Предизвиците на новиот претседател

Day 1,262, 04:23 Published in North Macedonia North Macedonia by pesticid

Денеска како што знаете е ден за избори емакедонци. Овојпат тие за нас се од суштинско значење, затоа што со предходните имавме доста турбуленции кои од просперитетна еМакедонија не фрлија во расол.
Што е она што ке го одбележи мандатот на новиот претседател? Тоа се две работи. Првата и полесната е целосно бришење на Италија, што веке полека но сигурно се реализира, со една мала сугестија и забелешка која не доаѓа само од мене, туку од повекето македонски е жители- да се земе Лигурија од словенците за да си ги споиме реоните. И втората работа која е најжешкиот костен што некој од нашите досегашни претседатели го имале во својот мандат: враќањето на оригиналните реони на нашата земја.

Бугарите се лути и овојпат нема така лесно да ја повратиме нашата територија. Ќе ни треба многу среќа во дипломатијата а и помош од сојузниците особено од нашиот северен сосед Србија, но за сега и тие се растргнати на своите бојни полиња, така да тоа нема да биде нималку лесно ни наивно.
Познавајки ги симпатиите што еден од кандидатите ги ужива, сосема извесно е дека тој ќе го освои мандатот и ќе дојде како победител. Но проблемот е што ако не успее во она што погоре го кажав? Што ако не успее да го реализира тоа што го вети и што цела еМакедонија го очекува од него, дали тоа ке значи негов срамен крај и губење на авторитетот што го ужива?
Дали ново-стариот претседател Струмјан ќе го заврши и овој мандат како херој на емакедонците или ќе ја изгуби довербата и ќе замине како лузер преостанува да видиме во месецов што ни претстои.