08/01/2011 - ПОМОШ ЗА НОВИТЕ ИГРАЧИ (ТУТОРИЈАЛИ) + АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА!!

Day 1,145, 08:21 Published in North Macedonia USA by MKConqueror

Здраво еМакедонци,


Во денешниов артикл ќе прочитате анализа на состојбата во еМакедонија. Ќе се погрижам да го задржам вашето внимание. Како што знаете имаме Бејби-бум, па во овој артикл ќе изнесам некои битни информации за нашите бебиња. НЕ БИДЕТЕ КАКО УЧЕНИЦИ, КОГА ЌЕ ВИДАТ МНОГУ ТЕКСТ СЕ ОТКАЖУВААТ xD

За бебињата

Здраво на сите бебиња. Мило ми е што вакво нешто се постигнува. Овој артикл го пишувам зошто ми беше многу многу тешко да се снајдам јас кога бев бебе... Таа збунетост, дезориентираност, неописливо нешто. Како би ви помогнал да се вклопите во новиот свет ви предлагам да прочитате некои туторијали од министерство за образование. Читатјте ги сите статии од овој весник почнувајќи од последната статија, т.е. по ред како што ми се наредени линковите одозгора надолу.
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1629926/1/20
http://www.erepublik.com/en/newspaper/obrazovanie-makedonija-215294/4
http://www.erepublik.com/en/newspaper/obrazovanie-makedonija-215294/3
http://www.erepublik.com/en/newspaper/obrazovanie-makedonija-215294/2
http://www.erepublik.com/en/newspaper/obrazovanie-makedonija-215294/1
Статија отворате со клик на насловот. Првата што треба да ја прочитате глси : „Добредојдовте - туторијал за новите играчи“ Ова многу многу ќе ви помогне. Со ова нема да ги замарате пријателите да ви објаснуваат итн. Има повеќе министерства, ама со тек на време ќе истражите све xD



Економија

Околу економијата вака стојат работите. Знаеме дека е војна, и има некои збрки во истата. Просто, неможам да поверувам, ама нема куќи на пазарот. Од кога играм, пазарот бил преполн со куќи, никој не купуваше, а сега има само 3 xD. Страшна работа. Лебот е изгор скап. ОГИН. С(Т)рамота за производителите. Да беше ова во реалниот живот, ќе ги каменувавме... Па луѓе, во еСрбија лебот е дупло поефтин, а они се нонстоп у војна. Што ако сега се збогатите, а подоцна тие пари како данок ги платите на туѓите држави? Има некое фајде (народски кажано). Билетите се стабилни, се движат од 9-10МКД, што не е воопшто нестабилно. Немам никаков коментар околу оружјата. Од време на време се појавуваат некои ефтини, ама мало важи е тоа. Суровините се движат 0.07-0.08, зависи од натрупаноста на пазарот. Е сега, златото е 10xМНОГУ нестабилно. Се движи од 28.5, до 30,5 МКД... Вавко нешто... Во понудите за работа има нелогичности помеѓу прв левел скил и втор левел, како и секогаш. Всушност надоместокот за работење секогаш е повисок за прво ниво одколку за второ. А пак трето ниво е пониско и од прво и од второ xD. Си играат играчки работодавачиве... Дури и за четврто ниво е понизок надоместокот од прво ниво...



Политика

Како што знаете сме во војна со еБугарија. Јас, лично, сум песимист. Вчера кога почнавме ги растурифме, 2-0, неможеа глава да кренат, ама денеска ситуацијата е поинаква. Нема организација во еМакедонија сеуште. Јас сум член во македонско-србска единица, и кога се бориме за србија, се е организирано безпрекорно. еСрбија може да се пофали со своите преку 200 активни војници, од кои 150 се скоро секогаш тука... И замислете кога се собираме 200 војници и сите удираат одеднаш во последната минута. Па проивниците немаат време да делуваат, тоа е лудило. Али, и ние сме добри, ова е само прва битка за македонските еГраѓани... Со тек на време ќе се најачаме и ние како србите. Им се восхитувам како делотворно работат на нивните фронтови... Кај нас на каналот #eMKD на ризон има многу желни за борба, преку 250 секој момент, ама нема разбирање од команди. Денеска може ќе ја изгубиме биткава, ама не е загубен светот, да знаете. BTW, им честитам на јакиве играчи што го смолкнаа BattalGazi кај нас во еМакедонија, човекот парче праи. Му се восхитувам xD. Околу законите што се носат нема да коментирам, освен по предлогот кој го прочитав вчера дека треба да се намалат увозните такси на храната како би се турнала цената на храната во време на војна. Тоа е нај нај идеата за вчера.



За крај
За крај би сакал да апелирам до бебињата да не се борат во никој случај! Многу ќе се изгорат така и ќе ја откажат играва.

Please: Vote доколку сметаш дека треба и другите да прочитаат особено бебињата, и Sub. за понатамошни содржини.

Со почит, ваш CosmoKid информатор


P.S. Голема благодарност до Сител ТВ.