прозводот за толку процентото, колку што е процентот.
- ДДВ: за кој се плаќа одреден дел кога се продаваат производи, без разлика во странство или дома. ДДВ-то не важи за суровите материјали, како што се: жито, железо, камен и нафта.

Да не платиш данок, не е возможно, затоа што играта не го дозволува тоа, но сепак постојат некои начини на кои се намалува данокот, а се зголемува приходот.


1.Плата

- Ова се прави така што платата се намалува на 1 МКД и доколку ДДВ е 5%, работникот би добил 0.95 МКД, а останатиот ден би го добил преку донации за кои не се плаќа данок, па така работодавачот ќе потроши 11.05 МКД, доколку му донира уште 10.05 МКД. Но доколку чесно му ја даде платата, тогаш тој ќе потроши 11.55 МКД со данок од 5%. Доколку данокот е поголем, се зачувува многу повеќе. Па доколку направиме пресметка на 10 работници за 1 ден, добиваме:

(11.55 - 11.05) х 10 = 5 МКД, а доколку го пресметаме за 30 дена, се добива бројка од:

5 МКД х 30 = 150 МКД, што не лоша заработувачка за едне месев, и тоа за ништо.

2.Продавање производи

- Ова се прави така што се местата ниски цени на продуктот, а останатата цена се префрла преку донации, за играчот да не плаќа данок, кога ќе ги префрла парите од компанијата. Ова работи исто на системот, како и платата, но има поголеми ризици, како што е некое трето лице да ти го купи производот, во што би бил во голема загуба.

3.Организации

- Ова не се било какви организации, туку организации кои продаваат продукти со злато. Таков пример е организацијата Valetta од еСрбија (Со ова не ги обвинувам дека прават некакви затајувања и матни работи). Тие ги купуваат производите од своите фирми, и потоа им ги продаваат преку донации на играчите, кои им враќаат злато. Со ова го избегнуваат претварањето на парите во злато, при што избегнуваат некои замени, преку менувањето.

4.Бустери

- Ова е многу поврзано, со платата, затоа што може да се плати преку зголемување на платата, што би било легално, но доколку некој ви го “купува“ бустерот со донирање на 0.19 злато. Со тоа тој ви ја остава платата иста, со што не го зголемува данокот, кој оди за државата.

5.Помеѓу 2 фирми

- Ова во Македонија не е возможно, затоа што во Македонија сите даноци за префрлање пари од фирма се исти за секоја индустрија. Но доколку тој е различен во некои поврзани индустрии, како што се жито-леб; железо-оружје... може да се искористи со префрлањето на парите на фирмата за која се плаќа помал данок при преземањето на парите.[/u]

Така на пример доколку данокот за жито е 10%, а за храна 13%. Па ќе ги поставам моите жита на маркетот, но по повисока цена, за да не ми ги купи никој. Да претпоставивме дека сум купил жито за 100 МКД, па кога би го префрлал преку компанијата за жито би платил 10 МКД како данок, а доколку тоа го направев преку фирмата за храна би платил 85 МКД, што е разлика од 5 МКД, кој на подолго време, би била уште поголема.





- Продавам компанија за леб, со 4 лиценци(Македонија, Франција, Шпанија и Индонезија). Цена по договор. Контактирајте ме на овој акаунт

- Барам работници кои работат со 100 здравје и без бустери, плата по договор.

Компанија
Акаунт


- Би сакал да имам повеќе пријатели, ако може и некој sub на весников

Акаунт
Весник



Oва е местото за огласи, каде што некој можам слободно и бесплатно да го огласувам, доколку купува компанија, бара работници... Кој сака да се рекламира нека ми пиши во ПП, бесплатно е.




Напомена:Сите цени се во МКД


Цена на артиклите:


Инфлација во однос на минатата седмица:





50 Gold, сезона 1, дел 1

Како што знаете минатата недела излезе 3-тото издание на мојот весник, што и воедно беш мојата најуспешна статија со 531 гласови, а бројот на претплатени го зголемив за 400, па се надевам наскоро ќе го освојам ММ Медалот. Но не сакам сам да уживам во тоа, па затоа сакам да им помогнам на Македнците. Заради ова започнав ММ акција, која нареков “50 Gold“, затоа што ќе додавам 10 весници, на кои им недостасуваат околу 200 претплатници, па сакам да им помогнам и во промет да се пуштат нови 50 злата секоја недела, ако е возможно. Па еве ги весниците:

- MnM Newz - уште 192 sub до 4-рт MM медал
- The Macedonian Times - уште 131 sub до 3-ет ММ медал
- Dynamic entry - уште 1 sub до 2-ор MM медал
- Obazovanie - Makedonija - уште 89 sub до 2-ор MM медал
- BlackCatNews - уште 169 sub до 1-рв MM медал
- Pravda na Narodot - уште 138 sub до 1-рв MM медал
- Marino Times - уште 120 sub до 1-рв MM медал
- eMakedonija Vesnik - уште 95 sub до 1-рв MM медал
- Dneven Vesnik - уште 1 sub до 1-рв MM медал
- Crven Krst - Makedonija - уште 92 sub до 1-рв MM медал


Совет: Отворајте ги весиците со стегање на тркалцето, со што автоматски ги отварате во новви јазичиња, потоа стегајте Subscribe и исклучувајте ги јазичињата со Ctrl+W за да не го мрдате глушецот.

Внимавајте да не стегните Unsubscribe!!!


Претплатете се, затоа што некој ден можеби вашиот весник ќе се најде на листата.



1. Трговец кој продавал машини за чистење влегол во некоја нова зграда, мислејќи дека станарите имаат пари, па ќе има голема продажба. Тропнал на првата врата и само што му отворила некоја жена, а тој веднаш фрлил една свежа лепешка на тепихот. Жената викнала:
- Што правиш бре будало?
- А госпоѓо воопшто не се секирајте. Продавам машини за чистење, одма ќе го исчистам ова. Ако не биде како ново за пола саат, како пица ќе ја изедам лепешкава.
- Е добро…. одам јас по кечап.
- Зошто бе госпоѓо, не ми верувате?
- Абе верувам јас, ама струја уште ни немаат пуштено.

2. Љубовта неможе да се опише со 5000 зборови…. но може да се напише со 5 букви.

3. Цветко продавал чевли и влегла некоја госпоѓа и почнала да ги пробува. Земала некои помали и почнала со сила да ја пика ногата. Мачејќи се така, прднала. И тогаш Цветко и рекол:
- Госпоѓо, не се секирајте, кога ќе ви ја кажам и цената, ќе се испосерете!

4. Трпана му вели на Трпе:
- Е Трпе, Трпе, ниту кога беме млади не ми симнуваше ѕвезди, ниту кога се земавме, ниту пак до ден денешен ми немаш симнато ѕвезда.
- Па што да правам ма Трпано кога по огласи за работа никој не бара астронаут.

5. Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
- Имате ли некоја последна желба?
- Да. Ве молам држете ме за рака.