No more Mr. Nice guy [Време е да гледаме наши интереси]

Day 1,330, 06:46 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Прво да напоменам дека оваа статија не е на шала и долго време немам напишано некоја сериозна статија, повеќе тоа се должи на тоа дека сум немал некоја сериозна причина за тоа, но овој пат имам итоа каква сериозна причина.
Сигурен сум дека повеќето од вас го имаат прочитано логот кој излезе во јавноста вчера или завчера не сум сигурен, каде го пишува целосниот разговор помеѓу нашиот претседател Аминта и владата на Кипар. Мислам дека сега не е паметно во статијава да ви дадам линк од самиот лог, затоа што ќе се отвори голема дискусија и нема да го прочитате тоа што сакам да ви го кажам во оваа статија.
Сигурен сум дека повеќето од вас се сеќавате што се случуваше во времето кога Македонија се бореше против Грција... во тоа време ние решивме да бидеме добрите момци кои се борат против злото(Грција) и решивме да ги ослободиме териториите на Египет и Саудиска Арабија. Истото тоа и го направивме и Саудиска Арабија исто како и Египет беа слободни, но сеуште ќе ја имаа таа слобода да не беше Кипар, кој како паразити чекаа на готово да им ја ослободиме државата за после тоа тие на готово да си земат повеќе ресурси и сега уште да ни ставаат нож во грбот.

После оваа расправија во која ние им баравме да ни ја вратат услугата која им ја дадовме и испаднаа многу себични, а и самите се свесни дека ако ние не ги ослободевме тие територии, Кипар ќе си останеше само со нивниот остров на кој имаат 2 ресурса.

МОРАМ ДА ВИ НАПОМЕНАМ ДЕКА КИПАР И ТУРЦИЈА СЕ ДВЕ РАЗЛИЧНИ ДРЖАВИ ИАКО НА ВЛАСТ ВО КИПАР СЕГА СЕ ТУРЦИ СЕПАК ЕДНИТЕ СО ДРУГИТЕ НЕМААТ ВРСКА, АКО ГИ РАСИПАВМЕ ОДНОСИТЕ СО ЕДНИТЕ НЕ ЗНАЧИ ДЕКА ЌЕ ГИ РАСИПЕМЕ И СО ДРУГИТЕ, ИСТОТАКА МОЖЕТЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО ОБРАЌАЊЕ КАДЕ СЕ ОБЈАСНЕТИ ОВИЕ РАБОТИ

Целта на статијата не ми беше да ви објаснувам што и како се случува во односите со Кипар туку целта ми е да ви објаснам како тоа можеме да го свртиме во наша корист!!
Прво да ви ја покажам мапата па после ќе ви објаснувам што и како можеме да направиме:

Линк до сликата
Ете погоре можете да ја видите мапата со дел од териториите кои ги има Македонија (неможе сите да се опфатат затоа што имаме голема територија), погледнете ја убаво мапата и читајте тоа што ви го кажувам...
Прво да ви кажам дека и мене ми стана досадно да им ги задушуваме востанијата на Грците кои се покажуваат како сеуште недораснати за да се ослободат и исто така ми стана досадно во 31 регион да имаме само 5 ресурси кои ни се поврзани.
ДОСТА ГЛЕДАВМЕ ЗА ДРУГИТЕ, ВРЕМЕ Е ДА ГЛЕДАМЕ МАЛЦЕ ЗА НАС И СЕГА МИСЛАМ ДЕКА ОВА Е ПРАВИОТ МОМЕНТ.

1. Ослободување на Апулија
Ова е нашата прва можност да споиме повеќе ресурси, НО правејќи го тоа им отвараме вратата на Хрватска да не нападне и да ни направи животот многу потежок од сега и поради тоа според мене не треба да брзаме со враќање на Апулија, затоа што иако Грците имаат големи тешкотии во битките против нас, во комбинација со Хрватска може да ни направат шах-мат. Исто така сега е летен период, каде активноста е значително намалена и поради тоа сметам дека овој дел треба да се остави за некаде доцна есен (ако останатото оди како што треба).

2. Напад на Кипар
После тоа што ви го кажав во врска со Кипар погоре во статијата и како ни забодеа нож во грбот, мислам дека треба да ги научиме на една добра лекција, а тоа е да не се зафаќаат со посилни држави од нив. Иначе Кипар има околу 2000 жители(тие што имаат Кипарско државјанство) и неколку посилни тенкови. Ние од друга страна имаме 12 000 жители и повеќе силни тенкови, меѓу кои Скајмекс и Аексил Конг, кои се едни од посилните тенкови во оваа игра воопшто. Со ова сакам да кажам дека многу би било полесно за нас да тргнеме на Кипар отколку да ризикуваме да бидеме нападнати од Хрватска. Ионака Кипар не предаде и покажа неблагодарност кон нашиот подаркот кон нив и уште и праќаат лаги низ цел свет како ние ме им се заканувале. Епа штом сме им се заканувале и штом веќе праќаат такви лаги кон нас, барем да направиме тие лаги да изгледаат вистинито и вистински да ги нападнеме и да ги покориме и да споиме 8 ресурси со кои економијата во земјава ќе се качи на завидно ниво, а со самото тоа ќе се стабилизира монетарниот пазар и ќе имаме уште многу други благодети од овој напад, кој според мене не би требало да биде голем проблем!!!

Ова беше мое мислење ако сметате дека ова што го кажав е добро тогаш би ве замолил за шаут за да видат органите на власта моево мислење!!!

ЕДИТ: Заборавив да ви напоменам дека доколку одиме на 2риот предлог тогаш ќе мора да се префрли главниот град во оригинален регион а тоа секако ќе биде со давање на Умбриа и автоматски главен регион ќе биде некој од оригиналните регион, затоа што имаат највеќе жители.