Macedonian Sky Squadron

Day 3,681, 11:20 Published in North Macedonia North Macedonia by DespotMKD

Здраво еМакедонијо,

Во претходната статија веќе напоменав зошто мора да формираме и да истренираме добра авио единица. Со добиена авио битка, кампањата ја добиваме побрзо и помалце се трошат тенковите, кои подоцна штета можат да ја насочат и во други активни битки.

Досега во MSS сме 28 луѓе, се надеваме дека повеќе луѓе ќе се приклучат во иднина. Сите нови играчи и постари играчи чија штета е незначителна во тенковските битки, добро е што поскоро да тренираат во авионски битки.

Што се подразбира под тренирање во авионски битки ? Во овај момент тоа е трошењето на вашата енергија и штетата само во авионски битки. Енергијата се обновува на секој 6 минути, значи на секое целосно полнење - да се испука во авионски битки. Ако нема наша битка, тогаш во некоја од нашите сојузници. Пожелно е неколку пати во ден. Така побрзо би кренале ранк.

Друга работа што е пожелна секој да купи Q1 и Q2, со тоа би добиле 130 повеќе енергија. Со поените што ќе ги добивате од нив ќе можете да работите +2 пати во текот на 24 часа. То би било околу 900 мкд приход дневно заедно со работата, за 7 дена то е вкупно 6300 мкд. Q1 и Q2 се 1500 + 3000, тотал околу 4500 мкд. Значи секој играч би можел да си го дозволи тоа.

Во единицата ќе има чести поделби на храна на тие што им треба, сега веќе маркетот се стабилизира и храната од ден во ден е поефтина.

Имаме и вибер група за координација, па пожелно е секој член да се прилкучи и за дружба и за служба 🙂

Линк од MSS - Macedonian Sky Squadron
https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/6030/overview

Поздрав,
Деспот