Интервју со Трте Пуфков (Romb0)

Day 1,261, 15:02 Published in North Macedonia North Macedonia by dimeski

Кој срејќник сум јас. На мојата прва статија во која што едноставно сакав да се изнаправам муабет бла бла бла бла го пронајдов мојот соговорник-ТРТЕ ПУФКОВ. Тој е мојот идол, а воедно и ментор кој што ми помагаше уште од моите еБебешки возрасти па и сега а се надевам и во иднина.Тој денеска е нашиот заменик МИНИСТЕР за одбрана и член на паравоената единица ArMakedon. А сега да преминиме на главното.

Јас: Најпрвин ти благодарам што го прифати мојот предлог за интервју.
Tрте: Ти благодарам за понудата за интервју, ова ми е прва понуда за интервју и се чуствувам почестен да одговорам на прашањата.
Јас: Moжеш ли да ми кажеш нешто во врска со твојот РЖ?
Трте: Јас сум од Кавадарци и имам 26 години, работам а воедно сум и на последипломски студии, инаку сум голем зависник од Ереп 😃
Јас: Кога започна да играш ерепублик и што те поттикна да играш?
Трте: Започнав да играм на 17 Октомври ,после првиот прилог на Сител телевизија. Причините да почнам да играм со играта беа пред се патриотски,а имав претходно слушнато за играта како била доста интересна пред се заради тоа што многу RL работи се отсликуваат.
Јас: Колку часа дневно посветуваш на ерепублик?
Трте: Дневно играм од 12-16 часови, затоа што и работата ми е пред PC па чат-пат погледнувам и во играта 😃
Јас: Дали некогаш си купил голд со RL пари?
Трте: Два пати имам купено:
-Првиот пат кога беа попустите за надоградување на фирмите
-Вториот пат кога имаше 30% повеќе за купено злато(не кажувај на некој што ме знае оти готов сум 😃)
Јас: Кое е твоето мислење за еМакедонија во овај можам да речам кризен период?
Трте: Имавме мали кризи пред се поради тоа што бевме нападнати од 3 страни(italia,francija и bugarija –намерно се напишани со мали букви) и малку ни гореше под нозете меѓутоа со добра надворешна политика и потези кои ќе се покажат во иднина како едни од најдобрите , успеавме да се стабилизираме. Сега останува да го завршиме планот (кој требаше да биде таен 😃) и да ги вратиме оригиналните територии.
Знам дека после овој одговор ќе има доста нагодувања, меѓутоа мое мислење е дека направивме вистинска работа.
Јас: И за крај што сакаш да му порачаш на другите играчи на ерепублик?
Трте: На другите играчи би им порачал да не ја земаат играта премногу при срце(сепак е игра 😃) и да работат за доброто на МАКЕДОНИЈА 😃


Нека ни е здрав и жив
P.S Голем патриот е 😃
Please shout this : Интервју со Трте Пуфков
http://www.erepublik.com/en/article/-1-1765699/1/20