Објаснување околу Државната Армија! [VOIX]

Day 1,696, 05:53 Published in North Macedonia North Macedonia by Voix of Macedonia

Здраво Македонијо!

Пред неколку дена ја напишав статијата околу Државната Армија со која се започна на големо да се размислува околу создавањето на Армија која ќе биде водена од страна на владата на еМакедонија. Пред некој ден од страна на владата напишаа и анкета каде што не беше баш најдобро објаснето кои ќе бидат условите и што ќе се добива со влегување во државната војска!

Читав во коментари и видов дека на многумина не им е јасно што ќе се случува со таа армија, па затоа би сакал поубаво да ви објаснам што се ќе се добие во таа Државна Војска!

Зголемување на даноците!

Ова е најболната и најтешката точка од сите чекори за создавањето на Армијата, НО исто така е и најважна точка затоа што без ова Државната армија ќе си остане само сон!

Секако и за тоа ќе биде детално разгледано, затоа што свесни сме дека за 2 дена неможе да направиме државна војска, НО секако некогаш и од некаде мора да се почне. Нема да должам многу околу даноците, затоа што не сум и многу запознаен за тоа колку би требало да се зголемат даноците и такви работи затоа што не сум запознаен во врска со тоа...

Условите и добивки за влез во армијата!

Овој е тој чекор поради кој највеќе ја напишав статијава. Гледав многу збунети во врска со овој предлог и затоа се решив поубаво да ви објаснам.
Како прво нема да има потреба да се работи во фирми за минималец. Тоа значи дека секој ќе си работи каде сака и не е обврзан да работи каде што е наредено. Околу 30те тенкови на ден кои би можеле да се земат...
Видов дека за ова дојде најголемата забуна. Сигурно не сметате дека само со членување во армијата ќе си земете 30 тенка на ден и толку... Значи со самото тоа што нема да работите за минималец, а ќе работите за нормална плата (250 МКД во моментов) ви носи доволно пари за да си купите 7 тенкови. За секој член во војската секој ден ќе добива по 5 тенка со самото членство во Армијата (7 + 5 = 12) што би ви донело 12 тенка секој ден.
Доколку нема тешки битки вие ќе ги добиете тие тенкови, НО доколку имаме потешки битки, тогаш членовите ќе бидат опремени фул на секој удар што ќе биде направен од страна на владата... Доколку присуствувате на сите удари може и 40 тенка да добиете.
Секако ова се само првични планови и за понатамошниот развој на Државната Армија ќе биде посебно дискутирано...

Секако морам да напоменам дека нема посебно да се бираат членови за Армијата, туку сите кои што се активни и заинтересирани за следење наредби ќе бидат дел од оваа Државна војска.

Засега толку за понатамошните планови ќе бидете известени!

Поздрав!