Нова авио единица на Македонското небо

Day 3,662, 08:11 Published in North Macedonia North Macedonia by DespotMKD

Здраво Македонци,

Како што знаете моментало се одвива светска војна и скоро сите држави војуваат. Во вакви моменти можиме да процениме каде сме јаки и каде сме послаби. Во тенковските дивизии добро се покажавме (многу играчи се раскупакаа некако) 🙂 Слаба страна ни се авионските битки, некако повеќе се мачиме во тој сектор.

Добра вест е што сите нови и постари играчи што немаат доволно сила да претставуваат некаков фактор во тенковските битки, во авио битките можат многу полесно да придонесат. Ако нивната енергија ја насочат само во авио битки полесно ќе креваат ранк а со тоа и нивната штета ќе расте. Моментално се што треба е само консумирање на леб, нема оружје што го прави пукањето уште полесно т.е. има али не е некаков фактор и е многу скапо.

5 играчи немат да прават голема разлика, али 50 и те како поготово во вакви моменти како што е сегашнава ситуација. Со победи во авио битки значително би ја олесниле работата на тенковите со тоа што ќе имаат помалце битки за добивање и нивната сила и оружје ќе можат да ја користат во повеќе битки.

Затоа ние се решивме да направиме единица каде што повеќето играчи ќе може да приклучат и да се борат за еМакедонија, ДО ќе биде менувана за секоја авионска битка. Здравје боже ако се смени маркетот ќе има и донации на храна за новите членови да можат безгрижно да маваат во авионски битки и да креваат ранкови.

Авио секторот е прилично нов и има многу малце играчи јаки играчи на светско ниво. Значи и да се почне сега, за брзо време со поголема посветеност било кој може да стане фактор на бојно поле. Допрва ќе се пуштат центри за перцепција така да сите ќе сте во можност да кревате и на авио сила.

Отворено ги повикуваме сите нови и постари играчи кои немаат голема сила за тенковски битки да ни се придружат и заедно да направиме активна авио единица која ќе прави разлика во авио битките. Здружени сме посилни !!!

Секој заинтересиран може да пристапи на следниов линк:

https://www.erepublik.com/en/military/military-unit/6030/overview

Ве молам споделувајте ја статијава за да стигне до тие што треба.

Ви Благодарам,
Деспот