Државна армија, продолжен мировниот договор [Министерство за Информирање]

Day 1,694, 09:56 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




1.Воведување на државна армија
2.Продолжување на мировниот договор со грција




Поздрав еМакедонијо

1.Воведување на државна армија

Како што кажува насловот на првата тема во оваа статија се работи за воведувањето на државна армија која би била финансирана од страна на државата. Доколку некој се нафати да биде дел од оваа државна армија ќе биде потребно да излезе од својата досегашна единица и да се приклучи на државната единица. Во почетокот нема да биде обврзан да работи во државни фирми додека не се прецизира тоа прашање дали ќе постојат тие државни фирми. Поради финансирањето на државната армија ќе биде прекинат рефиндот кој го добиваат сите единици и овој рефунд ќе биде стрикно наменет за потребите на државните единици. Секој војник би добивал по 30 тенка доколку имаме наша битка, но доколку немаме наша битка тој рефунд ќе биде помал.

Ние како Министерство ќе им дадеме прво шанса на граѓаните на еМакедонија да се изјаснат преку кратка анкета дали сакаат да се воведе оваа државна армија.

Би ве замолиле сите кој што можат да се изјаснат за да добиеме што поточни резултати и да видиме дали се сложувате со оваа идеа.

Линк од анкетата - http://tinyurl.com/d26gztd



2.Продолжување на мировниот договор со грција

Како втора тема на оваа статија и информација која треба да ја знаат граѓаните на еМакедонија е дека е продолжен мировниот договор со грција уште за 1 недела и тој ќе трае до 1701 ден 00:00h според еРепублик време. Во овој договор стои дека ни ние ни грција нема да нападне до завршување на овој договор предвиден во временскиот период од 1 недела. Со ова добиваме можност да размислуваме за нови походи но и за освојување на нови ресурси.



Официјален канал на Министерството за Информирање е #emkd-info



Министерство за Информирање:

Министер за Информирање: svetecot

Заменици Министри: Girl from MACEDONIA, Zlatko Kaskarevski и Wendy Power.