3 Нови Мисии + помош за извршување

Day 1,282, 09:10 Published in North Macedonia North Macedonia by MakedonecMKD









Поздрав Македонијо! Пред се, сакам да се извинам до моите читатели што не пишував деновиве, сепак одам во училиште, имам обврски... дрн дрн јариња 😃



Во оваа статија сакам да ви ги појаснам новите мисии но истовремено и да ви пружам помош со цел да ги извршите. Јас ќе ви помогнам, но сакам и вие да ми помогнете со тоа што барем да разберете дека не ви треба само на вас помош, туку и сакам да им помогнам и на останатите. Имајте малку етика и помошта која ќе ви ја испратам - оружје храна вратете ми ја за да ја препратам на другите. Ова не донесува до побрз развој на искуствените поени на Македонците и пред се на нивната сила. Ова е шанса нашите играчи побргу да напредуваат.






За овие мисии можам да ви помогнам со тоа што:

Ќе ви пратам 30 оружја, кои потоа треба да ги вратите за да ги дадам на друг.
Ќе ви пратам 50 лепчиња, кои потоа треба да ги вратите за да ги дадам на друг.





Мисија 30: Одбрани ја својата земја (I)

Се шират гласини дека некои луѓе се спремаат да ја нападнат вашата земја. Подгответе се со тоа што ќе тренирате посилно и ќе го чистите вашето оружје!
Забелешка: Мисијата е достапна до ден 1,288 - 00:00 (еРепублик Време)

Се бара да:
Тренирате 3 дена по ред. (Unlock: 69 Gold)
Да имате 30 оружја во вашето складиште. (Unlock: 19 Gold)

Можете да правите повеќе оружја со тоа што ќе изградите повеќе фирми за оружје.

Награди:
+15 Сила
+2 Искуствени поени





Мисија 31: Одбрани ја својата земја (II)

Тренирањето е добро за вас, но ќе ви треба многу повеќе од тоа! Треба да останете здрав, со што ќе ви треба повеќе храна.
Забелешка: Мисијата е достапна до ден 1,288 - 00:00 (еРепублик Време)

Се бара да:
Да вратите 500 здравје во 1 ден. (Unlock: 99 Gold)
Да имате 50 лепчиња во вашето складиште.

Можете да направите повеќе храна со тоа што ќе изградите повеќе фирми за храна.

Награди:
+25 Сила
+10 Искуствени поени





Мисија 32: Одбрани ја својата земја (III)

Непријателите ви се приближуваат, утепајте ги!
Забелешка: Мисијата е достапна до ден 1,288 - 00:00 (еРепублик Време)

Се бара да:
Да утепате 30 непријатели. (Unlock: 99 Gold)
Да се тепате 3 дена по ред. (Unlock: 99 Gold)

Влезете во бојното поле и утепајте најмногу непријатели што можете.

Награди:
+50 Сила
+5 Искуствени поени




ДОКОЛКУ ВИ ТРЕБА ПОМОШ, ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВО КОМЕНТАРИ!



Ваш,
MakedonecMKD