Афродизијак (Чоколадо)

Day 1,281, 05:11 Published in North Macedonia North Macedonia by 4eljo

Идеата за весников ја добив од тоа што ми здосади да читам статии за грци гага лебови, тенкови и што ли не. Така да воедно им благодарам на сите оние досадни статии. Ако ви се допаѓа статијата и сакате да продолжам знаете што треба... суб и воте 🙂



Афродизијак ја нарекуваме онаа храна која што ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир. Храната-афродизијак ја предизвикува или стимулира желбата за секс, а не ја подобрува способноста за сексуален однос. Афродизијак претставува храната, пијалоците, мирисите или разни други стимуланси кои можат да ја подигнат и стимулираат сексуалната желба. Миризбата, вкусот и изгледот на одредена храна исто така може да делува како ефективен афродизијак, не само за создавање на расположение, туку и за флертување и водење на љубов. Различните храни содржат различни хранливи материи и супстанции кои влијаат на телото на различен начин.


Чоколадото отсекогаш се асоцирало со љубовта и романсата... Чоколадото содржи фенилетиламин и серотонин, супстанции кои се произведуваат во мозокот кога се чувствувате среќни, возбудени или исполнети со љубов. Иако чоколадото често се избегнува поради фактот дека „дебелее“, тоа може да стане најдобриот наш најдобар пријател. Во чоколадото има состојки кои во телото постигнуваат ефект сличен на оној кој настанува после доживувањето на оргазам, бидејќи овозможува чувство на благосостојба и возбудување.



п.с. за поголем ефект конзумирајте чоколада со 70%+ какао во неа 😉))
продолжение за 2-3дена 🙂